Соопштение до медиумите за туристичкиот филмски фестивал Во Загреб

СООПШТЕНИЕ ДО МЕДИУМИТЕ
за туристичкиот филмски фестивал Во Загреб
Од 3-5 јули во Загреб Република Хрватска ќе се оддржи меѓународниот туристички филмски фестивал ,,ZAGREB TOURFILM FESTIVAL,, под покровителство на Претседателот на Република Хрватска, Иво Јосиповиќ.
Претседател на жирито на првиот фестивал на Европска Хрватска, оваа година е македонката Лела Крстевска, Претседател на Стопанската Комора за Туризам на Република Македонија и Генерален Директор на престижниот туристички комплекс Радика Резорт, с.Леуново Маврово. Taa минатата и оваа година, истовремено е и член на стручното жири на Канскиот Фестивал “Cannes TV & Media Awards”.
Крстевска ќе го предводи жирито составено од еминентни Европски филмски работници: Лордан Зафрановиќ како познат режисер и професор по режија на ФАМУ во Чешка, Ева Котус, директор на туристичкиот фестивал во Варшава и уредник на списанието “Филм Уметност и Туризам”, Горанка Грајф-Соро, режисер и член на филмското друштво на Хрватска, Бернардин Модриќ, коосновач и директор на Истра Филм и Директор на Католичкиот Фестивал.
На овогодинешниот фестивал во конкуренција над 300 филмови, во категоријата до 2 минути, Република Македонија ќе учествува со нoминација на филмот-Скопје 2014.
Лела Крстевска - претседател на жири комисија на туристичкиот филмски фетивал Во Загреб
 
 




<< Назад

 

Top