Записник од продолжение на шесто собрание

ЗАПИСНИК
ОД ПРОДОЛЖЕНИЕТО НА
ШЕСТО СОБРАНИЕ
СТОПАНСКА КОМОРА ЗА ТУРИЗАМ НА
МАКЕДОНИЈА
21 септември 2012 година
Аурора ресорт&спа-Берово
Работното претседателство на продолжението на  Шестото Собрание на СКТМ во состав:
  • Г-дин Ангел Иванов – Претседавач на Собранието
  • Г-дин Панче Трајковски - член
  • Г-ѓа Лела Крстевска - член 
  • Г-ѓа Татјана Перовиќ-Митрова - записничар
Претседавачот на Собранието г-дин Ангел Иванов ја повика  Татјана Перовиќ-Митрова да поснесе извештај  за присуството на делегати на продолжението на 6-тото Собрание на СКТМ.
Како претставник за верификација, таа  констатира од вкупно 59 оснивачи – претставници на Собранието, присутни на седница се 24 основачи, во последен момент откажано присуство на Балкан Турист кој усмено го известил Претседавачот на Собарание дека прифаќа да се смета неговото присуство, ова важи и за претставникот  од Ореов Лад, Атлас Корпореишен, Деница и Долар Турс, со Ова се иполнува кворум од 29 оснивачи- претставници на СКТМ. На седницата присуствуваа и двајца (2) гости и членки на СКТМ. Констатиран     кворум за да може да отпочне, и да се продолжи со работа седницата на шестото Соберание на СКТМ
Претседавачот на Собранието г-дин Ангел Иванов со пригодно обраќање им се обрати на присутните, и воедно им ја честиташе наградата на Аурора ресорт & спа за добиената награда за најдобар ,,Спа ценатар на Балканот,, на манифестацијата која беше организирана на почетокот на месец септември 2012год.  во Република Бугарија.
За да може да се продолжи по Дневниот Ред, г-ѓа Лела Крстевска со кусо резиме од усвоените и поминати точки од седница на шесто Собрание оддржана на 19 мај 2012год. а врз основа на Запсник од шесто Собрание на СКТМ
Точка 4          Избор на Заменик Претседател на СКТМ
Претседателот на СКТМ г-ѓа Лела Крстевска образложи зошто е неопходно да се избере Заменик Претседател на СКТМ. Како прво  Статутарната обврска,а не помалку значајно што скоро едногодишното искуство како Претседател на СКТМ, бројните состаноци со институции обврски кои ги носи функцијата Претседател, и покрај тоа што е волонтерска функција таа 5 дена во неделата е ангажирана за СКТМ. Таа дополни дека понекогаш едноставно не е можно да постаса на сите состаноции,  со изборот на Заменик Претседател на СКТМ, би можело да се поделат активностите.  Преседавачот на Собранието побара предлози за Заменик Претседател. Г-дин Панче Трајковски како полномошник на г-дин Касам Шаќири и во свое име го предложи Стеаван Пешевски од Савана. Татјана Перовиќ-Митрова како полномошник на Бранко Босиков  исто така го предложи Стеван Пешевски.
Г-дин Пешеввски сметаше дека е добро да се предложи некој кој  не е член на У.О.или други органи  на СКТМ, поради  давање на можност и на други членки да се вклучат во работата и активностите на СКТМ.
Г-ѓа Соња Митриновска-Боева се предложи за Заменик Претседател, бидејќи како претставник на АМСМ турист сакаат активно да се вклучат во работата на Комората.
Едногласно избран Стеван Пешевски–Савана за Заменик Претседател на СКТМ. г-дин Стеван Пешевски си даде неотповиклива оставка од член на У.О. предлогот се Прифати а на испразнетото место –член на У.О. Едногласно избрана Соња Митриновска-Боева- АМСМ турс .
Точка        Одлука за измена и дополнување на Програма за работа за 2012 год.
Одлуката за измена и дополнување на Програмата за работа за 2012год. ја презентираше Татјана Перовиќ-Митрова која потенцираше дека оваа Одлика е од формален карактер поради времето во кое ќе биде усвоена, бидејќи програмата со измените  веќе во голем дел се реализира.  
Едногласно се усвои Одлуката за измени и дополнување на Програмата за Работа на СКТМ за 2012год.
Точка 6          Одлука за утврдување на висината на чланарината за 2013 година
Врз осноба на предлог на Н.О. и У.О. се изготви Одлука за намалување на чланарината за 2013година, со образложение дека дел од осипувањето на членството и не плаќање на чланаринта е поради висината на чланарината. Предлог за да се намали чланарината за 50% односно да I категорија да изнесува 6.000,00 денари, а II категорија 3.000,00 денари (компании кои имаат до двајца вработени), отвори расправа за оправданоста на намалување на чланарината. Што се сака да се постигне со намалување на чланарината? Дали на со наплата на 100% чланарина се доволно сретсва за функционирање на Комората? Дали и понатаму се сака да Комората не се развива како институција која ќе биде сервис на членките, во предлагање на Законска регулатива, решавање на проблеми и претсавување пред институциите (одржани барања) за кои е потребна стручна служба на Комората?
Врз основа на дискусијата околу начинот на функционирање и потребите за членките се дојде до заклучок дека предложената Одлука  не се усвои, поради висината на предлогот за чланарина за 2013год.
Едно гласно не се усвои Одлуката за висината на чланарина за 2013год. Се задолжи, се даде мандат на У.О. и Н.О. на СКТМ да напарават анализа и буџет на СКТМ, врз основа на претходни предлози - сугестија да чланарината биде предложена во 4 категории (висина на чланарина) Одлуката за висина на чланарина и начин на финасирање на Комората да се достави до Собранието на СКТМ најдоцна до првиот викенд во декември 2012година, со закажување на седница на Осмо Собрание со една единствена точка.
Точка 7          Одлука за формално правно именување на раководители на сектори во СКТМ
Врз основа на член 43 од Статутот на СКТМ, а врз основа на расоредот на членките по сектори и неможноста да се состане оделно секторот за да избере Раководител на Сектор –немање на доволен број на членки во пооделен сектори, се предлага Одлука која дава мандат на У.О. на СКТМ да именува Раководители на Сектори, а секој пооделен сектор на првата седница да го верификува предлогот –избораот на Раководител на Секторот.
Едно гласно  се усвои Одлуката за формално именување на раководители на сектори во СКТМ
Составен дел на овој Записник е и Записникот од Шесто Собрание оддржано на 19.05.2012год
Седницата на Собранието започна во 17,15 часот, а заврши во 19,15 часот
ЗАПИСНИЧАР                                                  ПРЕТСЕДАВАЧ НА СОБРАНИЕ
Татјана Перовиќ-Митрова                                        Ангел Иванов
                                 ЗАВЕРУВАЧ НА ЗАПИСНИК
                                           Лела Крстевска
 

 





<< Назад

 

Top