Записник бр. 25

ЗАПИСНИК бр. 24
Бр. 02-22/1
18.10.2013 г.
На 17.10.2013 год. во просториите на Комората се оддржа  дваесет и петета (25)  седница на  Управниот одбор.
На седницата беа поканети и членови Н.О. претседавачот на Собраниети на СКТМ како и г-дин Ареније Јаневски
Составен дел на овој записник е листата за присуство на членовите на У.О.  согласно членот 21 став 2 од Деловникот за работа на У.О.  при што се создадоа услови за отпочнување на седницата по предложениот:
Дневен Ред
1. Информација од Седница на Н.О.
2. Предлог термин за одржување на 10 Собрание на СКТМ
3. Информација за потпишување на Меморандуми за соработка –ДЗЛП, Град Скопје
4. Информација од досегашните активности за  Измени  на Законот за туристичка дејност
5. Предлог проект  Обуки за водичи
6. Проблеми Хотел Вип – УЈП, предлози за иницијатива
7. Став за Соработка со ОПМ- Права и обврски на Потрошувачите, Задолжителна медијација во споровите
8. Разно
Дневниот ред беше едногласно усвоен, со забелешка на редоследот на точките на дневен ред кој е забележан и подредно во записникот како е усвоено
Точка 1
Информацијата за Седницата на Н.О. ја поднесе г-дин Милан Врзел член на Н.О. Тој во своето излагање даде информација за седницата одржаната седница, согласно овластувањата кои произлегуваат од  Статутот на СКТМ. Се дискутирало за две точки и тоа: Редовноста на членовите на У.О. и примената на Правилникот за работа на У.О. во делот постапување на членови кои не се редовни, ова е релевантно за подготовка на Престојното Собрание на СКТМ при предлагање на кндидати за членови на У.О.
Втората точка - наплата на чланарината на СКТМ,врз основа на листи за 18 членки кои немаат платено чланарина за 2012година и 2013година. Предлогот на Н.О. последна опомена и рок во кој членките треба да си ја измират обврската, со напомена дека и доколку  сакаат да се откажат од членство нема да вилае  на постапката за присилна наплата. Членките кои се уште не си ја измириле чланарината за 2013год. Да им се даде рок од 15 дена да си ја измират обврската поради обврските кои ги има СКТМ како и подготовка за Собранието.
Во дискусија се впуштија повеќето членки од У.О. а г-дин Дејан Бешлиев имаше замерка, дека извешатојот беше поднесен усмено и смета дека од седницата треба да произлезе Записник. Сугестијата беше прифатена но поради одржување на Седницатана Н.О. предходниот ден а Татјана Перовиќ-Митрова покрај присуството на Н.О. имаше и други обрски технички не беше во можност да го подготви Запиникот од седницата на Н.О.
Заклучок: 
Едногласно усвоено да членките кои не платиле чланарина  за 2012год.Веднаш да се испрати последна опомена и да им се даде рок од 3 дена, доколку не ја извршат уплатата да се отпочне постапка за присилна наплата. Членките кои не си ја измириле чланарината за 2013година да им се испрати опомена и да им се даде рок од 15 дена да ја изврашат уплатата.
Точка 2
Претседателот на Комората образложи дека изборното Собрание на СКТМ треба да се одржи до 21 ноември 2013год. и во една неформална средба –состанок со Заменикот претседател и извршниот директор рзговарале за термин 15 ноември. Татјана Перовиќ-Митрова го пренесе ставаот на г-дин Милан Врзел изречен дека Собранието треба да се искористи и за заедничко дружење на членките, и предлага да тоа биде надвор од Скопје во период од 15-17 ноември 2013год. Таа понатаму предложи, ако се усвои дружење  на Собрание надвор од Скопје  Собранието биде тематско,организирање на трибина на теми кои се отворени и за кои може да се дискутира. Г-ѓа Крстевска предложи да  местото на Собрание биде во Охрид и да на трибината бидат поканети членови на институции релевантин за темата како и Грдоначалникот на Охрид. Г-дин Дејан Бешлиев смета дека организација на ваков настан е добра од искуството кое го имаваме со Конференцијата за време на Травел Маркет 2012, за што бевме спонзорирани, но смета дека не треба да се меша со Собрание(повторно ќе ни се случи како на Травел Маркет мал број од членките да присуствуваат на трибината)
Во делот на предлози за тема на тркалезна маса се впушти и г-ди Арсеније Јаневски кој смета дека е добро да се организира нешто и токму во Охри а темата би била ,,Туристичка патрола,,. Г-дин Ангел Иванов предложи да местото на одржување на настанот биде ФТУ-Охрид и како наша членка но и како образовна институција која може да даде доприност во  дискусиите.
Заклучок:
Едногласно прифатено да Изборното Собрание се одржи од 15-17 во Охрид. За Работниот дел да се достави Предлог-Дневен Ред заедно со овој Записник. Да се контактира со нашите членки Хотелиери  Силек, Гранит и Милениум да се побара понуда за сместување и одржување на Собранието. Да се побара и понуда за превоз организирано да се оди во Охрид.
Точка 3
Информацијата за потпишување меморандуми за соработка со Град Скопје и ДЗЛП го поденес Претседателот на СКТМ, која ги информираше присутните дека со Град Скопје е потпишан Меморандум на17.10.2013год. а со ДЗЛП е закажано потпишување на 24.10.2013год. Соработката со ДЗЛП  и околу спроведување на Обули специјализирани за туристичка дејност. Заштитата на личните податоци е нова материја и секоја комапнија треба да подготви сет документи кои чинат пари ако ги подготвуваат консултаски куќи. На Обуката  е предвидено учениците да  се стекнат со знаење како треба да се изготви  сетот на документи. Обуката ќе ја посетува и извршниот директор за да може да изготви документи кои ќе се понудат на членките.
Заклучок:
Едногласно е усвоена информацијата за Потпишување на Меморандумите за соработка.
Точка 4
Информацијата за активностите околу измени на Законот за туристичка дејност  ја поднесе г-дин Стеван Пешевски, кој констатира дека  Министерсвото за Економија ги разгледуваше нашите предлози на неколку организирани средби, разгледувајќи го Законот за туристичка дејност член по член. Најголемо време и активности се  околу осигурување на Пакет Аранжан, и барањето на СКТМ да се избрише полисата за осигурување од дејности. Одржани два состанока,  еден со Дирекцијата за супервизија на Осигурување и друг со Претседателот на Здружението на Осигурителни друшта за да се утврди понудата на осигурителните друштва за осигурување на пакет аранжман. Побарано е и од УХПА (Асоцијацијата на туристички агенции на Храватска) да ни посочат како се применува Осигуруваење на аранжманите во Република Хрватска.
Се очекува нацрт  верзија на измените на Законот за која СКТМ ќе даде свое милење. Мора да се напомене дека Секторот за туризам при Министерството за економија е кооперативно, во однос на предходните години кога сме поднесувале иницијативи за измени и дополнување контаираше г-дин Пешевски
Заклучок
Едногласно увоена информацијата со задолжение да се информира У.О. за работата на  работна група.
Точка 5
По оваа точка г-дин Арсеније Јаневски ја образложи потребата од Обуки на Туристички водичи, бидејќи на пазарот во овој момент има туристички водичи со легитимации но нивното знаење во пракса би требало да биде проверено односно да  им се понуди знење и вештини за да можат да одговорат на барањата на налогодавачот односно туристичките агенции кои работат на инкаминг. Претседателот на СКТМ  појани дека такава потреба е констатирана и од мини состанокот оддржан со Претседтелот, Заменикот претседате и извршниот директор на СКТМ на кој се поделија одредни задачи  за реализација на овој Проект кој навистина е значаен   за Т.А. кои работата на инкаминг.
 Заклучок
Се усвои предлогот за организирање на Обуки за туристилки водичи и придружници во Организација и спроведување на СКТМ.
Точка 6
По  оваа точка г-дин Панче Трајковски даде исцрпна информација за начинот и постапката  при контролата  на УЈП во спроведување на фискализација. Тој потенцираше дека покрај глобата од 3.250,00 Евра која ја платил на УЈП неговиот објект е Затворен за вршење на дејност согласно Законот 15 дена. Тој смета дека Комората за ова треба да Регаира до Заменикот Претседател на Валадата на Р.М.одговорен за економски прашањеа и до Министерот за економија, бидејќи казната за затварање на објект за прекршок кој согласно закон постои но дали е потребана таква строга казна за оние кои се придржуваат на Закон. Што значи дека издава фискални каси строго се придржува но во каста се пронајдени ситни монети во странска валута кои монети стојат од отварање на објектот значи 9 години. За угледот на компанијата на Хотел Вип е направена огромна штета со затварање на објектот. За Угостителските и сместувачките капацитети мора да се интервенира до надлежните институции  да постпи можност со замена за парична казна.
Заклучок
Се усвои предлого да СКТМ  се огласи со Пимо Рекација  до надлежните институции во најкраток  можен рок
Точка 7и8
Да се продолжи со преговори и со ОПМ за изготвување на Меморандум за соработка и разгледување на аспектот за медијација во случај на спорви со потрошувачите корисници на услугите од членките на СКТМ
Седницата отпочна во 13,00 часот, а заврши во 15,00 часот.
Записникот го изготви                                                    Претседател,
Татјана Перовиќ-Митрова                                             М-р Лела Крстевска

 





<< Назад

 

Top