Соопштение до медиумите 26.11.2014 година

Стопанска Комора за Туризам на Македонија
Economic Chamber for Tourism of Macedonia
До
Средствата за јавно информирање електронски и печатени медиуми
одговорен за економскипрашања: Влада на Република Македонија
Бр.02/41
26.11.2014 год.                                
Скопје
СООПШТЕНИЕ ДО МЕДИУМИТЕ
Стопанската Комора за Туризам на Македонија ги зголемува
активностите и членството-усвоена новата Стратегија
 
21-23 Ноември, 2014 година,  Хотел Молика,
Стопанска Комора за Туризам на Македонија, го одржа Единаесеттото Собрание, во чии рамки беше организиран и форумот на тема “Меѓусебна соработка на чинителите во туризмот за рецептивен и иницијативен туризам маркирајќи ги проблемите и барајќи решенија и предлози за нив”.
Со цел да се усогласи и фати чекор со новите растечки трендови и забрзан развој на македонскиот туризам во последните неколку години како и зголемувањето на бројот на странски туристи, бизнис секторот од областа на туризмот при СКТМ на овогодишното последно Собрание ја усвои новата Стратегија за Развој 2015-2018.
Со овој документ се дефинираа целите на Комората за туризам за следните 3 години, на ниво на Македонија, како и зголеменото меѓународно делување на оваа институција, преку веќе постоечкото  активно учество во Експертската група за Туризам на OECD и Европската Унија за земјите на Југоисточна Европа, соработката со Светската Банка и Американскиот Институт за хотелиерство и сместување, како и зачленување во Светската Туристичка Организација (UNWTO). Беше усвоен и  Акциониот план, за проширување и зголемување на членството на Комората, преку понуда на 3 видови на членство: придружно, основно и премиум.
Се очекува, со имплементација на Стратегијата, да се влијае на јакнењето на капацитетите на  националната и локалната инфраструктура, составена од сите релевантни чинители и да се придонесе за поврзување на институциите неопходни за развој на туризмот во Република Македонија.
На Форумот, Претседателот на СКТМ, М-р Лела Крстевска, официјално ги додели Сертификатите од Американскиот едукативен Институт за хотелско сместување AHLEI, на првите македонски сертифицирани Тренери за спроведување на обуки и сертификација на угостителските и сместувачките капацитети во Република Македонија, како резултат на соработката помеѓу СКТМ, USAID REG (Regional Economic Growth) и AHLEI.
На Собранието беше избран нов Претседавач на Собранието на СКТМ од Битола Г-дин Горки Балојани, сопственик на Балојани Турист сервис Битола.
Во пресрет на зимската туристичка сезона, Стопанската Комора за ТуризамАпелира до надлежните компании за одржување на патиштата, да им се даде приоритет на зимските центри во при одржување на патните правци.
“Навременото чистење на патиштата што водат кон зимските туристички капацитети ќе придонесе Македонија да остане препознатлива по одличното гостопримство и грижа за сите туристи, и во зимскиот период. Ве молиме, бидете дел од ланецот кој го сочинува растечкиот тренд на посетеност на нашата убава татковина и придонесете за безбедноста на патиштата. Дајте ни можност да бидеме добри туристички работници со тоа што ќе овозможите туристите да стигнат до нас.”
***
Формирана во 2008 година, Стопанската комора за Туризам на Македонија („СКТМ”) е самостојна, независна, неполитичка и непрофитна организација. Мисијата на СKTM е  фокусирање  во поддршка, промоција и развој  на туризмот како индустриска гранка, остварување услови за зголемен раст на бизнисот на стопанствениците - туристичи работници, а со тоа  и зголемување на работни места во секторот туризам.
Целта на СКТМ е поттикнување, поддршка на локални, национални и меѓународни иницијативи за унапредување на одржливиот развој на туризмот во Република Македониоја.
За остварување на целите и задачите, СКТМ ги мобилизира и организира  туристичките работници на Република Македонија.
Контакт лица:
М-р Лела Крстевска, Претседател, 070 / 231 - 333
Татјана Перовиќ-Митрова, Извршен директор; 075 / 933 - 086
Стопанска комора за Туризам на Македонија
ул. Градски Ѕид блок 13,
1000 Скопје

jQuery Slider

<< Назад

Top