Записник десето собрание

ЗАПИСНИК
ДЕСЕТО СОБРАНИЕ
СТОПАНСКА КОМОРА ЗА ТУРИЗАМ НА
МАКЕДОНИЈА
15 ноември 2013 година
ХОТЕЛ ГРАНИТ – ОХРИД
Конференциска сала
Работното претседателство на Десето(10) Собрание на СКТМ во состав:
  • г-дин Ангел Иванов – Претседавач на Собраниет
  • г-ѓа Лела Крстевска – член
  • г-ѓа Татјана Перовиќ-Митрова- член
  • г-дин Мартин Петковски - записничар
Верификациона комисија за Десето(10) Собрание на СКТМ во состав:
  • г-дин Бранко Босилков - претседател
  • г-дин Зибер Бислими - член
  • г-дин Никола Митревски - член
Претседавачот на Собранието Г-дин Ангел Иванов го повика претседателот на верификационата комисија г-дин Браноко Босилков да поднесе извештај за присуството на делегати на 10-тото Собрание на СКТМ.
Верификационата комисија констатира дека на Седницата вкупно присуствуваат 37 претставници на Собранието. Тој му препорача на претседавачот на  Собранието, на работното претседателство, да се отпочне со работа бидејќи се создадени услови за работа и одлучување                                               согласио  Статутот и Деловникот за работа на Собранието на СКТМ.
Претседавачот на Собранието г-дин Ангел Иванов  отварајќи ја седницата на Собранието се обрати пред присутните делегати  искажувајќи задоволство на одзивот  на членките на 10-тота  Седница на Собрание  посакувајќи им успешна работа го презентираше Предлог Дневниот Ред .
Едногласно усвоен  Предлог Дневниот Ред:
Дневен Ред за десето  Собрание на СКТМ
1. Усвојување на Записник од Собранието оддржано на 30.03.2013год.
2. Извештај за работата на СКТМ во период меѓу собранија
3.Извештај на Работата на Судот на честа
4. План и буџет за 2014год.
5. Избор на Претседател на СКТМ
6. Избор на членови на У.О. на СКТМ
7. Разно
Точка 1        
Претседавачот на Собранието г-дин Ангел Иванов  даде збор на извршниот директор за да ги презентира: Записникот од седницата на деветото Собрание на СКТМ оддржано на 30март 2013година. Таа потенцираше дека во Записникот од седницата е поделен и објавен на web-stranata на СКТМ и до денес немало ниту една забелешка по текстот на Записникот од 9-то Собрание. Oвој записник е значаен поради одбележување на пет –години постоење на СКТМ со седница ,, Отворено со Владата на Република Македонија,, на која присуствуваа као гости Министерот за Култура, Министерот за Транспорт и врски, Заменикот министер за Економија како и директорот на АППТРМ. Во работниот дел од деветото собрание треба да се одбележи изборот на членови на Н.О.,  согласно Статутот на СКТМ мандатот на избраните членови на Н.О. е 4 години.
Записникот од  деветото собрание на СКТМ едногласно увоени без никакви примедби
Точка       Извештај за работата на Управниот одбор на СКТМ за период меѓу две Собранија март 2013год. - ноември 2013год. поднесе Претседателот на СКТМ госпоѓица Лела Крсевска која на почетокот на своето излагање  го изрази своето задоволство на одзивот на претсавници на Собранието, констатираќи дека ваков одзив на претсавници на Собранието се должи нај веројатно од сработеното во периодот меѓу двете Собранија, за што сите членки на СКТМ на нај транспарентен начин беа информирани.
Презентиарајќи ги фактогравски одржаните седници на Управниот Одбор, потпишаните Договори за посредување и Меморандумите за соработка со Град Скопје и ДЛЗП кои се од големо значење  за членките на СКТМ и понатамошната работа на Комората.
Таа се осврна на учеството на член од СКТМ на Комитетот за туризам на Репблика Македонија, од формирањето на Комитететот во 2011год. Претсавник на СКТМ во работата на Комитетот доби своство на  постојан член на Комитетот и каде  по одредени заклучоци на Влада на Р.М. нашиот член се задолжува во имае на Владата на Р.М. да остварува контакти за поедини прашања. Така на 16 октомври на седница на Влада на Р.М. врз основа на Заклучок од Комитетот за Туризам – Влада на Република Македонија Претседателот на Стопанска Комора за Туризам на Македонија (СКТМ) г-ѓа Лела Крстевска назначена да оствари средби со Амбасадорите на Швајцарија  и Република Австрија.
Предмет : како во овие земји, како лидери во туризмот, e регулиран и интегриран системот за пријавување на странски гости во сместувачките капацитети.
Во извештајот се издвојуваат и
1. Остварените состаноци со министерсвото за економија, за Измена на Законт за туристчка дејност и доствување на барање до Министерството за економија да преставник од бизнис зедницата биде вклучен во комисија која ќе ги изготвува измените на Законот, поврзани состаноци за оваа тема со Агенција за супервизија на осигурителни друштва и Асоцијација на осигурителни друштва –воспоставување на производ ,, Осигурување на аранжман,,
2. Средба со Националниот Координатор на одобрен проект од UNIDO, кој за СКТМ и бизнис зедницата преку Министерсвото за Економија ќе се имплементира во траење од две Години.
3. СКТМ како членка на НСПК – превземање на сите активности кои произлегуваат од членството во НСПК. Се охрабруваат сите заинтересирани членки да се вклучат во работата на НСПК особено во сите комитети на НСПК, Комората да има свој претсавник.
4. Активностите и упорноста за решавање на случајот Летс Травел вродија со плод, на 13.11.2013год.Состанок со Министерот за Економија и Министерот за туризам и екологија од Северен Кипар и претсавници на работната група на СКТМ формирана за случај Летс Травел. Постигнат начелен договор за отпочнување на постапка за обештетување на Оштетени агенции и физички лица, што треба да резултира до крај на 2013год. потпишување на договор за начин и постапка на обештетување.
Претседавачот на Собрание го стави Извештајот за работата на У.О. на СКТМ на расправа и усвојување.
Едногласно беше усвоен Извештајот за рботата на У.О. на СКТМ помеѓу двете Соранија.
Точка 3  
Претседателот на Судот на Честа г-дин Ангел Иванов го поднесе усмено извештајот за Работата на Судот на Честа. Тој во своето излагање го потенцираше значењето на ова независна Комисија на СКТМ, која во последната година септември 2012 – ноември 2013година решавала за неколку предмети од незадоволни странки и за кои се решавале работите по електронски пат. Еден предмет решен по барање на канцеларијата на СКТМ, каде Судот на Честа донесе Одлука –мислење,, Инекс Дрим А.Д. Струга да гиврати средствата на СКТМ  на сметка во НЛБ Тутунска банка 210063458320119 кој со извршна исправа И.бр.3501/12 од 14.01.2013 год. се исплатени  51.154,00 денари затезна камата на име главница, како и трошоци во постапката (адвкатски, нотарски и изврштел) од 48.584,00 денари. Вкупната вредност од 99.738,00 денари намалена за дозволена камата од 8% на годишно ниво за здоцнето плаќање на главницата на побарувањето од Инекс Дрим А.Д.Скопје.,, Инекс Дрим постапи по Одлуката на Судот на Честа и сретвата беа уплатени во месец  јуни 2013година.
Г-дин Иванов ги охрабрува присутните доколку имаат потреба од Судот на Честа при СКТМ, да доставуваат барања и во случај кога Судот на Честа со своите Одлики-мислења може да се појавува како вешто лице во Судските спорови
Едногласно усвоен Извештајот за работата на Судот на Честа при СКТМ
Точка4          Планот и Буџетот за 2014год. го поднесе Татјана Перовиќ- Митрова. Материјалите кои беа доставени до делегатитет на Собранието а се однесуваат на оваа точка  поделени во два документа и тоа:
  • Програма за дејствување и предлози за подобрување на работата на СКТМ за 2014 година
Планот, програмата  на СКТМ е конципиран врз  планирање на  цели и активности за кои ќе се залага  комората во 2014год. Анализирајќи ги реализираните активности во 2013год. дел од активностите заради својата природa продолжуваат со реализација и во планот и програмата за 2014год.каде  се планирани континуирани активности.
 
За реализација на предвидената програма на СКТМ за 2014год., ќе ги усогласи своите активности во соработка со:
 
Планот и програмата на  Владата на Р.М.,   Министерството  за Економија и АППТРМ
Воспоставување на соработка со Локалните самоуправи за да се реализаират активностите на СКТМ.
                         
  • ПРЕДЛОГ БУЏЕТНА СКТМ ЗА 2014
Анализирано според расходната страна на за функционирање на СКТМ за финасиска одржливост без развојна компонента планиран буџет за 2014 година изразено во Евра е 19.590,00  е во функција на зачувување на стабилност и  одржливост на Канцеларијата на СКТМ          
Вака дефинираниот буџет подразбира натамошна строга
контрола имајќи во предвид дека  е базиран на планирани приходи од чланарини на Членките на СКТМ и дел од приходи од услуги кои ги дава Комората. 
  • Обезбедување на наплата на чланарина од членки за 2014
Заради ефикасна наплата на чланарината за 2014год. се предлага да секоја членка и можност за 100% наплата.
На почеток на календарската година секоја членка треба да се изјасни дали во целост ќе ја плаќа чланарината или ќе потпише договор со СКТМ за траен налог за месечно плаќање на чланарината во 12 месечни рати.
  • Во делот на мерки за развоен Буџет на СКТМ
 Проект од ИПА програмата меѓугранична соработка ,,Медитур,,
Проект од UNIDO- спороведување на обуки
Добиени наменски сретсва за организација на конкретн настани од Град Скопје
По презентација на Предлог  програмата за работа  и буџетот на СКТМ за  2014годин се отвори дискусија за дополнување и тоа од:
Г-ѓа Лела Крстевска - смета дека во сатвките предвидени во буџетот за 2014 год. треба да се избришат ставки како на пример, правни услуги,маркетинг промоција, одржување на собрание, поклони и сл. Да се сведе вкупната вредност на Буџетот на 15 590,00 Евра  и да биде изразено видливо вредноста која ја уплаќа ЗТВМ за користење на просторот со СКТМ од вкупна вредност од 3.000,00 ден месечно што е и утврдено како заклуок на У.О. од јули 2013 година.
Г-дин Никола Митревски во програмата за работа да се вклучи отварање на регионални канцеларии на СКТМ, каде наша членка ќе превземе улога за простор и организирање на состаноци на локално ниво. Одржување на состаноци бар еднаш месечно каде стопамските субјекти ќе можат да разговаррат и даваат предлози за решавање на проблеми на локално ниво и да ги доставуваат до У.О. на СКТМ.
Зоран Ковачевиќ уште еднаш го потенцираш начинот на плаѓање на чланарината со траен налог кој ќе обезбеди сигурен прилив на Комората.
Едногласно е усвоена Програма за дејствување и предлози за подобрување на работата на СКТМ за 2014 година и Предлог –Буџетот за 2014 со усвоени корекции на Буџетот во висина од 15.590,00 Евра.
Отвореното Прашање ставка чланарина, висина начин на финасирање на СКТМ се задолжува Надзорниот Одбор на СКТМ да изготви предлог со кој ќе го запознае У.О. на СКТМ и како тема да се затвори за идни Собранија на СКТМ
Точка 5          Избор на Претседател на СКТМ.
Претседавачот на Собранието г-дин Ангел Иванов побара од присутните да се изјаснат дали имаат предлог за Претседател на СКТМ. Г-дин Бранко Босилков предложи да досегашниот Претседател Лела Крстевска биде избрана уште еден мандат и тоа со Акламација.
Госпоѓица Лела Крстевска Избрана со Акламација за уште еден мандат
Таа на присутните им сезаблагодари за довербата што и јаукажаа делегатите на Собранието, таа се осврна на измнсатиот мандат за работењето на Комората,за предностите и маните кои се уочени во раборењетоно. Во наредниот мандат ќе се залага да една од основните цели на СКТМ да биде лидер во Секторот туризам и јакнење на соработката со Владата на Р.М. Иницијативите и предлозите кои ги поставува СКТМ да се реализираат.                    
Точка 6     
За избор на членови на Управен Одбор се прифати предлозите да бидат согласно членот 8 од Деловникот за Работа на Собранието на СКТМ. Г-ѓа Татјана Перовиќ-Митрова предложи да се предлагат членови балансирано од секторите на СКТМ, имајчи во Предвид дека Претседателот на СКТМ е од Секторот Хотелиери, а Заменкот претседател на СКТМ од Секекторот Туристички Агенции, 10-те члена на У.О. да бидат од Хотелиер, превозници, институции и туристички агенции сразмерно на бројот на членките кој се во секторите.
  • Се пристапи кон гласање на 10 члена на У.О.
Се усвои Одлука за  именување на членови на У.О.
  1. Тоше Чочоровски – Хотел Силекс
  2. Јованка Стојанов – Елем турс
  3. Панче Трајковски- Хотел Вип
  4. Ѓорги Вчков- Македонија Сообраќај
  5. Касам Шаќири - Јета Аир
  6. Горан Јаневски- Компас Скопје
  7. Зоран Ковачевиќ-  Магелан
  8. Мартин Петковски- Пет агенција
  9. Мимоза Конеска – Војажер
  10. Бранко Босилков –ЗТВПМ
  • Се усвои Одлука доколку член на Управен Одбор му престане мандат согласно член 32 од Статутот на СКТМ 2011/2013 кандидатите кои беа на листа за избор 1.Соња Митриновска- Митравел
2.Горан Јошевски- ЈК травел
По пат на автоматизам во наредните 2 години додека трае мандатот на У.О. стануваат членови на У.О.
Работниот дел на Седницата на Собранието започна во 17,15 часот, а заврши во 20,30 часот
 
На 16.11.2013 во 11часот Источна Трибина
,, Справување во услови на криза со нелојалната конкуренција во Туризмот
На трибината Модератор и Воведничар Лела Крстевска, присутни 40 учесници Членки на СКТМ и заинтересирани стопанственици од Охридско –Струшкиот Регион. Гости на Трибината  7  седум претсавници, од УЈП од  централа и регионалните канцеларии Битола и Струга и инспектори.
Тема на дискусија и презентација Фискализацијата. Законска рамка за контрола и изрекување на Глоба парична и мека затварање на објект за вршење на дејност од 15 дена.
Дискусијата одеше во насока дека инспекторот мора да постапи согласно Законот за Фискализација но  би било добро да се покрене иницијатива за измени и дополнување на Законот за фискализација со образложение кое ќе се однесува на компаниите од Туристичка дејност, но ќе се земат во предвид и во другите дејности што се преставува кои се негативните импликации на Така изрешените казни.
Од Присутните членови на УЈП беше презентирана даночната Академија во рамките на УЈП каде даночните обврзници можат да се стекнат со конкретни знаења во оваа област за да во своите бизниси не се доведуваат во состојба при контроли да бидат казнувани.
Од дискусијата произлезе дека СКТМ ќе предложи мерки за Соработка со УЈП
Како и мерки за подобрување на Конкурентноста кои се однесуваат на области кои се во надлежност на Министерството за Финансии поточно УЈП
ЗАПИСНИЧАР                                             ПРЕТСЕДАВАЧ НА СОБРАНИЕ
Мартин Петковски                                                     Ангел Иванов
                                                                   ЗАВЕРУВАЧИ НА ЗАПИСНИК
                                                                       Татјана Перовиќ-Митрова
                                                                                Ѓорги Вчков

 





<< Назад

 

Top