Стратегија за развој на СКТМ 2015-2018

logo.PNG
 
 
Стратегија за развој на СКТМ 2015-2018
ЕДИНАЕСЕТО СОБРАНИЕ СКТМ ХОТЕЛ МОЛИКА
Национален Парк-Битола

Ноември 2014
 
Вовед
Стопанската Комора за Туризам на Македонија(СКТМ) е формирана на 26 март 2008 година, како самостојна, независна, неполитичка и непрофитна организација.
Мисијата на СKTM е остварување на услови за зголемен раст на бизнисот на стопанствениците-туристички работници, а со тоа и зголемување на работни места во секторот туризам, како и  подршка, промоција и развој на туризмот во Македонија како атрактивна и профитабилна индустриска гранка.
Досегашна меѓународна активност на СКТМ
СКТМ во своето 7 годишно постоење има потпишано Меморандуми за соработка со организации слични на Комората и тоа:
2008 година:
  • Потпишан договор за соработка помеѓу регионалните туристички комори од ATOU-Албанија, CTU-Црна Гора, KOTAS-Косово и СКТМ-Македонија поддржано од Владите на земјите потписнички на договорот
2009 година:
  • Договор за соработка со Туристичка заедница на Златибор- Србија (11.05. 2009)
  • Договор за Соработка со Бугарска Регионална Комора (29.11.2009)
2010 година:
  • Договор за соработка со Асоцијацијата на туристички агенции на Србија(АТАС) (17.01.2010)
  • Договор за соработка со Туристичка зедница на Белград-Србија (14.12.2010)
2011 година:
  • Договор за соработка со Асоцијацијата на туристички агенции на Словенија (18.03.2011)
2014 година:
  • Потпишан Глобалниот Етички кодекс во Туризмот од приватниот сектор со UNWTO. 40-та земја од членките на UNWTO која го потпишала етичкиот кодекс од приватниот сектор (29.07.2014)
СТРАТЕШКИ ЦЕЛИ на СКТМ се:
  1. Промоција на туризмот во Република Македонија;
  2. Пратење и предлагање на измени во законската регулатива заради подобрување на амбиентот во туризмот во Република Македонија, како и усогласување со ЕУ- стандардите;
  3. Развој на Комората и етаблирање како водечка сила на туристичкото стопанство во Република Македонија
  4. Поставување на рамка за квалитетни решенија и предлози,
  5. Сугестии, мислења и анализа на стратегијата за туризмот во Република Македонија;
  6. Градење на ефикасен туристички сектор, јакнење и поврзување на институциите кои се неопходни за развој на туризмот;
  7. Јакнење на човечките потенцијали и техничка помош за развој на туризмот;
  8. Регулатива за контрола и анализа на лиценци за работа во туризмот;
  9. Стимулација и промоција на Јавно Приватно Партнерство (PPP);
  10.  Активности поврзани со сите видови на туризам;
  11. Спроведување и примена на Глобалниот Етички Кодекс во Туризмот од UNWTO
  12. Примена на Информатичката технологија во Туризмот.
Стратегија за развој на СКТМ за периодот 2015-2018 година е резултат на анализата на состојбите и на низа активности на Комората, воспоставување на рамка која ги дефинира главните правци на развој, базирани на досегашниот принцип на делување и реализација на Стратешките Цели на Комората.
Овој документ има задача да се консолидираат потенцијалите на членките на Комората за реализација на Програма и изготвување на годишни акциони планови.
Имајќи во предвид дека Туризмот има значајна улога во економскиот развој и преку него може да се привлечат нови инвестиции, да се креираат нови работни места и да се промовираат културните вредности и природните богатства на Македонија, СКТМ ќе продолжи да поддржува соодветни мерки, политики, конкретни проекти за изградба на модерна туристичка инфраструктура и промоција на Република Македонија кои ги спроведува Владата на Р.М. но пред се преку директно учество на Комората, односно членките на СКТМ.
СТРАТЕГИЈА ЗА РАЗВОЈ 2015-2018
Раководството на СКТМ согласно коморскиот систем на делување ќе се стреми да ги исполнува потребите на членките на СКТМ, како и на други корисници на услугите на СКТМ кои ќе ја унапредуваат активноста преку:
  • Почитување на законите, јавната работа, добрите деловни обичаи и според начелата на деловниот морал;
  • Продолжување, развивање и негување на деловното партнерство заради остварување на заедничка корист и за доброто на членовите на Комората;
  • Создавање на деловна култура во која сите вработени во секторот туризам, а особено вработените кај членките на СКТМ, ќе се залагаат за постигнување на деловната цел, со што ќе бидат мотивирани и наградени за својот допринос во компанијата;
  • Зголемување на ефикасноста и ефективноста на работата на Комората, со постојано анализирање на политиките на СКТМ, со унапредување на ефикасноста на ресурисите и квалитетот на услугите кои ги нуди Комората.
Стратегијата за Развој на СКТМ предвидува неколку паралелни процеси:
  1. Финасиска консолидација за период од 1 година
Базирана на новиот предлог на финансирање на Комората со што ќе се овозможи стабилно работење на лицата редовно вработени во Комората
  1. Кампања за привлекување на нови членки во СКТМ
Со зголемување на бројот на вработени во Комората и формирање на стручна служба за поддршка на активностите на Комората, како и давање на ефикасна помош на членките преку информации, советување, застапување и лобирање во име на членките, туристичката индустрија во лицето на Комората ќе препознае вистински лидер со што неминовно ќе се зголеми бројот на агенции, превозници, сместувачки капацитети и институции поврзани со туризмот
  1. Превземање на јавни овластувања од институции на       Република Македонија
Со зајакнување на капацитетот на СКТМ и зголемување на бројот на стручни соработници Комората ќе може да побара од дражавните инститиции одредени јавни овластувања меѓу кои издавање на лиценци за туристички агенции, категоризација на угостителски и сместувачки капацитети и др.
  1. Членство и соработка со меѓународни асоцијации
Особено важно е членството во релевантни меѓународни асоцијации кои се лидери во светската туристичка индустрија со што Комората директно ќе биде инволвирана во сите новости и актуелности во туризмот на меѓународно ниво. Особено треба да се стремиме кон придружно членство на UNWTO, за што мора да се обезбедат соодветни финансиски средства.
Важноста на оваа Стратегија за СКТМ може да се искаже на следниот начин:
  • Задржување на достигнатите позиции како комора од која се бара проценка на влијанието на регулативата
  • Позиционирање на СКТМ како стручна гранска Комора во туризмот
  • Продлабочување на соработката со Локалните самоуправи кои имаат стратегија за туризам
  • Воспоставување на обучен центар според сертификација од познати Европски и светски Институти од областа на Туризмот
Структурата на членките на СКТМ како големина на компании 99% се микро и мали компании согласно ЕУ класификација според број на вработени. Тие покрај својата основна рабоата, мораат да се занимаваат и со голем број на администратибни, финасиски и други работи кои им одземаат многу време и не можат да ги пратат сите законски промени кои дополнително им го оптоваруваат работењето и опстојување на пазарот.
СКТМ ги прати сите случувања во секторот туризам, ги штити интересите на членките на СКТМ, но и на туристичките работници, сака да допринесе за квалитетни законски решенија кои на своите членки им носи заштеди во работењето, како и подобра деловна клима.
2.2. планирана меѓународна активност 2015-2018
- Алицирање за придружна членака на UNWTO, годишна чланарина е 2.400,00 Евра. Управниот Одбор на СКТМ се залага за зачленување во UNWTO, но потребна е согласност и сигурен извор на сретства за членарината од Собранието на СКТМ.
- Активно учество во работната  група за Туризам на  OECD
- Интегрирање во активностите на CEFTA договорот во стратегијата 2020 – за развој на туризмот како регонално поврзување.

 

<< Назад

Top