Адриатик Маврово - Скопје

Телефон: 
+389 (0) 2 3230 600
Емаил: 
Info@adriaticmavrovo.com.mk
За Нас: 

Агенцијата е основана на 8-ми Јуни 1989 година, тоа е ПРВА приватна Туристичка Агенција, основана во тогашна С. Р. Македонија, како дел од историјата на туризмот во Македонија. За потсетување, за прв пат во Македонија "Путник" отвара државна туристичка агенција 1949 година. Станува поинтересно, кога ќе Ве потсетиме дека агенцијата е постара и од самата држава, Република Македонија, која постои од 1991 година. Агенцијата е лиценцирана со "А" лиценца и се наоѓа во во центарот на градот. Најголемиот дел од активностите се за надворешен туризам: Зимски и летни програми, по кои е позната и надвор од државата, особена специјалност се Балканските држави. Исто така остварува многу деловни контакти со многу прекуокеански држави, посебно Австралија, САД, Јапонија. Со љубезниот персонал може да комуницирате на повеќе балкански и светски јазици: Англиски, Француски, Српски, Бугарски, Хрватски, Грчки ... Ве очекуваме !