Записник шесто собрание

ЗАПИСНИК
ШЕСТО СОБРАНИЕ
СТОПАНСКА КОМОРА ЗА ТУРИЗАМ НА
МАКЕДОНИЈА
19 мај 2012 година
Хотел Вип - Скопје
Работното претседателство на Петтото Собрание на СКТМ во состав:
  • Г-дин Ангел Иванов – Претседавач на Собранието
  • Г-дин Панче Трајковски - член
  • Г-дин Касам Шаќири - член 
  • Г-ѓа Татјана Перовиќ-Митрова - член
  • Г-дин Мартин Петковски - записничар
Претседавачот на Собранието Г-дин Ангел Иванов го повика претседателот на верификационата комисија г-дин Александар Чоневски да поднесе извештај за присуството на делегати на 6-тото Собрание на СКТМ.
Верификационата комисија констатира од вкупно 63 оснивачи – претставници на Собранието,присутни на седница се 27 основачи и 1 присутен член. Вкупно присуство на 28 –  преставници на Собранието. Бидејќи уште 4 преставници го најавија своето доцнење на почетокот на Седницата, тој му препорача на претседавачот на  Собранието, на работното претседателство да отпочне со работа бидејќи со најавените 4 преставници ќе има вкупно 32 члена што е потребниот кворум за работа на Собранието, согласио  Статутот и Деловникот за работа на Собранието на СКТМ.
Верификационата комисија  во сосотав:
  • Г-дин Александар Чоневски – претседател
  • Г-дин Зибер Бислими – член
  • Г-дин Бранко Босилков (со Полномошно Горан Јаневски) - член
Претседавачот на Собранието г-дин Ангел Иванов со пригодно обраќање им се обрати на присутните и побара мислење за отпочнување со работа на Седницата. Се предложи да Собранието отпочне со работа но да се промени распоредот на точките на Дневниот ред по важност односно Одлуките да се поместат подолу како би им се дало на колегите кои треба да дојдат и би се оформил потребниот кворум за носење на Одлуки.
Усвојување на предлог Дневниот Ред:
Дневен Ред за шесто Собрание на СКТМ
  1. Усвојување на Записник од 5-то Собрание на СКТМ
  2. Извештај за работата на Управниот одбор на СКТМ за период Декември 2011 год. - Мај 2012 год.
  3. Финансиски Извештај на СКТМ –  за период Декември 2011 год. - Мај 2012 год.
  4. Избор на Заменик Претседател на СКТМ ( останато од 5-Собрание на СКТМ)
  5. Одлука за измена и дополнување на Програма за работа за 2012 год.
  6. Одлука за висина на членарина за 2013 год.                     
  7. Одлука за формално правно именување на раководители на сектори во СКТМ
  8. Разно
Дневниот Ред беше  усвоен со измена на редоследот на точките на Дневниот Ред
Точка 1          Претседавачот на Собранието г-дин Ангел Иванов  даде збор на извршниот директор за да го Обрзложи Записникот од петото Собрание на СКТМ. Таа во своето образлагање нагласи декa Записникот е доставен до Централен Регистар на Република Македонија во декември 2011годи, поради промена на раководната структура, во органите на СКТМ, а согласно Законот за Стопански Комори е и обврска,истиот е и прифатен од ЦР на РМ.
По текстот на Записникот г-дин Зоран Ковачевиќ даде свој коментар по т 1, каде побара корекција на неговата изјава( дека не е за членките – основачите  да не се исклучат од СКТМ, туку  да не се тужат). Тој побара да се направи промена на зборчето исклучи со тужи.
Се усвои Записникот од Петото Собрание на СКТМ со посочената корекција.
Точка        Извештај за работа на Управниот одбор на СКТМ за период Декември 2011 – Мај 2012. Го поднесе Претседателот на У.О. и Комората г-ѓа Лејла Крстевска :
Таа во своето излагање  ја потенцираше работата на У.О. во  периодот на изминатите 6 месеци кои резултиираа со 10 седници,на кои се  Донесени се нови правилници, нови раководители на комисии, учества на настани и странски конференции, состаноци со АППТРМ, работна група за субвенционирање, средба со организаторите на ИСТА за да се разреши настанатиот проблем, извештаи од судот на честа, учесто на манифестацијата св Трифун, одржани состаноци со ЗАМП со предлог за формирање на нов договор, предлог за категоризација на СКТМ . Во овој период исто така треба да се истакне и учеството на ,,Скопје Травел Маркет,, кое донесе позитивни  критики, како и организацијата на Првата Конференцијата  на СКТМ. Во овој период во Коморатасе зачленија 6 нови членки.Редовен член на комитетот за туризам каде претцедателот е преставник. Комуникација со АППТРМ кој  за следната година бара будзет од 9 мил евра на годишно ниво. Во процес на нов правилник за водичи и нови правилници за лиценци. Воспоставување контрола... комората го поддршува здружението за водичи да формира професионална водичка служба, нови проекти кој се припремаат. Во овие 6 месеци управниот одбор има добра соработка со надзорниот одбор како и со судот на честа.
По извештајот неколку членки имаа свои коментари и одредени прашања по Извештајот.
Г-дин Дејан Бешлиев член на У.О. постави прашање како е решен проектот ИСТА и Регистрацијата на АТАМ. Му беше обрзложен начинот и постапката за Проектот ИСТА и во која Фаза е сега решавањето на ова прашање. Прашањето регистрација на АТАМ ке се разгледува во точка разно.
Тој исто така имаше коментар дека членството на СКТМ со организација на Конференцијата и учетво на Скопје Травел Маркет ја врати довербата дека сепак нешто се работи во комората но тој сепак имаше замерка на одредени колеги кои не присуствуваа на Конференцијата иако беа сепак присутни на своите штандови како излагачи, а втората панел дискусија беше од особено значење за членките на СКТМ
На прашање
Г-дин Горан Јаневски член на У.О.исто така ја констатира мало присуство на Конференцијата , но тој образложи зошто тоа се случи: на Отварањето на Конференцијата беше присутен познатиот актер од Турска серија која имаше улога на Конзул на Северен Кипар, поради што се доцнеше со панел дискусиите.
Г-дин Тихомир Пиневски смета дека комуникацијата со министерството за економија во врска со одобрувањето на субвенции односно одобрени сретсва не се иплаќаат. Г-ѓа Лела Крстевска го информираше дека од оваа година надлежна е Агенцијата ( АППТРМ).
Се усвои извештајот за работата на У.О. на СКТМ во период од декември 2011 до мај 2012г. со забелешка од Претседавачот дека ова може да е извештај од работата на СКТМ, тој исто така потенцира дека Комората постои  веќе 4 години.,
Точка 3     
Претседателот на Н.О. г-дин Љупчо Андрески го образложи        финасиското работење на СКТМ, со предлози за решавање на побарувањата и обврските  на СКТМ настанати до 2011год.
Финасискиор Извештај од јануари  до мај 2012год.  презентираше извршниот директор, која потенцира дека во овој период благодарение на сретсва за организација на Скопје Травел Маркет, покрај тековните трошоци за плата, сметковоствени услуги, се покриени и стари обврски, од 2010 и 2011год.  
Усвоена листата за начинот на измирување на побарувањата и обврските на СКТМ до 2011год.Извештаите  заедно со запсникот од ова седница на Собрание да бидат доставени до членството на СКТМ.
Точка4,5,6 и 7         Поради немање кворум ниту се разгледуваа ниту усвојуваа, се препорача на Управниот Одбор на СКТМ да на првата наредна седница, да разгледа можност за  нов термин за продолжување на шестото Собрание, како би можело да се одлучува по точките за кои е потребен кворум за одлучување.
Точка8          Под точка разно се разгледуваа и се дискутираше на неколку отворени прашања за кои присутните бараа објаснување.
  1. Г-дин Перо Јакимов –  Дали канцеларијата на СКТМ ја користи и Здружението на Водичи (ЗТВПМ) и дали ако ја користи Здружението плаќа односно партиципира во трошоците. Г-дин Емил Димитровски објасни од кога е Здружението во простории на СКТМ и од кои причини се со нас во просториите. Во овој момент Здружението го плаќа моб. Телефон на извршниот директор месечно и  тоа изнесува од 1.400,00 – 2.000,00 зависно направениот трошок.
  2. Регистрација АТАМ – Претседателот на Судот на честа објасни дека по барање на У.О. на СКТМ имале седница по ова прашање, Записникот од таа седница го добиле со 1 месец задоцнување, активностите на СКТМ во тој период беа во насока на организација на Саем и Конференција, па У.О. не го разгледуваше ова прашање. По основ на записникот од Судот на честа кој го добиле присутните на таа седница, член од Судот на чета имал забелешка на наводите, бидејќи не било земено во предвид изјавата на основачите на АТАМ. Г-дин Емил Димитровски пренесе дека неможе да се произнесе се додека не го добие записнкот од Судот на Честа, но тој повторно образложи зошто е формиран АТАМ и на кој начин. Па воедно беше и одговорено на прашањето на г-дин Дејан Бешлиев, зошто АТАМ не е формиран од СКТМ и дали има воља од оснивачите на АТАМ сега тоа да се напрви, на тој начин би се затворило прашањето АТАМ.
Поради немање на кворум за одлучување Седницата на шестото Собрание по точките 4,5,6 и 7 да се закаже дополнително, У.О. да предложи нов дадтум за продолжување на седницата.
При завршнпто излагање, пред да ја затвори седницата  Претседавачот на Собранието г-дин Ангел Иванов го истакана своето незадаловолство и незадоволството на присутните делегати кои и покрај својата добра намера да ја поддржат работата и одлуките на У.О., беше неможно, бидејќи за полноважни Одлуки е потребно 51% присуство на основачите и членството. Тој ја нагласи потребата да Верификационата Комисија на Собранието во иднина  не само на почетокот на работата на Собранието туку и за време на работата  да го контролира кворумот особено пред да се гласа за предложените Одлуки. Да не се прифаќа полномошно на колега за време на оддржување на седница да даде на друг колега (не допустливо). Констатирам дека целиот тек на  седницата мина без потребниот кворум и покрај поминатитите точки од дневниот ред, реферирање и полезни дискусии, од овие причини му препорачувам на У.О. на СКТМ да закаже ново Собрание
Седницата на Собранието започна во 13,15 часот, а заврши во 16,15 часот
ЗАПИСНИЧАР                                                 ПРЕТСЕДАВАЧ НА СОБРАНИЕ
Мартин Петковски                                         Ангел Иванов
                           ЗАВЕРУВАЧ НА ЗАПИСНИК
                              Татјана Перовиќ-Митрова
 

 





<< Назад

Top