Соопштение до медиумите

29.07.2014 год.                                
Скопје,
Лела Крстевска,
Претседател на СКТМ го потшиша Глобалниот Етички кодекс за Туризам за одговорен и одржлив туризам пропишан од Светска Турисичка Организација при Обединетите нации
Денес, 29.07.2014година, Скопје,
При посетата на Високиот гостин г-дин Талеб Рифаи Генералниот Секретар на Светска Туристичка Организација при Обединетите Нации во Република Македонија, оствари  средба со претсавници на Стопанската Комора за Туризам на која средба имаше  предвидено Официјално потпишување на Глобалниот етички Кодекс во Туризмот од приватниот сектор. Претседателот на Стопанската Комора за Туризам на Македонија г-ѓа Лела Крстевска го потпиша Кодексот со кој се вброивме во 40 земји во Светот кој го потпишале овој докумет. Со овој Кодекс приватниот сектор преку Комората се обврзува дека ѓе  ги почитува и промовира 10 принципи за одржлив и одговорен туризам.
Г-дин Талеб Рифаи потенцираше дека е многу значајно за Развојот на Туризмот во Република Македонија и потребата на синергија на чинителите во Туризмот искажана преку потпишување на Глобалниот Етички кодекс за Туризмот од приватниот сектор.
 
Татјана Перовиќ-Митрова
Извршен директор на СКТМ
     
Формирана во 2008 година, Стопанската комора за Туризам на Македонија („СКТМ”) е самостојна, независна, неполитичка и непрофитна организација. Мисијата на СKTM е  фокусирање  во подршка, промоција и развој  на туризмот како индустриска гранка. остварување услови за зголемен раст на бизнисот на стопанствениците -туристичи работници, а со тоа  и зголемување на работни места во секторот туризам.
Целта на СКТМ е поттикнување, подршка на локални, национални и меѓународни иницијативи за унапредување на одржливиот развој на туризмот во Република Македониоја.
За остварување на целите и задачите, СКТМ ги мобилизира и организира  туристичките работници на Република Македонија.
 
Контакт лица:
Татјана Перовиќ-Митрова, извршен директор;
Мартин Петковски член на Управен Одбор на СКТМ
Стопанска комора за Туризам на Македонија
ул. Градски Ѕид блок 13, 1000 Скопје
тел. 02 3292 105; мобилен: 075/ 933 086 Татјана Перовиќ-Митрова,
е-маил: sktm@sktm.org.mk

<< Назад

Top