Презентација на Измени и дополнување на Законот за Авторско право и сродните права

Презентација на Измени и дополнување на Законот
за Авторско право и сродните права
Порта Македонија 14.05.2013год.
На 14.05.2013год. Министерсвото за Култура организираше средба- презентирање на измени и дополнување на Законот за Авторско право и сродните права. Измените се резултата на повеќето предлози од корисниците – Бизнис заедницата која има обврска да плаќаат надомест на ЗАМП и ММИ. Измените на Законот ќе бидат савени на Веб – Страната на Министерсвото за Култура и на веб-порталот на ЕНЕР каде ќе можат да се разгледаат сите предложени измени. Во рок од 10 дена Министерсвото за Култура е отворено за средби со бизнис заедницата за сугестии и педлози за подобрување на текстот на Измените на Законот, пред да се организира јавна расправа по истиот. На презентацијата беа и професори кои го подготвувале Законот за Авторско право и сродните права и кои сега учествувале во Прелог текстот на измените на Законот. Во делот на примената на Законот од областа на угостителството и туризмон, начинот на примената на Тарифата како на ЗАМП така ина ММИ, беше истакнато дека коморите и асоцијациите ќе се состанат да ги разгледаат Измените на Законот и во писмена форма да дадат свои коментари и предлози,  заеднички и со усогласени ставови да побараат средба во Министерсвото за Култура со одговорните за горенаведениот Закон.
СКТМ ќе го разгледа текстот на Измените по објавувањето на наведените веб-портали ќе го достави до членките на Комората и ќе назначи преставник кој ќе учествува во работата со сите комори и асоцицаии.
Ги замолуваме сите кои се заинтересирани да учествуваат во разгледување на предлог текстот на Измените на Законот да се пријават во канцеларијата на СКТМ, како би можеле да  изградиме сатав и мислење кое ќе биде прво презентиранио на средбата помеѓу коморите.
 

 





<< Назад

 

 

Top