Записник пето собрание

ЗАПИСНИК
ПЕТО СОБРАНИЕ
СТОПАНСКА КОМОРА ЗА ТУРИЗАМ НА
МАКЕДОНИЈА
19 ноември 2011 година
Хотел Вип - Скопје
Работното претседателство на Петтото Собрание на СКТМ во состав:
  • Г-дин Ангел Иванов – Претседавач на Собранието
  • Г-дин Панче Трајковски - член
  • Г-дин Касам Шаќири - член 
  • Г-ѓа Татјана Перовиќ-Митрова - член
  • Г-дин Мартин Петковски - записничар
Претседавачот на Собранието Г-дин Ангел Иванов го повика претседателот на верификационата комисија г-дин Александар Чоневски да поднесе извештај за присуството на делегати на 5-тото Собрание на СКТМ.
Верификационата комисија констатира од вкупно 69 оснивачи – претставници на Собрание,   52  преставника се стекнале со право на глас со  подмирување на обврските кон Комората( платена  чланарина). Присутни на седница се 35 основачи и 5 присутни членови. Вкупно присуство на 40 –  преставници на Собранието. Тој  му препорача на претседавачот на  Собранието, на работното претседателство да отпочне со работа бидејќи се создадени услови за отпочнување со работа согласио  Статутот и Деловникот за работа на Собранието на СКТМ.
Верификационата комисија  во сосотав:
  • Г-дин Александар Чоневски – претседател
  • Г-дин Зибер Бислими – член
  • Г-дин Бранко Босилков- член
  • Г-ѓа Весна Бождарова – ( техничка подршка за  изборниот процес)
Претседавачот на Собранието г-дин Ангел Иванов со пригодно обраќање им посака на присутните успешна работа, нагласуваќи го значењето на седницата за особено важна по одржување на четвртото Собрание во јули месец, каде се донесе нов Статут, усогласен со Законот за Стопански Комори. Тој го презентираше предлог дневен ред и даде свој коментар по истиот, односно во точка 5.1 иабор за претседавач на Собрание да се брише
Усвојување на предлог Дневниот Ред:
Дневен Ред за петтото Собрание на СКТМ
  1. Одлука за исклучување на членови – основачи  на СКТМ од Оснивачи
  2. Одлука за прием на членови – основачи  на Собрание
  3. Усвојување на деловници за работа
  • Деловник за работа на Собрание
  • Деловник за работа на Управен Одбор
  • Деловник за работа на Надзорен Одбор
  • Деловник за работа на Секторите на СКТМ
  1.  Извештај за работа на СКТМ 2011год
  2. Избор на Органи на Комората
  • Избор на Претседател на Комората
  • Избор на членови Управен Одбор
  • Избор на членови Надзорен Одбор
Дневниот Ред беше едногласно усвоен со измена, да се брише од точка 5 – избор на претседавач на Собрание.
Пред почетокот со работа по точките од дневниот ред, Претседавачот на Собранието на СКТМ им додели плакети на Команиите кои од формирање на Комората  па до денес покрај активното залагање за функционирање и работа на комората ја подржаа и финасиски.
Плакети за  досегашната подршка, промоција и развој на СКТМ следните компании:
  1. Зоран Ковачевиќ- Магелан,
  2. Панче Трајковски- Хотел ВИП,
  3. Емил Димотровски – Атлас Корпорејшн,
  4. Дејан Бешлиев -Атлас Плус,
  5. Зибер Бислини -Еуротурист,
  6. Стеван Пешевски -Савана.
Точка 1         Претседавачот на Собранието г-дин Ангел Иванов  даде збор на извршниот директор за да ја образложи одлуката за исклучување на членови- основачи од СКТМ. Татјана Перовиќ-Митрова образложи дека до ова одлука е дојдено по два основа. Првиот основ е  кршење на Одредбите на Стаутот на СКТМ, а вториот членки кои сакаат да испат од основачи и членови на СКТМ, бидејќи членуваат во здружение кое е посоодветно за нив.
Се отвори дискусија по Одлуката, при што г-дин Ангел Иванов предлага сите членки кои го кршат Статутот да се исклучат, додека Зоран Ковачевиќ предложи да оние членки кои ја немаат измирено чланарината за 2011год. да не се исклучат. Емил  Димитровски предложи да оние членки кои ја немаат измирено чланарината за 2011год.  да им се дадае рок од една недела да се изјаснат пимено и да побараат евентуално намалување на висината на чланарина Согласно Статутот на СКТМ член 19 став 3 и 4.
Листата на Членови – основачи на Коморта кои се исклучени поради кршење на одредбите на Статутот на СКТМ се:
  1. Живко Крстевски – Александар
  2. Зоран Богатиновски- Амбасадор
  3. Михаил Китановски – Боби –Ем
  4. Билјана Лолеска – Гарут
  5. Зоран Митревски – Гранада (Универзум травел)
  6. Александар Стојчевски – Еуротравел Интернационал
  7. Јотовска Елка – Кондор бр.1
  8. Весна Апостолоска – Лион Олимпик
  9. Љубица Б. Цветановска- Мередијан
  10. Славчо Буклишев – Орбита
  11. Мате Бошковски – Оскар травел сервис
  12. Константин Циривири- Водичи во планина
  13. Гордан Давитковски – Македонска туристичка заедница
  14. Антонио Горгов- Сама холидеј
  15. Соња Наумова – Стела травел
  16. Аце Миленковски – УТМС
  17. Стојчевски Александар- Лука Травел ( самостојно истапи)
Се усвои Одлуката за исклучување на оснивачи и членовите кој немаат платено чланарина. Со 39 гласа за, 1 против и 1 воздржан. Седумнаесет (17 ) членки на СКТМ се исклучени
Точка       Одлука за пристапување на членки на СКТМ какао основачи –претставници во Собранието на СКТМ, поднесоа барање до комисијата за прием при СКТМ. Вкупно 14 членки добиа право да пристапат како основачи – преставници во Собранието на СКТМ. Список на основачи –членки на СКТМ е:
  1. АМСМ услуги турс – Илидија Димитрова-Бошковска
  2. Ана Турс Интернационал Зоран Ѓошевски
  3. Ариес – Наташа Божиновска
  4. Атлантис – Сашо Дончовски
  5. Генарал турист 2000 – Јакимов Перо
  6. Мартин(Пан Промет) – Бажана Ордева
  7. Сим-дизајн -  Соња Кушовска-Трајковска
  8. Феријал –Кашиков – Димитар Кашиков
  9. Фондација Тиквешки вински пат- Виолета Јанкова
  10. Хотел Гранит – Пере Кутановски
  11. Летс травел балканс – Филип Стефаноски
  12. Долар Турс – Мирјана Насковска
  13. Мат ервејс – Мирче Димитровски
  14. Балкан нет – Ивица Томовски
 Се усвои Одлуката за пристапување  на 14 нови членки како основачи на СКТМ.  Со 40 гласа за,  1 против  само за една членкам Мат Ервејс од Листата. Четиринаесет (14 ) членки на СКТМ се примени како основачи
Tочка 3       Татјана Перовиќ-Митрова ги презентира деловниците за Работа на Собранието , на Управниот Одбор, на надзорниот одбор и на Секторите на СКТМ. Таа потенцираше дека  согласно новиот Статут на СКТМ од 17.07.2011год. Деловникот за Работа на Собранието и Деловникот за работа на Управниот Одбор морале да се усогласат па наместо со измени и дополнување на постојните Законодавно-правната комисија на СКТМ  пристапила на усвојување комплет нови Правилници. Според новиот закон за Стопанкси комори и улогата на Надзорниот Одбор ја наметнало потребата да се изготви и правилник за работа на Надзорниот Одбор. И како последен но и многу важен е Правилникот за за работа на Секторите на СКТМ, кој ја дефинира процедурата за работа, именување на претставници и кој е член на секторите при СКТМ
Деловниците за работа на Собрание, на Управен Одбор, на Надзорен одбор и на Секторите беа едногласно усвоени
Точка4          Претседателот на Комората г-дин Емил Димитрвски, поднесе извештај за работата и активностите на СКТМ во периодот помеѓу третото и петтото Собрани (декември 2010 до ноември 2011год). Тој стави акцент на усогласувањето на Статутот на СКТМ со Новиот Закон за Стопански Комори, односно донесување на нов Статут на СКТМ на четвртото Собрание на СКТМ кое се одржа на 27 јули 2011год. во Хотел Радика –Маврово. Тој образложувајќи ги активностите за изминатата госина и начинот на фунционирањето на Комората во период кога Управниот Одбор си даде колективна оставка на 15.06.2011, поради не функционирањето и не работењето на Управниот Одбор, ги потенцираше активностите во соработката со Владата, министерството за Економија, какао и учество во работата во формираниот Комитет за туризам. Во делот на финасискиот извештај ги потенцираше проблемите на буџетот на СКТМ, бидејќи комората исклучиво или најголлем дел се финансира од чланарината, а само еден мал незначителен дел од услуги и организација на настани. Своето излагање го заврши со поднесување на неотповиклива  Оставка на Претседател на Комората
По Извештајот се отвори дискусија каде Претседавачот на Собранието ги повика сите членови на Управниот Одбор присутни на седницата да дадат усмен извештај за својата работа какао член на У.О. г-дин Мартин Петковски даде коментар по Извештајот од претседателот на Комората, сметајќи дека во извештајот се наброени активности на Комората, но за жал го смета одговорен Претседателот за не работењето на У.О. во изминатиот период.г-дин Бешлиев и г-дин Андрески имаат замерки на финасискиот извештај, дека треба да се даде картица со приходи и обврски на Комората. Г-гица Крстевска имаше замерка на превземените обврски за организирање на ,,ИСТА,, ако министерството за економија не ги префрли потребните сретства таа лично ќе се заложи за наоќање на решение за измирување на обврските превземени од Проектот ,, ИСТА,,
Се побара да се прави финасискиот извештај, за да може да се усвои.
Собраниет ги прифати оставките на Управниот Одбор на СКТМ и на Претседателот на СКТМ.
Извештајот да се подели на два дела и тоа извештај за рботата на СКТМ и финасиски извештај на СКТМ.
Се усвои извештајот на Работата на СКТМ со 38 гласа за, 2 против и еден воздржан.
Финасискиот извештај на СКТМ во делот на ставките е прифатлив на да се гласа по електронски пат откога ќе биде изготвен согласно препораките на г-дин Бешлиев и г-дин андрески. Се усвои финасискиот извештај на СКТМ со 38 гласа за, 2 против и еден воздржан.
Точка5          Претседателот на Верификациона Комисја г-ди Александар Чоневски, го образложи начинот на Изборниот Процес, за Претседател на Комората, за  10 членови на Управниот одбор и 3 члена за надзорен Одбор. Галсачки ливчиња беа подготвени од Сите членови-основачи кои уредно ги имаа подмирено обвските кон Комората. Гласачко ливче со Вкупно 61 кандидат за кого може да се гласа .
  • Се пристапи кон гласање за Претседател на СКТМ
          беше избрана          Г-ца Лела Крстевска
          Се усвои Одлука за Претседател на СКТМ
  • Се пристапи кон гласање на 10 члена на У.О.
Се усвои Одлука за  именување на членови на У.О.
  1. Стеван Пешевски – Савана
  2. Касам Шаќири - Јета Аир
  3. Панче Трајковски- Хотел Вип
  4. Ѓорги Вчков- Македонија Сообраќај
  5. Александар Чоневски- Игуана
  6. Горан Јаневски- Компас Скопје
  7. Дејан Бешлиев- Атлас Плус
  8. Зоран Ковачевиќ-  Магелан
  9. Бранко Босилков –ЗТВПМ
  10. Мартин Петковски- Пет агенција
  • Се пристапи кон гласање на 3 члена за Н.О.
Се усвои Одлука  за именување на членови на Н.О.
  1. Емил Димитровски - Атлас Корпорејшен
  2. Љупчо Андрески - Путник Алта турс
  3. Перо  Јакимов -  Генералтурист 2000
Седницата на Собранието започна во 11 часот, а заврши во 16 часот
ЗАПИСНИЧАР                                                 ПРЕТСЕДАВАЧ НА СОБРАНИЕ
Мартин Петковски                                         Ангел Иванов
                          ЗАВЕРУВАЧ НА ЗАПИСНИК
                             Татјана Перовиќ-Митрова
 

 





<< Назад

 

Top