Записник бр. 16

ЗАПИСНИК бр. 16
Бр. 02-1/1
11.01.2013 г.
 
На 10.01.2013 год. во просториите на Комората се оддржа шеснаесетата (16)  седница на  Управниот одбор.
Составен дел на овој записник е листата за присуство на членовите на У.О.  согласно членот 21 став 2 од Деловникот за работа на У.О.  и листата на поканети преставници од органите на СКТМ при што се создадоа услови за отпочнување на седницата по предложениот:
 
Дневен Ред
 
Разгледување на Писмо од Македонија Сообраќај за кирија за простор.
Извештај од раб.група случај Летс Травел
Информација за изготвено мислење за Ктегоризација на сместувачки капацитети
Формирање на работно тело за изготвување предлог измени за Законот за Туристичка дејност( полисиса за осигурување од дејност- замена со соодветно решение усогласено со важечки прописи)
Разно –расположливи сретсва на сметка(платена чланарина за 2012год.)       
 
Дневниот Ред беше усвоен и се отпочна со работа по дневниот ред.
 
Точка 1         
Воведно излагање по оваа точка даде претседателот на СКТМ г-ѓа Крстевска која го презентираше одговорот на Македонија Сообраќај по барање на У.О. за корекција на висината на закупнината на просторот кој го користи СКТМ. Г-дин Дејан Бешлиев со аргументи врз основа на моменталната понуда на пазарот и можноста која ја има СКТМ, без дополнителна надокнада за користење на сaла за состаноци  и дополнителна логистика која ни ја дава Македонија Сообраќај смета дека понудата би требало да се прифати. Повеќето од присутните се согласија имајќи в предвид дека во моментот комората и не ја плаќа редовно закупнината. Г-дин Панче Трајковски посочи дека е потребно да се размислува за намалување на трошоците на СКТМ, па би можело и да се размислува и за користење на простор заедно со други комори ( пример. Комора на занаетчии на Македонија). Г-дин Љупчо Андрески смета дека би требало сега да се прифати предлогот од Македонија Сообраќај, но можноста да се бара и друга поприфатлива алтернатива да се продолжи.
Заклучок: 
 
Едногласно се прифати понудата од Македонија Сообраќај и се задолжи Татјана Перовиќ-Митрова да изготви одговор и да го Достави до Македонија Сообраќај, што е веќе и извршено. Да се отпочне постепено со плаќање на заостанатите фактури кон Македонија Сообраќај.
 
Точка 2         
По оваа точка Мартин Петковски усмено ги информираше членовите на У.О. за досегашните превземени активности како координатор на раб. Група за случај Летс Травел.Оштетените компании – членки на СКТМ се во фаза на поднесување тужба до Осигурителната компанија. Г-дин Петковски побара подршка од У.О. за подршка во комуникација со институциите и ТУРСАБ.
Заклучок:
 -Да се достави писмен извештај до У.О. односно до членките на СКТМ за превземените дејсвија на комисијата која има мандат за решавање на овој случај.
Точка 3
Информацијата за превземени дејствија за изготвување на Мислење за Категоризација на сместувачки капацитети ја поднесе Лела Крстевска како координатор на работна група која беше сосотавена од по еден член од стопанските комори и асоциации. Таа нагласи дека е добро да одредени барања и предлози кои се додставуваат до институциите на Република Македонија претходно да бидат усогласени од стопанските субјекти преку коморите и здруженијата. На тој начин ќе се постигне да одредени барања бидат прифатени и усвоени од институциите.
Заклушок:
Едногласно прифатена информацијата за доставено Мислење за Категоризација на сместувачките капацитети во Р.М.
Точка 4
 
            По оваа точка, за формирање на Работна група за Измени и дополнување на Законот за туристичка дејност, и потребата на измени на општите услови за патување ја наметна потребата да Секторите туристички агенции и Хотелиери да одржат заеднички состанок на кој ќе се договори и одлучи за начинот и постапката за превзимање на активности за решавање на цел пакет мерки од Заклонот за туристичака дејност. Се утврди термин за одржување на состанок 16.01.2013год во 14 часот.
Заклушок:
 Да се формира работна група од редовите на секторот Туристички Агенции и Хотели, која ќе ги  превземе сите активности за изготвување на нацрт текст за Законот за Туристичка дејност и општите услови за патување да имаат сила на подзаконски Акт.
 
Точка 5
 
Под точа Разно
Расположли ви сретсва на СКТМ- членовите на У.О. беа информирани за сите измирени обврски кои ги имаше СКТМ  вклучително и ИСТА кои сретсва се иплатени во целост. Татјана Перовиќ-Митрова поднес извештај за платената чланарина од членките за 2012год. нагласувајќи дека од вкупниот број изготвено ф-ри за чланарина и доставено до членките 58 членки се уште ја немаат измирено чланарината за 2012год. Ургирано е неколку пати за потсетување писмено.
Заклучок:
Да се ипрати последна опомена до секоја членка поединечно и да се даде рок од 7 дена за имирување на обврските кон СКТМ за 2012год. пред да се превземат законските расположливи сретсва за напалата на побарувањата.
 
Активности во делот на подготовка на проекти до Швајцарска Амбасада и Холандска Амбасада кои имаат фондови за мали грантови за подршка на некој настани. До Швајцарска амбасда ќе се подготви проект за Семинар за Готвачи –пренесување на искуства и обука од Европски познати готвачи.
преку Холандска Абасада да се добие и изготви проект за тренинзи за туроператори.

 
Заклучок:
 
Седницата отпочна во 15,00 часот, а заврши во 17,00, часот.
 
Записникот го изготви                                                    Претседател,
Татјана Перовиќ-Митрова                                             М-р Лела Крстевска

 





<< Назад

 

 

Top