Записник бр. 18

ЗАПИСНИК бр. 18
Бр. 02-5/1
26.02.2013 г.
На 25.02.2013 год. во просториите на Комората се одржа осумнаесетата (18)  седница на  Управниот одбор.
Составен дел на овој записник е листата за присуство на членовите на У.О.  согласно членот 21 став 2 од Деловникот за работа на У.О.  и листата на поканети преставници од органите на СКТМ при што се создадоа услови за отпочнување на седницата по предложениот:
Дневен Ред
     1. Свикување Собрание на СКТМ
           – утврдување датум за Собрание
           – усвојување локација на Собрание
            предлог дневен ред за Собрание
     2. Активности околу организација за прослава на 5 години од постоење на СКТМ
     3. Номинирање на членови и заменици во Комитетите при НСПК
     4. Разгледување на Заклучок од 17-та седница за учество Скопје Травел Маркет 2013
     5. Разно
Точка 1 и 2  
Врз основа на Заклучок на 17-та седница, произлезе потреба од свикување на Собрание. Одборот на СКТМ му предложи на Претседавачот на Собранието да закаже Собрание на СКТМ на 26 март 2013год. Работниот дел на Собранието да биде истиот ден кога би се славел јубилеј на СКТМ ( 5 години), на предлог на г-дин Панче Трајковски и комуникација со Хотел Континентал каде условите би биле идентични како и во Хотел Вип, користење на Сала за работен дел и за свечен дел да биде бесплатно а коктелот да го покрие СКТМ. Се дискутираше за Предлог Дневен ред за 9-то Собрание, и околу потребата за измена и дополнување на Статутот на СКТМ-  извршниот директор на СКТМ  да ја застапува комората во Централен Регистер. Врз основа на консултација на Законот за Комори од 2011год. се заклучи дека е потребно да се добие мислење од Централен регистер на Р.М.
Заклучок: 
Терминот за одржување на 9-то Собрание на СКТМ 26.03.2013, организирање на прослава на 5 години од формирање на СКТМ 26.03.2013год.
Локација – Скопје Хотел Континентал или Хотел Вип. Да се оствари средба со Хотел Континентал за договор околу коктелот. Да се побара и понуда од Кетеринг компании и да се одлучи. Преговарачи за деталите и одлука за локација назначени се:
  • Лела Крстевска
  • Панче Трајковски
  • Ангел Иванов
  • Татјана Перовиќ- Митрова
Да се побара мислење од Централен Регистер на Р.М.  во врска со член 19 од закон за комори- овластено лице за застапување на комората. Емил Димитровски, Ѓорги Вчков и Татјана Перовиќ-Митрова да остварат средба со претставници од Централен Регистер на РМ и да завземат став околу измените на Статутот на СКТМ кој ќе се достават до законодавно-правната комисја на СКТМ.Врз основа на добиеното мислење да се изготви Нацрт Предлог за Измена и дополнување на Статутот на СКТМ.
Се предложи  нацрт Дневен Ред за 9-то Собрание
     1. Усвојување на Записник од 6-то и 7-мо Собрание на СКТМ
     2. Извештај за работата на Управниот одбор на СКТМ за период меѓу две Собранија Октомври 2012год. - Март 2013 год.
     3. Финансиски Извештај на СКТМ –  за 2012 год.
     4. Програма за работа  на СКТМ за 2013 год.
     5. Избор и разрешување на членови на Надзорен Одбор            
     6. Одлука за измена на Статутот на СКТМ ???
Се задолжува Татјана Перовиќ Митрова до 09.03.2013. материјалите по предлог дневниот ред за собрание на СКТМ да ги достави до членовите на У.О.
На 11.03.2013год.(понеделни) да се закаже седница на У.О.  усвојување на  материјалите за Собрание.
Да се изготви предлог- сценарио за одбележување на јубилејот на Комората.
Да се изготви допис до членките кои  се заинтересирани да ја потпомогнат финасиски организацијата на прославата на СКТМ.
Точка 3
СКТМ е член и основач на НСПК ( Национален совет за претприемништво и конкурентност на Република Македонија), кој во својата организација за делување формираше 5 комитети и 5 работни групи за кои Комората во декември 2012год. номинирше свои претсавници. Во период од 22-25 февруари се одржаа седници на Комитети и работните групи каде беше договарано дека на секоја  членка основач на НСКП во комитетите да биде застапена со член и заменик член , како и на седниците секогаш да има претсавник од оснивачите на НСПК. Досега имаме претставници во:
    - Комитет за МСП и занаетчии  -претставник Татјана Перовиќ- Митрова
    - Комитет за домашни и странски инвестиции – Лела Крстевска , заменик Панче Трајковски
    - Сектор туризам работна група – Лела Крстевска , Татјана Перовиќ-Митрова
Заклучок:
     1. Комитет за МСП и занаетчии  -претставник Татјана Перовиќ- Митрова, заменик Мартин Петковски
     2. Комитет за домашни и странски инвестиции - Лела Крстевска , заменик Панче Трајковски
     3. Комитет за човечки ресурси- Соња Митриновска Боева
     4. Секторски комитет со пет работни групи со следните сектори
  • Сектор туризам-  Татјана Перовиќ Митрова, Емил Димитровски
  • Сектор земјоделие и преработка на земјоделско производство – Горан Јаневски
  • Сектор услуги и логистика – Ѓорги Вчков Комитет за технолошки развој -
      5. Комитет за технолошки развој -
       Да се номинира и писмено да се информира канцеларијата за логистика на НСПК, според пријава како следи.
Точка 4
Од донесување на Заклучок на 17-та седница на У.О. одржана на 18.02.2013год. СКТМ не прифаќа да учествува на Скопје Травел Маркет 2013год. како соорганизатор, повеќе членки на СКТМ побараа да се преиспита одлуката на У.О. за евентуално учество како соорганизатор на претстојниот  Скопје травел Маркет реферираше Татјана Перовиќ-Митрова.
Заклучок:
У.О. на СКТМ не ја гледа причината за учество и организација на Скопје Травел Маркет 2013год. како соорганизатор. Секоја членка на СКТМ доколку сака може да учествува како излагач на Скопје Травел Маркет.
Седницата отпочна во 14,00 часот, а заврши во 15,45 часот.
Записникот го изготви                                                    Претседател,
Татјана Перовиќ-Митрова                                             М-р Лела Крстевска
 

 





<< Назад

 

 

Top