Записник бр. 17

ЗАПИСНИК бр. 17
Бр. 02-1/1
18.02.2013 г.
 
На 18.01.2013 год. во просториите на Комората се оддржа седумнаесетата (17)  седница на  Управниот одбор.
Составен дел на овој записник е листата за присуство на членовите на У.О.  согласно членот 21 став 2 од Деловникот за работа на У.О.  и листата на поканети преставници од органите на СКТМ при што се создадоа услови за отпочнување на седницата по предложениот:
 
Дневен Ред
 
  1. Учество – организација Скопје Травел Маркет 2013год..
  2. Предлог иницијатива, раб. група Измени на Закон за Туристичка дејност
  3. Одлука за ММИ - Преговори
  4. Разно
  • е-СКТМ
  • Одлука за Извршниот Директор да биде назначен за
  • Разгледување на иницијативатаод Комората на Мал бизнис
  • Предлог проекти за грандови од Швајцарска амбасада во Скопје.
 
Со предлозите од членовите на У.О. беше дополнет Дневниот Ред и усвоен.
 
Точка 1         
Воведно излагање по оваа точка даде претседателот на СКТМ г-ѓа Крстевска која ги информираше присутните за одржаниот состанок со претсавниците од ЕРА груп – Скопски саем околу предлогот да СКТМ биде соорганизатор на Скопје Травел Маркет. Таа посочи дека терминот предвиден од Скопски саем од 25-27.04.2013 год. не е во согласност со нашиот предлог да  Скопје Травел маркет се организира со Саемот на книгата. На барањето на Претседателот  на СКТМ да се промени терминот на оддржување на Скопје Травел Маркет, добивме  негативен одговор, но во делот на услови за СКТМ да се појави како соорганизатор, Скопски Саем предлага да од сите излагачи
(домашни и странски) кои не се членки на СКТМ, а би се пријавиле преку СКТМ, Скопски саем би ја одобрил Комората со 20% провизија од приходот на Скопје травел маркет 2013.
По оваа точка се разви дискусија, во насока дека Скопски Саем пофторно организира манифестација која ги заборава домашните излагачи односно  членките на СКТМ, кои минатата година ги спасија, односно манифестацијата беше успешна најголем број на домашни излагачи беа токму од СКТМ. Концептот на Скопски саем е повторно не јасен и ние како соорганизатори би било добро да не прифатиме. Беа посочени успешните манифетации на Комората на Улица Македонија и Пред Спомен ќуќата на Мајка Тереза во Скопје, каде членките на СКТМ излагачи имаа бенефит од такова манифестацијата. Да се размислува за таков концеп, со подршка на Град Скопје – предлог на Претседателот на СКТМ. Се дискутираше и околу учество на Скопје травел Маркет само на СКТМ како организација ако Скопски Саем понуди штанд без никаква надокнада. 
Заклучок: 
 
Се пристапи кон гласање  
1.Дали Комората да учествува како соорганизатор на Скопје Травел Маркет. Со 7 гласа против и 2 воздржани, се донесе решение СКТМ да не учествува како Соорганизатор на Скопје травел Маркет
2. На прашањето Дали СКТМ да учествува со Штанд ( доколку и се понуди без надокнада простор) на Скопје Травел Маркет. – со 8 гласа ЗА и 1 Воздржан  се усвои да се учествува на претстојниот Саем
 
Би било добро да се препорача до членките на СКТМ, да не учествуваат на Скопје Травел Маркет, доколку тоа не се коси со Програмата за работа и претсавување на компаниите, планирани за 2013год.
 
Се задолжува Татјана Перовиќ-Митрова да достави информација што е со купените 10 штанда за организирање на манифестации (промотивни денови на СКТМ) најдоцна до 01.03.2013год.
 
Точка 2         
Информација за  Иницијатива за изменни на Законот за Туристичка дејност ја поднесе г-дин Стеван Пешевски. Тој презентираше од моментот на формирање на Работна група на 16.01.2013год. па до денес што е сработено. Врз  основа на заклучок на дел од работната група се предложи да при изготвување на работна верзија на измените и дополнувањето на Законот за туристичка дејност од ресорното министерсво да бидеме вклучени во работна група која ќе ја формира Министерсвото за економија. Таков допис е изготвен и доставен до Мининистерот за Економија и Комитетот за туризам на 06.02.2013год. Претседателот на СКТМ ги информираше  присутните дека таа лично го информирала советникот за Економски прашања при Владата на Р.М. и Министерот за Економија за поднесеното барање за вклучување на бизнис заедницата во работна група за Измени и дополнување на Законот за Туристичка дејност.
Заклучок:
  • Работната група на СКТМ за измени на Законот да отпочне со усогласување на ставовите на членките по текстот на законот и да изгради заеднички став по предлози кои ќе ги презентира во работната група која ќе биде формирана од Министерството за економија.
 
Точка 3
 
Г-дин Панче Трајковски ги информираше присутните за барањето на ММИ да отпочнат преговори со СКТМ за склучување на Општи договори за утврдување на висината на надоместокот за јавно соопштување на фонограми за комерцијална цел.Тој врз основа на комуникација со членови од Секторот Хотелиери при СКТМ е на мислење дека У.О. на СКТМ треба да донесе Одлука да преговорите со ММИ да не започнат пред да се донесат измените на Законот за Авторки права и сродни права, поради тоа што и Министерот за култура на Р.М. го најви процесот за измени на Законот во нај кус можен рок, а и на еден начин и подршка на телевизиските куќи кои се залагаат да ваков тип на Здруженија кои добиваат решение за работа согласно Закон да се контролира и усогласи нивната работа со состојбите на пазарот. Нај значаен аргумет е и тоа што Правилникот за надоместок за користење на фонограми изготвен од ММИ во одредени тарифни делови е апсурден( предвидено плаќање по квадратура, како паушали без разлика на исполнетоста на капацитетите)
 
Заклучок:
  • Едногласно се донесе Одлука за неприфаќање на отпочнување на преговори со ММИ. Да се извести ММИ писмено за Одлукатља на СКТМ.
 
Точка 4
  • Е-СКТМ.г-дим Ѓорги Вчков смета дека треба да се разгледа можноста како Web- stranata на СКТМ да може да носи приходи од банаери, па од тие причини го интересираше што е со функционирањето на страната.
Татјана Перовиќ-Митрова ги информираше присутните дека страната од август 2012год не е во функција односно со промена на провајдер на
хостинго се појавиле технички проблеми за кои се уште стои отворено.
 
Заклучок:
Во нај кус можен рок да се ангажира Горан од Македонија Сообраќај и да се отстрани тој проблем како би била страната ставена во функција.
 
  • Се отвори дискусија за работењето на канцеларијата со единствениот вработен( извршен директор) и барањето на Претседателот на СКТМ за финасирањето, напалатата на чланарината да си го превземе извршниот директор. Да се донесе Одлука во која потписник во Централен Регистер и во банка да биде извршен директор, бидејќи претседателот не сака да превземе одговорност, во случај на неликвидност и не можност на испалат на обврските на Комората.
 
Заклучок:
Да се утври и разгледа ваквото барање дали е во согласност со Статутот на СКТМ,како и со основниот Закон за Комори на Р.М. во нај кус можен рок
( веќе е доставено мислење од Извршниот Директор и г-дин Касам Шаќири –претседател на Законодавно правната комисија, каде У.О. неможе да донесе вакава Одлука согласно Статутот на СКТМ)
 
  • Беше презентиран предлогот на Комората на мал бизнис на Македонија за формирање на некој Сојуз или Унија на двете комори, заради окрупнување на бизнис заедницата која е најголем број компании кои се микро, мали и средни компании. Татјана Перовиќ-Митрова ги презентира позитивните и негативните страни на  предлогот од КМБ, и потенцирајќи доколку се размислува за окрупнување на треба да се разгледува можноста во делот на асоциации и комори кои се дел од туризмот.
Заклучок:
  • Добро е да се закаже средба  со Претседтелот на КМБ, за да се завземе сатв по овој предлог.
 
Седницата отпочна во 12,30 часот, а заврши во 15,00, часот.
 
Записникот го изготви                                                    Претседател,
Татјана Перовиќ-Митрова                                             М-р Лела Крстевска
 




<< Назад

 

Top