Состанок со сектор за инспекциски надзор на Град Скопје

Состанок со сектор за инспекциски надзор на Град
Скопје 17.04.2013год.
Врз основа на Заклучок од Влада на Р.М. Град –Скопје (сектор за инспекција во делот на туристзам и угостителство) се покрена иницијатива за волонтирање на членки на СКТМ за инспекција која е во надлежност на Град–Скопје, согласно Законските прописи од областа на туризмот и угостителството. На 17.04.2013год. се одржа  состанок помеѓу Раководителот на Секторот за инспекција на Град Скопје и г-дин Стеван Пешевски Заменик претседател на СКТМ, г-дин Ангел Иванов Претседавач на Собрание на СКТМ, и Татјана Перовиќ-Митрова извршен директор на СКТМ. Предмет на состанокот договарање за меѓусебна соработка во делот на вклучување на волонтери–членки на СКТМ, поради поефикасно извршување на задачата на инспекторот за угостителство и туризам во Град –Скопје. Во овој момент Град Скопје има вработено само 1 инспектор. За прифаќање на соработката помеѓу СКТМ – Град Скопје, се предложи Меморандум за соработка во кој би биле дефинирани областите односно улогата и задачата на волонтерите на СКТМ. Од воденте разговори произлегоа неколку чекори кои треба да се превземат за реализација на идејата за вклучување на волонтери од СКТМ, во инспектирањето за кое е надлежен Град- Скопје во делот за угостителство и туризам.
Раководителот на секторот на Инспекторатот на Град –Скопје не извести дека тој не е надлежен за иницијатива за потпишување на меморандум за соработка но како иницијатива ја подржува, предлог текстот на меморандумот  да се достави до Секретарот на Град Скопје, до кабинетот на Градоначалникот на Град Скопје.
СКТМ ќе го достави меморандумот за Соработка до соодветните органи при Град Скопје со информација за потребата и подготвеноста за вклучување на Волонтери од СКТМ со соодветно овластување.
 




<< Назад

 

 

Top