Понуда за Организација на Форум

СТОПАНСКА  КОМОРА ЗА ТУРИЗАМ  НА  МАКЕДОНИЈА
Градски Зид блок 13
1000 Скопје
 Предмет:  Понуда за Организација на Форум – Конференција во рамките на Редовно Собрание на СКТМ,
         Хотел Молика, Национален парк Пелистер Битола 
 Термин  -  21-22/23.11.2014 година
 Почитувани колеги,
Искрено, многу не радува фактот што најпосле ке го имаме задоволството да бидеме Вашите домаќини и коорганизатори на Редовното Собрание на СКТМ во чии рамки ќе се одржи Форумот – Конференцијата  во втората половина од  Ноември оваа година.
Капацитетот на хотелот Молика Ви е ставен на располагање за организиран престој на сите заинтересирани членки на СКТМ , кои ке земат учество во работниот дел на Собранието и ке бидат дел од заедничкото дружење  од 21 -23  Ноември  во прекрасниот  планински амбиент што не опкружува.
Секако  дека , за нас ова ке претставува  уште една можност  да ја потврдиме нашата традиционална гостопримливост и подготвеност во целост да ја реализираме севкупната замислена агенда:
  • Во однос на сместувањето на учесниците и делегатите на  престојното Собрание , хотелот Молика Ви предлага повластена понуда  за групна посета и сместување  во  еднокреветни и двокреветни  соби со иста понудена цена  врз основа на следните аранжмани:
 
  1. Дводневен аранжман врз база на  еден полн пансион , почнувајќи со вечера на 21 Ноември, завршувајќи со ручек на 22 Ноември по цена од1870,00 денари за едно лице.
Во цената на дводневниот аранжман е вклучено учество на работниот дел од Собранието , промотивен и работен материјал, Свечена вечера  во Петок на 21.11.2014 година -Коктел - бифе со декорирани специјалитети  од  повеќе видови храна, коктел пијалоци, музичка програма за забава и дружење , организирани кафе паузи за двата дена на  21 и 22.11.2014 година , доручек и ручек на 22.11.2014 година.
  1. Тродневен аранжман врз база на  два полни пансион , почнувајќи со вечера на 21 Ноември , завршувајќи со ручек на 23 Ноември по цена од3160,00 денари за едно лице.
Во цената на тродневниот аранжман е вклучено учество на работниот дел од Собранието, промотивен и работен материјал, Свечена вечера  во Петок на 21.11.2014 година - Коктел - бифе со декорирани специјалитети  од повеќе видови  храна, коктел пијалоци, музичка програма за забава и дружење ,  организирани кафе паузи за двата дена  на 21 и 22.11.2014 година , доручек и ручек на 22.11.2014 година, и полн пансион од 22.11.2014 година – Сабота ,до 23,11.2014 – Недела  година завршувајќи  со ручек.
 
  1. Тродневен аранжман врз база на  еден полн пансион, почнувајќи со Свечена вечера од 21  Ноември во Петок ,  и користење на уште еден полупансион до Недела на 23.11.2014 година, со доручек ,изнесува 2980,00 денари за едно лице.
  2. Гостите и делегатите кои од оправдани причини имаат потреба да користат еден полу пансион  да престојуваат само  во првиот ден од Собранието , во терминот од 21 – 22 .11 . 2014 година , и  ќе ги користат услугите за Свечената Вечера , ноќевање и доручек на 22.11.2014 година  цената изнесува 1560,00 денари за едно лице.
  • Во понудените  цени   е вкалкулирана туристичка такса , и ДДВ во висина  од 5%.
  1. За гостите и делегатите кои нема да престојуваат во хотелот Молика , и нема да ги користат пансионските услуги со услуга ноќевање , учество на работниот дел од Собранието, Свечената вечера на 21.11.2014 година и организираните кафе паузи ,  понудата изнесува 800,00 денари за едно лице.
Услугата од овој тип со вклучен дополнителен ручек на 22.11.2014 година ( Сабота ) , изнесува  вкупно 1250,00 денари за едно лице.
            Секако  дека за времетраење на Собранието и целиот престој,Бесплатно е  користењето на сите  работни простории за  сите предвидените  работни средби  . Во зависност од пријавениот број на учесници ќе ја подготвиме Салата за состаноци со сите неопходни технички помагала.
Доколку бројот на учесниците , гостите и делегатите ја надминува бројката од капацитетот на Салата за состаноци ,настанот ќе го реализираме во ресторантската просторија на хотелот.  Хотелот Молика располага  со слободна интернет зона, каде во пријатен мир карактеристичен за Националниот парк Пелистер и одлична работна атмосфера, успешно ќе ги реализираме сите  планирани  работни активности.
За време на  престојот  и во согласност со работната Агенда  ке се погрижеме за сите наши  гости да организираме дополнување на настанот со соодветна понуда  за разонода .
Покрај дружењето за време на работниот дел би можеле да предложиме дел од активностите кои би биле по завршувањето на официјалниот дел на Собранието :
  • Организирана посета на Националниот Парк Пелистер, информации за карактеристиките на паркот, прошетка низ Историската Патека од Првата Светска Војна  ( во контекст на 100 години Прва Светска Војна ), посета на Информативсниот центар во паркот и музејот на националниот парк Пелистер.
  • Заедничко дружење во некој од вечерните клубови  на Битола   и прошетка низ Широк Сокак во Сабота навечер на 22.11.2014 година.
  • Доколку Вие имате намера да  додадете нокој предлог околу организацијата на нешто дополнително, истото би можеле заеднички  да го реализираме .
Од “Outdoor” активностите за забава и разонода, на сите оние кои ќе најдат слободно време  најтопло им  ги препорачуваме кратките прошетки по околните  пешачки патеки до локалотетот Копанки, видиковецот Јоргов Камен , и другите  патеки кои се  во непосредна близина на хотелот.
Уживањето во раскошот на мириси и бои кои Пелистер ги има во тој период од годината , пешачењето по жолтиот тепих од паднатите лисја ,надополнето со живописната околина која не опкружува тука, сама по себе претставува незаменлив и идеален терен за   тим-билдинг , дружење и разонода.
Корисни информации:
  • Хотелот Молика располага со вкупен капацитет од  112 легла распоредени во 57 хотелски соби.
  • Резервации  во хотелот Молика на телефоните  047 229 406 , 075 49 57 25 или на e-mail – hmolika@t-home.mk.
  • Информација за потврдените резервации да се достави и во канцеларијата на СКТМ во Скопје , во електронска форма. Заради навремени подготовки околу севкупната организација пожелно е потврдата за резервацијата да биде навремено доставена.
  • Начин на плаќање  –  авансно со Про—фактура, по добиена Фактура во законски предвидениот рок,  со сите видиви кредитни картички на рецепција во хотелот Молика, и во готовина при одјава во хотелот.
  • Заради  условите и карактеристиките на планинскит масив Пелистер во тој термин од годината , задолжително е поседување и носење на зимска опрема во своите возила.
  • За сите дополнителни информации околу престојот и организацијата на настанот,  и лице за контакт :
      Никола Каровски
      Тел: 075 29 19 23 / 075 471 904 или на e-mail karonik@live.com
     Со надеж дека ќе направиме заеднички напори успешно и во целост да ја реализираме оваа планирана посета,  и ќе ја имаме честа да Ви посакаме ,, топло добредојде “ во нашиот хотел, најсрдечно Ве поздравуваме.
            Со почит,
Октомври , 2014 година
       ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје
                                                                            Подружница Молика Битола
                                                                       Сектор за маркетинг и продажба
 

 





<< Назад

 

Top