Состанок со Заменик минисер за Економија на Р.М.

Состанок со Заменик минисер за Економија на Р.М. 29.04.2013год.
На 29.04.2013год. се оддржа состанок со Заменикот министер за Економија г-дин Христијан Делев и раководителот на секторот угостителство и туризам при МЕ со претсавници од СКТМ, Заменик претседател г-дин Стеван Пешевски, г-дин Милан Врзел член на Н.О. и Татјана Перовиќ-Митрова извршен директор на СКТМ.
Предмет на состанокот беше  продолжување на дискусијата со Заменикот Министер при средбата Отворено со Валадата на Р.М. која се оддржа на 30 март 2013год. по повод пет години постоење на СКТМ. Теми на разговор:
1. Полисата за  Осигурување од Дејност која како инструмен воведен од 2004 година и условите кои се предвидени во Договорите за осигурување од дејност не покриваат ниту го штитата потрошувачот ниту  пак Комапаниите. Заменикот Министер предложи да се организира средба со Оигурителните Компании поточно со директорот на Агенцијата за супервизија на осигурување и со директорот на А.Д. Осигурителна полиса најдоцна до 15 мај 2013год. да се дефинира и прецизира каков пакет треба да понудат осигурителните Компании кои ќе ги задоволат потребите на Компаниите и секако потрошувачите.
2. Општите услови за патување кои се донесени од СКТМ да имаат сила на подзаконски Акт. Нацрт текстот да се изготви во консултација со ОПМ и секторот при МЕ за потрошувачи.
3. Инспекцискиот надзор на централно и локално ниво- да се иницира оделение специјализирано за Инспекција за туризам и угоститителство(Туристичка Инспекција) при државен пазарен инспекторат на Република Македонија
4. Во работната група за Измени и дополнување на Законот за Туристичка дејност,Заменикот Министер го задолжи раководителот на Секторот за турисам и угостителство при МЕ да вклучи претсавници од СКТМ, како би можело Законот за туристичка дејност целосно да се ревидира. Одредени законски решенија се недоречени и при нивната примена се појавуваат низа слабости кои треба да се отстранат.
 

 





<< Назад

 

Top