ОГЛАС за позиција на Извршен директор

Стопанската Комора за Туризам на Македонија објавува
ОГЛАС за позиција "Извршен директор на Комората"
 

Потребни квалификации:

  • Завршено Високо образование
  • Работно искуство
  • Познавање на еден странски јазик

Профил на личност:

  • Одлични организациски и комуникациски вештини
  • Висок степен на одговорност, ефикасност и ефективност
  • Менаџерски способности
  • Планирачки способности
  • Способност за водење на тим и тимска работа
  • Способност за работа со дадени рокови и работа под притисок
  • Позитивен став

Одговорности и задачи:

  • Ги координира, контролира, подготвува и реализира Заклучоци на У.О. на СКТМ;
  • Планира, организира и следи состојби на Законската регулатива која е клучна за работењето на членките на Комората;
  • Изготвува информации и анализи;
  • Предлага и реализира настани;
  • Го спроведува Статутот и актите на Комората;
  • Ја застапува Комората во имотните и други правни работи;
  • Организира подготвување и одржување на Седници на Собрание и Управен Одбор на Комората;
  • Ја реализира  годишната програма за работа и финансискиот план на Комората;
  • Изготвува оперативен план и програма за работа;
  • Ја координира и раководи со стручната и административна служба.

Вашата Професионална Биографија (CV) како и Мотивационо Писмо

доставете ја на следната e-mail адреса: sktm@sktm.org.mk

со задолжителна назнака на апликацијата

за оглас за СКТМ ,,Извршен директор

Рок за аплицирање: 25 септември 2015.

<< Назад

Top