ОБУКА за Заштита на личните податоци

ОБУКА ЗА
Заштита на   личните податоци наменета за компаниите од областа на туризам и угостителство
Почитувани членки на СКТМ,
Денес, 24 октомври 2013 година СКТМ и Дирекцијата за заштита на личните податоци потпишаа меморандум за соработка со цел овозможување едукација на членовите на Стопанската комора за туризам на Македонија и сите останати од туристичката дејност.
Потврдувајќи ја заедничката заложба и интерес за унапредување на соработката во областа на заштитата на личните податоци, Дирекцијата за заштита на личните податоци Ви стои на располагање по однос на вградување на мерките за заштита на личните податоци , преку континуирана едукација, обуки и консултации, а се со цел превентивно да се делува, како и да се спречат евентуални повреди на Законот за заштита на личните податоци.
Дирекцијата за заштита на личните податоци започна со редовни инспекциски надзори над законитоста на преземените активности при обработката на личните податоци и нивната заштита во  во компаниите од областа на туризмот, хотелите  и угостителството., а се со цел доследно спроведување на прописите за заштита на личните податоци.
За таа цел  утврдени се термини за одржување на обуки во Дирекцијата за заштита на личните податоци на следните датуми:  02.11.2013 година (сабота) и 09.11.2013год ( сабота).
Цената на обука по лице изнесува 3.500,00 денари за членки на СКТМ или 4.500,00 денари кои  не  се членки на СКТМ.
Времетраење на обуката 6 часа – еднодневна која Во себе содржи општа обука и специјализирана обука за туристичкото стопанство.
Препорачуваме  до сите компании посета на истата, особено оние туристички агенции кај кои веќе беа извршени редовни инспекциски надзори  и кои се задолжија да изготват документација- правилници и одлуки за спроведување на Законот за заштита на лични податоци.
Напомена од Дирекцијата за заштита на личните податоци: 
Овие обуки не се задолжителни, но се препорачливи за сите вработени кои имаат пристап  до документите за лична идентификација  и документи кои содржат лични податоци, а заради исполнување на обврските кои туристичките агенции ги имаат согласно Законот за заштита на личните податоци.  Согласно новите изменувања и дополнувања на Законот за заштита на личните податоци (кои што се во процедура) обуките за офицери за заштита на личните податоци ќе бидат задолжителни.
Почитувани, Ве молиме пријавете го вашето учество на обуките најдоцна до 29.10.2013година како би можеле да Ви изготвиме ф-ри и да извршиме уплата до Дирекцијата за заштита на личните податоци  најдоцна до 01.11.2013година




<< Назад

 

Top