Записник седмо собрание

ЗАПИСНИК СЕДМО СОБРАНИЕ
СТОПАНСКА КОМОРА ЗА ТУРИЗАМ НА МАКЕДОНИЈА
21 септември 2012 година
Аурора ресорт&спа-Берово
 Работното претседателство на  на  Седмото Собрание на СКТМ во состав:
  • Г-дин Ангел Иванов – Претседавач на Собранието
  • Г-дин Панче Трајковски - член
  • Г-ѓа Лела Крстевска - член 
  • Г-ѓа Татјана Перовиќ-Митрова - записничар
 
Претседавачот на Собранието г-дин Ангел Иванов ја повика  Татјана Перовиќ-Митрова да поснесе извештај  за присуството на делегати присутни на  7-то Собрание на СКТМ.
Како претставник за верификација, таа  констатира од вкупно 59 оснивачи – претставници на Собранието, присутни на седница се 24 основачи, во последен момент откажано присуство на Балкан Турист кој усмено го известил Претседавачот на Собарание дека прифаќа да се смета неговото присуство, ова важи и за претставникот  од Ореов Лад, Атлас Корпореишен, Деница и Долар Турс, со Ова се иполнува кворум од 29 оснивачи- претставници на СКТМ. На седницата присуствуваа и двајца (2) гости и членки на СКТМ. Констатиран кворум за  да отпочне, со работа седницата на седмото Соберание на СКТМ.
 
Претседавачот на Собранието г-дин Ангел Иванов со пригодно обраќање им посака на присутните успешна работа, нагласуваќи го значењето на седницата за особено важна. Тој го презентираше предлог дневениот  ред и даде свој коментар по истиот, односно  точка 5 – Разно да се брише од Предлог-Дневниот Ред, бидејќи на 22 септември 2012год. е предвидена Трибина каде ќе може да се дискутира и дебатира по сите прашања кои ги засегаат преставниците и членките на СКТМ
Едногасно усвоен   Предлог Дневниот Ред со измената предложена од  Претедавачато на Собранието:
 
  1. Предлог Одлука за измена и дополнување на Статутот на СКТМ
  2. Избор на Претседавач на Собрание на СКТМ – Одлука за избор
  3. Избор на членови на Судот на честа- Одлука за избор
  4. Летс травл – случај и превземени активности
 
 
Точка 1        Предлог Одлука за измена и дополнување на Статутот на СКТМ
Одлуката за измени и дополнување на Статутот на СКТМ ја Презентираше Татјана Перовиќ-Митрова која поднесе извештај за потребата на измена на членот 29  Статутот на СКТМ. Со изменувањата и дополнувањата на Статутот на СКТМ во членот 29 ќе се изврши прецизирање, односно се утврдува начинот на обезбедубање оптимален кворум за работа и одлучување на седници на Собрание на СКТМ. Собранието на Комората може полноважно да работи ако на седницата присуствуваат 20 членки оснивачи -претставници на Комората. Овој начин на утврдување на кворум е во согласност со Законот за Стопански Комори Сл.Весник  на Р.М.17 февруари 2011 год.
Едногласно се усвои Предлог Одлуката за измена и дополнување на Статутот на СКТМ и се задолжи стручната служба да изготви пречистен текст на Статутот на СКТМ.
Точка        Избор на Претседавач на Собрание на СКТМ – Одлука за избор
  • Брз основа на член 28 став 3-Претседавачот на Собранието се избира за време од две година, со право на само еден повторен избор.
  • Досегашниот Претседавач г-дин Ангел Иванов беше предложен за уште еден мандат.
  
Едногласно избран Претседавач на Собрание на СКТМ г-дин Ангел Иванов за уште еден мандат.Одлуката за избор стапува на сила на 27.11.2012год.            
Точка 3          Избор на членови на Судот на честа- Одлука за избор
   
Претседавачот на Собрание и Претседател на Судот на Честа при СКТМ, достави информација од двајца членови на Судот на честа дека се повлекуваат од членови на Судот на Честа, а еден член на Судот на Честа повеќе од една година е веќе по сила на закон разрешен од член на Судот на Честа. Врз основа на Правилникот за работа и критериумите кои се предвидени за кој може да биде предложен за член на Судот на Честа се пристапи кон предлози за членови на Судот на Честа при СКТМ. Г-дин Панче Трајковски даде сугестија да предлозите на членовите се бираат врз основа-   членовите бидат предлагани  од секој сектор  на СКТМ, да има минимум еден член.
Листата  на предложени на Членови на Судот на Честа При СКТМ се:
 
1.Ангел Иванов – претседател
2.Мирче Пешевски- член
3.Панче Трајковски- член
4.Ѓорги Вчков – член
5.Димитар Кашиков – член
6.Бранко Карески – член
 
Едно гласно избрани членови за Судот на Честа со мандат од 4 години Одлуката за избор стапува на сила на 27.11.2012год.
 
Точка 4          Летс травл – случај и превземени активности
 
Извештај за целиот случај и сите превземени активности, состаноци со Министерствот за Економија, со осигурителната компанија Еуроинс, дописи до сите институции, организирање на Пресс Конференција, поднесување на пријави за оштетно побарување од 19 туристички агенции, поднесе г-дин Милан Врзел – Фалон кој е дел од работната група која го следи целиот случај. Во своето излагање тој го потенцираше начинот на кој Оштетените Агенции иако имаа договори со Летс травел ДОО за посредување при продажба на аранжмани за Северен Киопар, ги обештетија своите клиенити. Точно е дека согласно постојните прописи не беа во обврска тоа да го сторат, но во договор со повеќе оштетени агенции ја превзеле оваа иницијатива од една единствена причина-зачувување на угледот на еснафот –Туристички Агенции, Туроператори. Од изнесеното се разви дискусија и секој од претсавниците на седницата на Собранието сакаше да се изјасни по овој предмет. како на пр. Што претставува полисата за осигурување од дејност, што таа покрива? Кои дејствија треба понатаму да се превзимаат за да овој случај се искористи како основ за промена на важечките прописи кои ја регулираат оваа материја. Г-дин Ангел Иванов смета дека пред се требаше да се информира Судот на Честа при СКТМ дотолку повеќе што и Летс Травел доо Охрид е членка на СКТМ, понатаму тој посочи дека е прв кој самоиницијативно ги информирал медиумите – печатениот весник Дневник, за да се обзнани целиот случај. Претседателот на СКТМ г-ѓа Лела Крстевска ги информираше присутните последна информација,дека Турскиот Туроператор е членка на ТУРСАБ, и од Зоран Николовски раководител на Секторот за туризам при Министерсвото за Економија го добивме регистарскиот број под кој се води Турскиот уроператор во ТУРСАБ. Истиот е доставен до Културното Аташе за промоција на Туризмот во Македонија на Турција, која во неформална комуникација дала информација дека службата на ТУРСАБ е запозната со овој случај, водела разговор со сопственикот на Турскиот Туроператор и дека ќе сторат се да бидат обештетени како 19-те Туристички Агенции така и патниците кои директно слкучиле договори за Аранжмани со Летс травел доо Охрид.
          Од дискусијата проиалегоа предлози:
  • Секторот Туристички Агенции при СКТМ да свика итен состанок на кој ќе се анализира сезоната 2012год. Да се напарави договор за дестинации, минимални цени за 2013год. добро е да се направи обид односно анализа за почеток за организација на аранжмани кои се прават за празници, ново годишни аранжмани, екскурзии и сл.
Едно гласно  се усвои извештајот за Случај Летс Травел и предлогот на Милан Врзел. Се задолжува Секторот Туристички Агенции да закаже состанок во нај кус можен рок а најдоцна првата половина на месец октомври 2012год.
Седницата на Собранието започна во 19,15 часот, беше прекината заклучно по точка 3 во 20,00 часот на 21.09.2012год. Точка 4 се разгледуваше наредниот ден 22.09.2012год со почеток во 10,30 часот. Седницата на седмото Собрание се затвори 12,00 часот
 
ЗАПИСНИЧАР                                               
Татјана Перовиќ-Митрова
ПРЕТСЕДАВАЧ НА СОБРАНИЕ
Ангел Иванов                                                             
ЗАВЕРУВАЧ НА ЗАПИСНИК
Лела Крстевска




<< Назад

Top