Записник бр. 20

ЗАПИСНИК бр. 20
Бр. 02-13/1
21.05.2013 г.
На 20.05.2013 год. во просториите на Комората се оддржа  дваесет и втората (22)  седница на  Управниот одбор.
Составен дел на овој записник е листата за присуство на членовите на У.О.  согласно членот 21 став 2 од Деловникот за работа на У.О.  при што се создадоа услови за отпочнување на седницата по предложениот:
Дневен Ред
     1. Усвојување на Договор за соработка со ТТЦ, посредување на СКТМ – нова услуга на СКТМ
     2. Усвојување на Дописи подготвени од Правниот застапник –Комисија Летс Травел случај
     3. Изготвување мислење врз основа на барање на членка на СКТМ
     4. Информација за состанокот со Заменик Министер за Економија
     5. Информација за состанокот со Секторот инспекција при Град Скопје
     6. Информација од Состанокот за измени на Законот за работни Односи
     7. Информација од Состанок – дебата измени на Законот за авторско право и сродните права.
     8. Разно
Точка 1
Предложениот договор за соработка односно посредување го презентираше г-дин Пешевски бидејќи идејата за дополнителна услуга која би можела да  се нуди на членките на СКТМ  е поради  тоа што ТТЦ – Савана доби акредидатција за авторизиран обучен центар од ИАТА. Можноста да вработените на членките на СКТМ, добијат поволни услови е презентирано токму со Договорот за соработка со СКТМ, со промовирање на курсевите на ИАТА од Авторизираниот центар ИАТА- ТТЦ Савана доо.Претседателот на СКТМ г-ѓа Лела Крстеваска ја поздрави иницијативата за соработка и упати честитки до Савана за вклучување  во образовниот систем и  подигање на квалитетот на знаење на туристичките работници преку обуки. Г-дин Ѓорги Вчков ја поздрави иницијативата за Договор за соработка со СКТМ, и предложи да  ваков тип на Договор се подготви и со Македонија Сообраќај А.Д. каде членките на СКТМ ќе можат да ги користат поволностите за поврат на ДДВ од Странски земји, и поволностиои на Обучниот центар на Македонија Сообраќај.
Заклучок: 
Со акламација усвоена идејата за Договор за соработка. Договорот да се достави до Законодавно правната Комисија- за мислење и најддоцна до 24 мај 2013 год. Комисијата да се произнесе како би се подготвил Договорот за потпишување.
Точка 2
Татјана Перовиќ-Митрова го презентираше подготвениот Допис од Правниот застапник, ангажиран за случајот Летс Травел одобрен преку Комисија за Летс Травел. г-дин Касам Шаќири –член на Комисијата случај Летс Травел, како и г-ѓа Лела Крстевска сметаа дека Дописот со наслов Барање за закажување на состанок со Министерот за Економија на Р.М., би требало да се преформулира односно да се изготви Допис до Министерството за Економија како Потсетување на Случајот Летс Травел, да се поврзе со нашиот допис од Август 2012год. во кој ќе се побара што е досега превземено. Да се задолжи Претседателот на Комисија г-дин Мартин Петковски да го изготви дописот и да го извести У.О. до каде е постапката за случајот Летс Травел до наредната седница на У.О.
Заклучок:
Едногласно усвоено да не се прифати дописот од Правниот Застапник, а да се изготви допис кој ќе има елеменити на постетување на ,,Случајот летс травел,, и неговото разрешување. Изготвениот Допис да се испрати како копија до сите чинители кои беа информирани односно пфатени во Дописот на СКТМ од август 2012год. Да се извести Претседателот на Комисијата за задолжението.
Точка 3
Од наша членка добивме барање за појаснување на термин,, шветска маса,, како институција која може да даде експертско мислење кое ќе послужи во Сутска постака. Комората како институција и институтот Суд на честа при СКТМ е токму местото од каде би требало да се даваат одредени мислења- експертизи, кои ќе можат да послужат како доказ релевантен во случај на спор, појасни Претседателот на СКТМ. Во процедурата би требало дописот да се проследи до Судот на честа, со образложение дека за доставување на Мислењето до членката треба да ја консултира експертката комисија  во состтав
1.Панче Трајковски
2. Сашо Коруновски
3.Лела Крстевска
4. Стеван Пешевски
Заклучок:
Едногласно се усвои пристапот и постапката за изготвување на мислење по барање на наша членка на СКТМ.
Точка 4
Информацијата за состанокот со Заменикот Министер за Економија ја поднесе г-дин Стева Пешевски, кој беше присутен на состанокот со Заменик Министер. Тој го изрази своето позитивно мислење во подготвеноста на Заменикот министерот да се впуши во разрешување на отворените прашања кои се разговараа на состанокот како што се:
1. Полиса за осигурување од дејност, да се организира доплнителен состанок со негово посредување со инсититуции надлежни за осигурување.
2. Општите услови за патување да добијат третман на Подзаконски Акт.
3. Надлежноста на инспекција и надзор да се дефинира односно допрецизира во делот на Државен пазарен инспекторат и на локално ниво инспекциската служба( права и обврски )
4. Ревидирање на Законот за Туристичка дејност – во работна група да има наш член.
Заклучок
Едногласно увоена информацијата со задолжение на стручната служба да достави ургенција на одговор на наш допис од февруари 2013год. кој се однесува на барање за вклучување на наш член во работна група за ревидирање на Закон за Туристичка дејност.
Точка 5
Информација од состанокот со сектор за инспекциски надзор на Град Скопје, ја презентираше г-дин Стеван Пешевски и Татјана Перовиќ-Митрова.Г-дин Стеван Пешевски  потенцираше дека иако Град Скопје секторот за инспекциски надзор согласно заклучок на Влада на Р.М. од ноември 2012год. да оствари соработка со СКТМ за вклучување на волонтери – членови на СКТМ поради поефикасно извршување на задачата на инспекторот за угостителство и туризам во Град –Скопје, немаат надлежност да пренесуваат право на волонтери(согласно законот за инспекција).По оддржаниот состанок и координацијата со Претседателот на СКТМ, извршниот директор превзема иницијатива со Изготвување на Допис до Градоначалникот на Град Скопје и доставување на нацрт верзија за Меморандум за соработка помеѓу СКТМ и Град Скопје. Се очекува до крајот на месец мај Правниот сектор од Град Скопје да се произнесе по текстот на Меморандумот за соработка, кој за жал е проследен до овој сектор на 15мај 2013год. Подготвеноста и интересот (од усмена коминикација со секторот туризам од Град Скопје) за соработка со задоволство прифатен но официјализација се уште е неизвесна.
Заклучок
Едногласно прифатена Информација, со задолжување на Извршниот директор да побара средба со Градоначалникот на Град Скопје преку шефот на кабинет, за да се презентра идејата на соработката и значењето на Меморандумот за соработка
Точка 6
Информациајата за одржаниот состанок со Министерот за Социјала и Труд по однос на новите измени на Законот за работни односи, поднесе г-дин Касам Шаќири и појаснување даде г-дин Панче Трајковски кои присуствуваа на тој состанок како претсавници на СКТМ и НСКП. Воведување на институтот сезонска работа, безбедноста и здравјето при работата, како и во сферата на дискриминацијата на жените во работниот однос.Во измените на Законот за работни односи има се уште недоречености, недопрецизираење на пооделни членови кои се во интерес на бизнис заедницата од туризмот, каде комората ќе треба да достави свое мислење и предлози, но најнапред секој треба да го разгледа Законот за работни односи, бидејќи тој е основа каде работодавачите можат да сносат санкции и казни од непочитување на одредбите.Г-дин Панче Трајковски потенцираше како е пресметување на прекувремени часови и колку часа е дозволено неделно односно месечно. Работна недела од 40 часа законски дозволен максиму на прекувремени часови се 15 часа неделно, што секој работодавач мора да внимава при пресметката за плата. Сезонските работници неможе да бидат плаќани на час туку повторно на 8 часа и тие мораат да бидат пријавени во АВРМ
Заклучок
Едногласно усвоена Информацијата, со задолжување да текстот на Законот да биде испратен до членовите на У.О. за да се утврдат областите во кои СКТМ, би дала мислење и евентуално решенија по конкретен член од Законот.
Точка 7
Информавијат од присусвото на дебата за Измени и дополнување на Законот на авторско право и сродните права ја презентираше Татјана Перовиќ-Митрова. Таа информираше дека белешка од состанокот е доставена до секторот хотелиери со нацрт верзијата на предлог Законот.Мислењето по предлог Законот треба да се достави најдоцна до 27 мај, ако членките на конкретните предлози имаат мислење. До денес бидејќи никој не дал свој коментар ќе се консултира со правниот сектор на Македонија Турист, заеднички ќе го разгледаат предложениот текст и ќе изготват заедничко мислење кое ќе биде доставено до членките на СКТМ за информирање бидејќи сега е моментот да одредни одредби од Законот, се преформулираат кои даваат за Право на ЗАМП и ММИ во Тарифите, а членките на СКТМ доставија мислење до министерствот за Култура на неколку наврати во 2012година
Заклучок
Информацијата едногласно усвоена, да се продолжи со изготвување на забелешки и мислење со правниот сектор на Македонија турист.
 Точка 8
  • Активирање на web-strana на СКТМ и Хостинг. Согласно Програмата на СКТМ и Заклучок на У.О. на 17.05.2013год. се разреши проблемот со хостингот на страницарта на СКТМ. Цена на хотирање на годишно ниво изнесува 3.800,00 денари. Провајдерот Мак домен кој го превзема хостингот на нашата страна има предлог да ни ја редизајнира странта, каде со нови алатки би можеле самостојно да ја ажурираме страната, пристап преку мобилна телефонија, Facebook, Twitter  и Google линкови каде цената би изнесувала за првата година 10.000,00 денари Хостинг и редизајнирање, а во следните години цената за хостинг и одржување би била 5.990,00 денари, со пресметан ДДВ.
Г-дин Ѓорги Вчков смета делка страната на СКТМ треба да има можност за комерцијални цели, во смисла на поставување на баери-реламни каде за тоа би се наплаќал просторот, и од овие причини треба да се прифати редизајнирање на страната на СКТМ и да се утврди цена за банер на годишно ниво за членкие на СКТМ и други компании кои би се рекламирале на страната на СКТМ. 
Заклучок
Начелно се прифаќа редизајнирање и хостинг на веб-страната, да се побара понуда од Мак хостинг специфицирано вредност на хостинг и редизајнирање на страната, и дополнително уште две понуди од други провајдери за редизајнирање на страната.У.О. да достави писмена согласност, за избор на компанија согласно добиените понуди.
  • Условите  предвидени во Тендери во делот на услуги, со нераелани провизии.
Огласите за тавни набавки во делот на услугите а особено во делот на набавка на авио билети за институциите има елемнти на нелојална конкуренција преку провизии пресметани во понудата на цените каде тендерот се добива по основ на најниска понуда, кој параметар не соодветсвува во продажба на авио билети,а и во поголем дел на услуги
Заклучок
СКТМ трба да изготви допис со образложение и да го достави дописот до Комитетот за туризам и Бирото за јавни набавки, за да се спречи повеќегодишна заблуда на учесниците на Тендерите, и простор за манипулација
Седницата отпочна во 14,30 часот, а заврши во 17,00 часот.
Записникот го изготви                                                    Претседател,
Татјана Перовиќ-Митрова                                             М-р Лела Крстевска
 

 





<< Назад

 

 

Top