Записник девето собрание

ЗАПИСНИК
ДЕВЕТО СОБРАНИЕ
СТОПАНСКА КОМОРА ЗА ТУРИЗАМ НА
МАКЕДОНИЈА
30 март 2013 година
Конференциска сала –Ресторан
Воденица-Mulino - Скопје
Работното претседателство на Деветото Собрание на СКТМ во состав:
  • Г-дин Ангел Иванов – Претседавач на Собранието
  • Г-дин Арсеније Јаневски - член
  • Г-дин Касам Шаќири - член 
  • Г-ѓа Лела Крстевска - член
  • Г-дин Мартин Петковски - записничар
Верификациона комисија за Девето Собрание на СКТМ во состав:
  • Г-дин Александар Чоневски - претседател
  • Г-дин Зибер Бислими - член
  • Г-дин Горан Јаневски - член
Претседавачот на Собранието Г-дин Ангел Иванов го повика претседателот на верификационата комисија г-дин Александар Чоневски да поднесе извештај за присуството на делегати на 9-тото Собрание на СКТМ.
Верификационата комисија констатира- од вкупно 63 оснивачи – претставници на Собрание, присутни на седницата се 31 основачи и 2 присутни членови, или вкупно присуство на 33 –  преставници на Собранието. Тој  му препорача на претседавачот на  Собранието, на работното претседателство да се отпочне со работа бидејќи се создадени услови за отпочнување со работа согласио  Статутот и Деловникот за работа на Собранието на СКТМ.
Претседавачот на Собранието г-дин Ангел Иванов  по повод јубилејот на СКТМ – пет (5) години постоење, отварајќи ја седницата на Собранието  се обрати пред присутните делегати со една кратка ретроспекива за изминатите пет години постоење и воедно им се заблагодари на сите членки и основачи на Комората за придонесот во Комората и туризмот во Република Македонија. На сите присутни им посака  успешна работа, нагласуваќи го значењето на седницата за особено важна во овој дел, за  организирањето на свечената Седница која ќе следи по службениот дел на тема ,,Отворено со Владата на Република Македонија,, на крајот  го презентираше Предлог Дневен ред.
Усвојување на Предлог Дневниот Ред:
Дневен Ред за деветото Собрание на СКТМ
  1. Усвојување на Записник од 6-то и 7-мо Собрание на СКТМ
  2. Извештај за работата на Управниот одбор на СКТМ за период меѓу две Собранија Октомври 2012год. - Март 2013 год.
  3. Финансиски Извештај на СКТМ –  за 2012 год.
  4.  Програма за работа  на СКТМ за 2013 год.
  5.  Избор и разрешување на членови на Надзорен Одбор                
  6. Одлука за измена на Статутот на СКТМ
Дневниот Ред беше едногласно усвоен
Точка 1        Претседавачот на Собранието г-дин Ангел Иванов  даде збор на извршниот директор за да ги презентира: Записникот од 6-то Собрание на СКТМ оддржанна 19 мај 2012 година во Хотел Вип-Скопје, Записникот од продолжението на 6-тото Собрание на СКТМ оддржано на 21септември2012година во Аурора ресорт&спа  Берово и Записникот од 7-то Собрание на СКТМ оддржано на 21 септември 2012година во Аурора ресорт&спа Берово. Материјалите се доставени до сите присутни и можат да го видат и на презентацијата која е во тек нагласи Татјана Перовиќ-Митрова која го потенцираше значењето на двете Собранија, околу изборт на Заменик претседател на Комората, изборот/реизборот на Претседавачот на Собранието на СКТМ и изборот на членовите на Судот на Честа при СКТМ.
Записниците едногласно увоени без никакви примедби
Точка        Извештај за работата на Управниот одбор на СКТМ за период меѓу две Собранија Октомври 2012год. - Март 2013 год. поднесе Претседателот на СКТМ г-ѓа Лела Крсевска која на почетокот на своето излагање ги поздрави присутните делегати и ги поздрави членовите на органите на Комората сегашни и изминати. Таа ја потенцираше одговорноста на Управниот Одбор на СКТМ и со која одговорност во изминатиот период членовите на У.О. ги извршуваа задачите.
Од материјалите доставени до присутните од Извештајот таа се осврна на учеството на член од СКТМ на Комитетот за туризам на Репблика Македонија, каде сме активно вклучени во  доставување на прашањеа и нивно реализирање.
1.Статистички податоци за потребите на дејноста  туризам  да бидат на едно место. Прифатена нашата иницијатива и се организираше студиско патување до Словенија од преставници на ресорните министерства пред се претсавници од МВР за да се види искуството и да се примени во Република Мкедонија.
2. Новиот тарифник на ММИ- кои се активности се превземени односно иницијатива за оспорување на Тарифникот на ММИ и ЗАМП, резултира со предлог измени на Законот за Авторски права и сродни права кои се очекуваат во наредните два месеца.
3. Состаноци на работна група за Измена на Законт за туристчка дејност и доствување на барање до Министерството за економија да преставник од бизнис зедницата биде вклучен во комисија која ќе ги изготвува измените на Законот.
4. Формирана работна група од претсавници  на сите комори и здруженија од областа на туризмот во Република Македонија за да се произнесе и даде мислење по предложениот текст за Категоризација на сместувачки капацитети дотавен од  ХОТРЕК (Hotelstars Union).
на сите Комори за подготовка на мислење за Д
5. Во рамките на У.О. на СКТМ формирана работна група за случајот Летс Травел
6. Комората е член на НСПК и е во органите на НСКП односно член на Управниот Одбор.
Претседавачот на Собрание го стави Извештајот за работата на У.О. на СКТМ на расправа и усвојување.
Едногласно беше усвоен Извештајот за рботата на У.О. на СКТМ помеѓу двете Соранија.
Точка 3     Татјана Перовиќ-Митрова го презентираше Финансискот Извештај на СКТМ –  за 2012 год. Таа констатираше дека Надзорниот Одбор на СКТМ, врз основа на разгледување на финасиска картица на обрски и побарувања на СКТМ за 2012год.и увид на финасиска-сметководствена  документација од  Завршната Сметка.  препорачува да се усвои Финансискиот извештај за 2012год. на СКТМ. Во својот извештај констатира дека во 2012година се измирени многу обврски кои се провлекувале од предходните години, бидејќи покрај сретсвата од чланарина во 2012год. се добиени сретсва од Спонзорство во висина од 185.000,00 денари како и од организација на ,,Скопје травел маркет,, каде имаше позитивна разлика за Комората од 74.061,00 денари.
Единствени не предвидени трошоци се одлеани од Сметката на СКТМ врз основа на Ивршно решение каде Инекс Дрим Струга си наплати камата на задоцнето плаѓање на ф-ра по основ Проект ИСТА во вредност од 99.450,00 денари. Канцеларијата на СКТМ достави барање до Судот на Честа при СКТМ на 29.01.2013год.
Претседателот на Судот на Честа ги информираше присутните за конкретниот предмет и средбата со г-дин Крсте Блажески и неговото очекување дека по пат на медиаторство овој случај ќе биде решен односно Инекс Дрим –Струга ќе прифати да ги врати сретсвата намалено за 8% реална годишна камата.
Едногласно усвоен Финасискиот Извештај на СКТМ за 2012година
Точка4           Планот и Програма за работа на СКТМ за 2013 год. го поднесе Татјана Перовиќ- Митрова. Таа нагласи дека
  • Планот и програмата  на СКТМ е конципиран врз  планирање на  цели и активности за кои се залага  комората во 2013год. базирајќи се на краткорочниот план на активности од 2012год.
За реализација на предвидената програма на СКТМ за 2013год., ќе ги усогласи своите активности во соработка со:
  • Планот и програмата на  Владата на Р.М.,   Министерството  за Економија и АППТРМ
  • Воспоставување на соработка со Локалните самоуправи за да се реализаират активностите на СКТМ.
Воедно таа потенцираше дека Планот и програмата за работа е изготвен во декември 2012година, кој Управниот Одбор на СКТМ едногласно го усвои согласно усвоениот и планиран буџет за 2013година.
По презентација на Планот и програмата за работа на СКТМ во 2013годин се отвори дискусија за дополнување и тоа од:
Г-дин Арсеније Јаневски кој смета дека Планот и програмата за работа е добар но би требало да се дополни - Комората да се етаблира во партенр на Владата за проекти кои се предвидени во инвестиции во руралниот туризам, на тој начин ќе се зголеми бројот на идни членки на СКТМ, со организирање на трибини кои ќе овозможат на заинтереираните да им се презентираат проектите и условите под кои 50% од инвестицијата ќе биде субвенционирана од Владата односно ИПРД програмата на ЕУ.
Г-дин Панче Трајковски смета дека ИПАД програмата на овој начин како што функционира досега е не употреблива за руралниот развој во туризмот и дека треба да се организира средба со Министерот за Земјоделие и директорот на Агенцијаза финасиска подршка во земјоделството и руралниот развој  
Г-ѓа Соња Кушевска предлага да се изготви прирацник за идните предприемачи во руралниот развој
Г-дин Љупчо Андрески  предложи  да се организираат средби и состаноци со Банките и Осигурителните компании, за надминување на проблемите со прифаќање на еднострани договори кои се на штета на бизнис заедницата како на пр. Осигурување од дејност
Г-ѓа Крстевска појасни околку неприфаќањето на У.О.  да  оваа година се појавиме како соорганизиатори на,,Скопје Травел Маркет,,, бидејќи со одговорните на Скопски Саем не е најден заеднички јазик покрај останатото и не прифаќањето на сугестијата да ,,Скопје травел маркет,, се организира во исти термин коге е и Самеот на Книгата.
Едногласно е усвоена Програмата за работа со дополнување на сите предлози
Точка5           Претседавачот на Собранието г-дин Ангел Иванов ги информираше присутните дека врз основа на доставената оставка од Претседателот на Надзорниот Одбор г-дин Љупчо Андрески и еден член г-дин Перо Јакимовски од Генералтурист 2000 достави Одлука за истапување од членсво во Комората се створија услови за Одлука за разрешување на целиот Надзорен Одбор. Едногласно прифатено разрешувањето на Надзорен Одбор. Претседателот на Верификациона комисја г-ди Александар Чоневски, го образложи начинот на Изборниот процес  за избор на 3 члена на Надзорен Одбор. Галсачките ливчиња беа подготвени врз основа на ранглиста од спроведена електронска номинација и предходна консултација со кандидатите дека се согласуваат со кандитатурата. Беше појаснето дека кандидатот со најголем број на освоени гласови ќе биде избран  за Претседател на Надзорниот Одбор.
  • Се пристапи кон гласање на 3 члена за Н.О.
Се усвои Одлука  за именување на членови на Надзорен Одбор
1.Емил Димитровски - Атлас Корпорејшен -претседател
  1. Милан Врзел – Фалкон Травел-член
  2. Никола Митревски-Ариес - член
Точка6      Одлуката за измени и дополнување на Статутот на СКТМ ја елаборираше г-дин Касам Шаќири, Претседател на Законодавно-правно комисија при Управниот Одбор на СКТМ. Измените и дополнувањето на Статутот на СКТМ се однесуваат на членовите  39 и член 57,во делот на застапување на Комората кои се доставуваат до Централниот Регистер на Р.М. а врз основа од Законот за Стопански Комориод (Сл.Весник на Р.М. бр. 17/2011) во член 19.
Едногласно Усвоена Одлуката за Измени и дополнување на Статутот на СКТМ. се задолжува стручната служба да изготви пречистен текст на Статутот на СКТМ
Врз снова на усвоената одлука за измени на Статутот на СКТМ, Претседавачот на Собранието побара дополнување на Дневниот Ред за Промена на застапување на СКТМ согласно усвоениот Статут.
Едногласно прифатено дополнувањето на Дневниот Ред со точка 6а
Точка 6а
Врз основа на Одлука  за измена на  Статутот во член 57.
Одлука за Именување на извршниот директор да ја Застапува СКТМ, а претседателот на СКТМ согласно член 39 од Статутот на СКТМ се отпвикува од обврската за застапување на СКТМ
Едногласно усвоено да се направи  промената на застапување  пред институциите, наместо Претседателот на СКТМ да се назначи Ивршниот Директор на СКТМ
Врз основа на измените на Статутот Претседателот на СКТМ согласно
Службениот дел на деветот Собрание се затвори со доделување на 11 Благодарници на членки на СКТМ и тоа на
  1. Аренија Јаневски
  2. Емил Димитровски
  3. Лела Крстевска
  4. Ангел Иванов
  5. Панче Трајковски
  6. Касам Шаќири
  7. Ѓорги Вчков
  8. Тоше Чочоровски
  9. Мехмед Меѓедовиќ
  10. Сашо Коруновски – ФТУ Охрид
  11. Жарко Луковски - T-Mobile
Работниот дел на Седницата на Собранието започна во 11,30 часот, а заврши во 13,30 часот
Свечана Седница на СКТМ започна во 14 часот
Свечената седница на Стопанската Комора за Туризам по повод  одбележување на јубилеј  пет годошно постоење се организираше настан ,,Отворено со Владата на Република Македонија,, на кој присусвуваа Министерот за Култура г-ѓа Елизабета Канческа –Милевска, Министерот за Транспорт и Врски г-дин Миле Јанакиевски, Заменик министер за Економија г-дин Христијан Делев и Директорот на АППТРМ г-дин Јордан Трајков каде разменија мислења и идеи од областа на туризмот со членките на СКТМ и поканетитите гости од бизнис заедницата.
Претседателот на СКТМ г-ѓа Лела Крстевска пред присутните преставници од Владата  и гостите ја истакана потребата за организирање на ваков тип на настани кој ќе придонесат за  реализација на веќе превземените мерки за промоција и подршка на туризмот од страна на Вадата, а пак бизнис заедницата да може да предложи конкретни решенија за спроведување на истите.
На средбата членките и гостите на СКТМ, поставуваа прашања од областа на туристичката дејност, но и предлагаа конкретни мерки за подобрување на постоечката легислатива. Претставниците на Владата, во целост одговорија на сите прашања, но и иницираа заеднички состаноци на кои поподробно ќе се дискутираат најсоодветните решенија.
ЗАПИСНИЧАР                                      ПРЕТСЕДАВАЧ НА СОБРАНИЕ
Мартин Петковски                                         Ангел Иванов
                      ЗАВЕРУВАЧИ НА ЗАПИСНИК
                          Татјана Перовиќ-Митрова
                                  Ѓорги Вчков
 

 





<< Назад

Top