Записник бр. 7

ЗАПИСНИК бр. 7
Бр. 02-11/1
25.09.2014 г.
На 24.09.2014 год. во просториите на Комората се оддржа седмата(7) седница  на  Управниот одбор. Составен дел на овој записник е Листата за присуство на членовите на У.О. Согласно членот 21 став 2 од Деловникот за работа на У.О. се создадоа услови за отпочнување на седницата по предложениот:
Дневен Ред
  1. Предлог Иницијатива за 27 септември ден на СКТМ
  2. Аплицирање на Проект финасиран од Министерсво за Култура Предлог на проект
  3. Ревидирање на осигурителната Полиса од дејност
  4. Информација седница на Комитетот за туризам од 11.09.2014
  5. Информација за реакцијата за примената на Правилниците за реализација на училишните екскурзии во основните и средни училишта
  6. Предлог текст за барање понуда од Адвокатска Канцеларија  по Заклучок од Состанок на сектор ТА на 11.09.2014
  7. Одлука за нацрт правилник за спроведување на обуки за Сертигикација според AHLEI
  8. Формирање Работна Група за Организација на Форум- Конференција во рамките на Редовно Собрание на СКТМ
  9. Разно
Точка 1
По оваа точка Претседателот на У.О. и Претседател на СКТМ даде воведно излагање презентирајќи ја Иницијативата за 27 септември да се именува за ден на СКТМ која произлезе од г-дин Ангел Иванов на седница на Секторот Т.А. одржана на 11.09.2014год. како писмените ставови на поедини членови од У.О. на СКТМ доставени до членовите на У.О. на СКТМ. Во дискусијата се впуштија сите присутни со лични ставови кои се однеуваа  во насока на тоа, Комората има свој ден а тоа е денот на основањето на Комората 26 март, ден кој го одбележавмe и по повод јубилејот 5 години постоење во 2013год.
27 Септември е Cветски ден на Туризмот и тој ден е на сите туристички работници во Светот и Комората би требало да се вклучи во одбележување на тој ден со пригоден настан секојa година.
Заклучок: 
Едно гласно не е уcвоено да 27 септември е ден на СКТМ. Едно гласно е прифатено да се приклучиме како СКТМ со одбележување на Светскиот ден на Туризмот со пригоден настан – манифестации и во програмата за 2015 год. да се предвиди.
За 27 септември 2014година да се изготви честитака и соопштение до јавноста на Р.М. да се изготви најдоцна до петок 26.09.2014год. и да се испрати до медиумите, да се постави на веб-стараната на Комората како и на страната на социјалните мрежи.
Точка 2
По оваа точка Татјана Перовиќ-Митрова ги информираше присутните за Објавениот Оглас ГОДИШЕН КОНКУРС ЗА ФИНАНСИРАЊЕ ПРОЕКТИ ОД
НАЦИОНАЛЕН  ИНТЕРЕС  ВО КУЛТУРАТА ЗА 2015 ГОДИНА на 01.09.2014година.
Како предлог што Комората може да аплицира на овој Конкурс беше посочен предлогот кој и помина на У.О. на СКТМ за изготвување на публикација како туристички водич за Република Македонија кој во кој ќе може да има и простор за комерцијално рекламирање на членките на СКТМ. г-ѓа Лела Крстевска предлага да се изготви водич тематски и тоа ,, Што  тревба да видат бизнисмени во Скопје,,. Г-дин Горан јаневски посочи идеа за изгледот на водичот по примерот кој го има добиено од  Британски водич со слична тематика. Конкурсот за пријавување е до 15 октомври 2014год.
Заклучок:
Едногласно усвоено да и се аплицира на Конкурсот од министерсвото за култура со Проект издавање на публикација –Водич за Скопје – наменeт за бизнисмени кои доаѓаат службено во Скопје и што би можеле да видат и посетат. Подготовка на апликацијата за Проектот- наративниот дел Татјана Перовиќ-Митрова и Мартин Петковски (во делот на буџетирање на проектот) до 03.10.2014год. да се испрати до Горан Јаневски и Лела Крстевска нацрт Верзија на Проектот. До 06.10.2014год. да се финализира предлог Проектот за да може да се поднесе до 09.10.2014год. односно до 13.10.2014год( Конкурсот трае до 15 октомври 2014год.)
Точка 3
Подносител на оваа точка беше Мартин Петковски кој ги информираше присутните за неформалниот состанк со советник во Агенцијата за супервизија на осигурување на Р.М. Агенцијата која е во состав на Собрание на Р.М. и која според планот и програмата за работа предлага иницијативи и го контролира работењето на Осигурителните друштва. СКТМ треба да превземе иницијатива за Ревидирање на Осигурителната полиса и воопшто осигурување на туристички полиси и заеднички со Агенцијата за супервизија да се достави иницијатива до Собрание на Р.М. за  измени, и  оваа област во осигурувањето да подлежи на реосифурување.
Заклучок
Едногласно се прифати иницијативата за отпочнување на процесот за ревидирање на осигурителните Полиси од областа на туризмот. Раководителот на Секторот Мимоза Конеска–Каимовски да свика седница за да се дефинираат барањата( примерот од Случај Лет Травел). Да се закаже состанок со ,,АСО,,,а да се вклучат во оваа иницијатива покрај Раководителот на Сектророт ТА, и Мартин Петковски и Стеван Пешевски   .
Точка 4
Информацијата за седницата за Комитетот за Туризам при Владата на Р.М. одржана на 11.09.2014год., поднес г-ѓа Лела Крстевска, која подвлече дека на оваа седница СКТМ имаше поднесено материјали за  две точки кои се разгледуваа.
  1. Информација за сертификација на обучувачи од СКТМ според програмата на AHLEI, Во која се препорачува да се субвенционираат обуките за сертификација на хотелиерската индустрија според AHLEI. За оваа точка е прифатено да Министерсвото за Економија го разгледа предлогот и да пристапи кон постапка за вклучување на овој предлог во Програмата за Конкурентнос, Иновации и Претприемништво за 2015 година
  2. Иницијатива за измени и дополнување на Законот за Превоз во патниот сообраќај во членот 33, каде Туристичките агенции се иземени за продажба на автобуски билети за меѓународни редовни линии.По оваа точка Комитетот завземал став, Министерсвото за транспот и врски бидејќи и така има предлог за измена на ЗППС да го разгледаат и предлогот на СКТМ и да се усогласат. Кога ќе се добие Записникот од Седницата на Комитетот за Туризам, треба да се закаже средба со Министерот за транспорт и врски согласно Заклучокот од седницата на Комитетот за туризам.
Заклучок:
Едногласно е усвоена Информацијата од седницата на Комитетот за Туризам. За средбата со министерот  по иницијативата задолжени се Лела Крстевска, Ѓорги Вчков и Татјана Перовиќ-Митрова
Точка 5
Подносител на Информацијата беше Татјана Перовиќ-Митрова која ги информираше присутните за превземените активности и досавување на допис до Министерот на МОН за реакцијата на примената на Правилниците за спроведување на Училишни екскурзии во основните и средни училишта.
Проблемот се појавува со тоа што поголемиот број како во основните училишта така и средните училишта не го почитуваат и не го применуваат Правилникот пропишан за изведување на училишни екскурзии, особено во постапката   пропишана за ,, начинот на организација на изведување на училишните екскурзии,,
Составен Дел на овој записник е и дописот до Министерот на МОН
Заклучок
Едногласно усвоено да се закаже состанок со министерот на МОН и да се побара по транспарентна постапка при избор на ТА, како  и прифаќање на предложените измени и дополнувања на Правилниците.
Точка 6
Подносител на оваа точка беше Раководителот на Секторот Мимоза Конеска-Каимовски која ги презентираше Заклучоците од состанокот на Секторот ТА оддржан на 11.09.2014год. од кој помеѓу другото произлезе и барање односно предлог дека треба да се изготви едно барање до Адвокатска Канцеларија која ќе ни достави понуда за Изготвување на Договор помеѓу агенција и клиент и ревидирање на општите услови за Патување, со што туристичките агенции (секторот ТА) ќе го анализираат како проект кој треба да се финансира од заинтересирани членки на СКТМ. Договорот со Адвокатска Канцеларија да се предвиди како паушал, а секоја членка на СКТМ ќе може да користи услуги од советодавен карактер, и во случај на спор со клиент да биде ангажирана адвокатската канцеларија. По оваа точка се отвори дискусија во насока колку адвокатите можат да помогнат односно колку имаат познавање од туристичката дејност и да се ангажира било каков адвокат сепак ќе мора да се работи некој од член од ТА за да се добие квалитетно решение.
Заклучок:
Едногласно усвоено дека не е потребно ангажирање на адвокатска канцеларија.
Се задолжува Татјана Перовиќ-Митрова да направи споредена анализа како се решени Општите услови за Патување во Србија, Хрватска, Грција и Велика Британија. Да побара Материјали од Асоцијациите со кои СКТМ има потпишано Меморандум за Соработка и за наредна седница на У.О. да се изготви информација од споредбената Анализа. Лела Крстевска се пријавува да изготви нацрт Договори  кои ќе бидат презентирани на форумот предвиден во Рамките на Редовно Собрание на СКТМ
Точка 7
Подносител на оваа точка беше Никола Каровси кој на присутните им ја презентираше постапката и начинот на обуката за Тренери  организирана во Белград од AHLEI so  USAID(Проект- REG) и Светска Банка Македонија каде од пет ( 5 ) апликанти имаме сертифицирани  четири (4)  Тренери кои се подготвени да одржуваат обуки преку СКТМ. За таа цел се размислуваше дека СКТМ треба да изготви Правилник за процедурите на Обуките, трошковник кој ќе се усогласи со Договорот со AHLEI и СКТМ. За ова потребно договорот са AHLEI да биде преведен на македонски јазик за да не се дојде до погрешно и двосмислено интерпретирање на некоја одредба. Инаку сите колеги имаат потпишано Изјава и заверена на Нотар дека нема самостојно да спроведуваат обуки според програмата на АHLEI.
Се отвори дискусија дали за спроведување на обуки на СКТМ и е потребен правилник- кој ќе ги дефинира процедурите или е потребно да се изготви промотивен материјал на кој ќе бидат презентирани каков тип на обуки се предвидени. Официјалното доделување на Сертификатите да се предвиди на Собранието односно на Форумот на СКТМ со медимска покриеност
Заклучок:
Никола Каровски и Лела Крстевска ќе имаат средба во неделата од 29.09.2014год. на кои ќе ги дефинираат сите активности и материјали кои треба да се подготват за отпочнување на обуки за хотелиерите по програмата на AHLEI. До наредната седница на У.О. да имаме предлог текст материјали и потпишан договор со АHLEI. Се задолжува Татјана Перовиќ-Митрова да договори термин со претсавникот од Проектот на USAID (GER –programa) односно потписникот на Договорот од страна на AHLEI.
Точка 8
По оваа точка имаше мислење дека точката треба да претпи измена и да се утврди датум на редовно Собрание на СКТМ, вклучително и организација на Форум на СКТМ.
Заклучок:
Едногласно усвоено да Редовното Собрание и Форумот да се организираат и закажат за 21 ноември 2014год. во Хотел Молика Битола. Да се Извести Преседавачот на Собрание на СКТМ за превземање на сите активности за органзација на Собрание на СКТМ и Никола Каровски од Хотел Молика да достави понуда и програма за одржување на Собрание на СКТМ
Точка 9
  • Редовност на членовите на У.О. на СКТМ
Да се информираат сите членови на У.О. на СКТМ за примената на Деловникот за Работа на У.О. дека нема да се толерира отсуството од седници
Заклучок:
Се Задолжува Татјана Перовиќ-Митрова да ги информира сите членови на У.О. на СКТМ со одредбите од Правилникот за Работа на У.О.
По добиената писмена оставка од г-дин Панче Трајковски на функција член на У.О.  да биде известен г-дин Горан Јошевски- ЈК травелдека е член на У.О. на СКТМ и да на наредната седница
     биде поканет.
  • Предлог на Мартин Петковски
Да се разгедаат можностите за финасиска подршка на СКТМ доколку извршува работи кои се во надлежност на Владата(МЕ) или Град Скопје, по примеот на Аеро клубот.
Заклучок:
Ќе се разгледаат можности дали има основа и дали некаде е предвидено
  • Предлог пред секоја нова седница на У.О. да се изготви чек листа односно информација за кои точки се завршени по Заклучоците на Седници од У.О., кој се во тек или во која фаза се во моментот
Заклучок:
Едногласно прифатена сугестијата. За наредната седница да се предвиди.
  • Номинирање на член и заменик член за Разгледување на Програма на заеднички активности кои произлегуваат од Договорот помеѓу Министерсвто за економија на Р.М. и Министерсвото за национална економија на Унгарија
           За член именуванн Мартин Петровски
           За заменик член  Горан јаневски
           Да се испрати допис до МЕ со именуваните лица
Седницата отпочна во 13,15 часот, а заврши во 15,45 часот.
 
Записникот го изготви                                                    Претседател,
Татјана Перовиќ-Митрова                                             М-р Лела Крстевска
 

 





<< Назад

Top