Записник единаесетто собрание

ЗАПИСНИК
ЕДИНАЕСЕТТО СОБРАНИЕ
СТОПАНСКА КОМОРА ЗА ТУРИЗАМ НА
МАКЕДОНИЈА
 
21 ноември 2014 година
ХОТЕЛ МОЛИКА
 национален парк Пелистер- БИТОЛА
 
Работното претседателство на Единаесетто (11.) Собрание на СКТМ во состав:
  • г-дин Ангел Иванов – Претседавач на Собрание
  • г-ѓа Лела Крстевска – член
  • г-дин Ѓорѓи Вчков -  член
  • г-дин Никола Каровски- член
  • г-ѓа Татјана Перовиќ-Митрова- член
  • г-дин Мартин Петковски - записничар
Верификациона комисија за Единаесетто (11.) Собрание на СКТМ во состав:
  • г-дин Александар Чоневски- претседател
  • г-дин Бранко Босилков - член
  • г-дин Никола Митревски - член
 
Претседавачот на Собранието Г-дин Ангел Иванов го повика претседателот на верификационата комисија г-дин Александар Чоневски да поднесе извештај за присуството на делегати на 11-то Собрание на СКТМ.
Верификационата комисија констатира дека на Седницата присуствуваат вкупно 29 (дваесет и девет) претставници на Собранието. Тој му препорача на претседавачот на Собранието, на работното претседателство, да се отпочне со работа бидејќи се создадени услови за работа и одлучување согласно  Статутот и Деловникот за работа на Собранието на СКТМ.
Претседавачот на Собранието г-дин Ангел Иванов отварајќи ја седницата на Собранието се обрати пред присутните делегати  искажувајќи благодарност на Коорганизаторот Елем-турс подружница Хотел Молика на г-дин Никола Каровски за логистиката која ја даде за одржување и организирање на Собранието и планираниот Форум. Тој во своето уводно излагање ги презентираше постапките за работа на Собранието согласно  член 6 и 7 од Деловникот за работа на Собранието на СКТМ, посакувајќи успешна работа го достави Предлог –Дневниот Ред на усвојување.
Едногласно усвоен  Предлог Дневниот Ред:
Дневен Ред за единаесетто Собрание на СКТМ
  1. Усвојување на Записник од Собранието оддржано на 15.11.2013год.
  2. Извештај за работата на СКТМ во период меѓу Собранија (ноември 2013 - ноември 2014)
  3. Извештај на работата на Судот на честа
  4. Извештај за работата на Надзорниот Одбор
  5. Стратегија за развој на СКТМ 2015-2018
    • Меѓународна активност на СКТМ
  6. Начин на финасирање на СКТМ
- Одлука за висина на членарина 2015
  1. Буџет за 2015
  2. Оперативен План за работа на СКТМ за 2015
  3. Одлука за измена и дополнување на Статутот на СКТМ
  4.  Избор на Претседавач на Собрание на СКТМ
Точка 1        
Претседавачот на Собранието г-дин Ангел Иванов  даде информација на кој начин се усвојува Записникот од 10-то Собрание на СКТМ. Записникот е доставен и објавен на веб-страната на СКТМ на 22 ноември 2013 год. Бидејќи по записникот нема доставено забелешки ниту на седницата немаше забелешки
Записникот од  десетото(10-то) Собрание на СКТМ едногласно усвоен без никакви забелешки
Точка     
Извештај за работата на Управниот одбор на СКТМ за период ноември 2013 год. до ноември 2014 год. поднесе извршниот директор на СКТМ Татјана Перовиќ-Митрова. Во своето излагање таа истакна дека У.О. на СКТМ имал 9 седници, од која 1 е закажана како итна Седница, а се однесуваше на изјаснување на членовите на У.О. за поканата на Генералниот Секретар на UNWTO г-дин Талеб Рифаи, да СКТМ аплицира како придружна членка на Светската туристичка Организација.
Во изминатата година листата на активностите на У.О.  е вистина долга, а беа издвоени позначајни активност во неколку сфери на делување:
  1. Учество на Проект за обука на Обучувачи за сертификација од AHLEI (Американски едукативен институт  хотелиерската индустрија), од кој произлегоа 4 серифицирани – тренери членки на СКТМ кои се обучени да даваат обуки на заинтересирани компании од угостителството и сместувачките капацитети, за што СКТМ ќе потпише договор со AHLEI со важност од три (3) години, за спроведување и промовирање на сертификацијата на хотелската индустрија во Р.М.
  2. Потпишан Глобалниот Етички кодекс во Туризмот од UNWTO, со приватниот сектор. Со потпишувањето на Кодексот Република Македонија преку СКТМ се вбројува  како 40-та земја членка на UNWTO.
  3. Учество на две сесии на  Експертска работна група формирана од OECD, во Дубровник и Париз. Наш претставник г-ѓа Лела Крстевска е член на експертската група која дава активен придонес во развојот на туризмот во Југоисточна Европа креирајќи предуслови за зедничи програми за Туристи од Светот.
  4. Поднесени Иницијативи до Комитетот за Туризам при Влада на Р.М. и решавање односно лобирање за реализација и увојување на предлог измените на Законот ЗППС. Таа се осврна на учеството на член од СКТМ на Комитетот за туризам на Република Македонија, од формирањето на Комитететот во 2011 год. Претставник на СКТМ во работата на Комитетот доби својство на  постојан член на Комитетот и каде  по одредени заклучоци на Влада на Р.М. нашиот член се задолжува во име на Владата на Р.М.
Во извештајот се издвојуваат и
Услугите кои ги дава комората – посредување на Обуки за Заштита на лични податоци, 90 лица од туристичкото стопанство ги посетија обуките.
Од оваа активност во СКТМ се зачленија нови 8 членки
Претседавачот на Собрание го стави Извештајот за работата на У.О. на СКТМ на расправа и усвојување.
Едногласно беше усвоен Извештајот за работата на У.О. на СКТМ помеѓу двете Собранија.
Точка 3  
Претседателот на Судот на Честа г-дин Ангел Иванов го поднесе  извештајот за Работата на Судот на Честа. Тој во своето излагање го потенцираше значењето на ова независна Комисија на СКТМ; секоја членка на СКТМ треба да се обрати до Судот на честа кога смета дека се повредени одредени права. Во изминатиот период до Судот на честа пристигнаа барања кои беа чувствителни за решавање и носење одлуки така да Судот на честа имаше и подготвителни состаноци и една консултација со Управниот Одбор на СКТМ. Во период ноември 2013-ноември 2014год. разгледување и носење на Предлог-Мислење вкупно за 3 предмета, а еден предмет е во подготвителна фаза бидејќи до Судот на честа се Обрати патник – клиент со барање против агенција која не е наша членка. По потврда за прифаќање и уплата на трошоците за постапка предметот ќе биде процесуиран.
Г-дин Ангел Иванов го заврши своето излагање со препорака за  користење на овој независен орган на СКТМ, кој може да придонесе за:
1.    Посредување во решавање на спорови помеѓу членки на СКТМ;
2.    Спорови помеѓу наши членки и нивни клиенти;
3.    Давање мислење во судска постапка како вешто лице од областа на туризмот.
Претседавачот на Собрание го стави Извештајот за работата на Судот на честа  при СКТМ на расправа и усвојување.
Едногласно усвоен Извештајот за работата на Судот на Честа при СКТМ
Точка4         
Финасискиот Извештај за 2014 од Надзорниот Одбор го поднесе
претседателот на Н.О. г-дин Емил Димитровски. Доставениот материјал е
усогласен со Завршната сметка на СКТМ за 2013 година и финасиските картички од 120000 и 220000.
Врз основа на покрената постапка за наплата на долг од 9 членки, од кои 5 (пет) се и Основачи на СКТМ, Н.О. на СКТМ му предлага на Собранието на СКТМ да донесе одлука за исклучување од Оснoвачи на Комората од причина што компаниите до сега не доставиле до Комората изјава за истапување од оснoвач и член на Комората, а доколку не се донесе ваква одлука, на овие членки ќе треба да им се достави и ф-ра за членарина за 2014 год.
По предлогот се отвори дискусија на која се расправаше кои се можностите да се надмине овој проблем. Г-дин Димитровски посочи дека за надминување на овој проблем има две можности: едната да се исклучат од основачи или да им се отпишат долговите. Г-ѓа Татјана Перовиќ-Митрова образложи дека со сите е разговарано и објаснето, особено со оние со кои се води спор, каде Законскиот застапник на СКТМ, образложил дека доколку не се достави писмена изјава за истапување од членсто обврските на име членарина продолжуваат. Со Одлука за исклучување од основачи се запира обрската за плаќање.
Претседавачот на Собранието го стави финасискиот Извештајот на Н.О на СКТМ на расправа и усвојување.
Едногласно е усвоен Финасискиот извештај на Н.О.  
Одлуката за исклучување на пет (5) основачи од СКТМ се стави на усвојување; Одлуката усвоена со 26 гласа за и  три гласа против. Ислучени од основачи на СКТМ се:
  1. Травел Нет –Скопје
  2. Путник Алта турс – Скопје
  3. ЈСП турс- Скопје
  4. Турист – Битола
  5. Тори Балкан турист-Кавадарци
Точка5         
Стратегијата за Развој на СКТМ 2015-2018 со подзаглавие меѓународна активност на СКТМ, како воведно излагање го поднесе Татјана Перовиќ-Митрова кој го елаборираше значењето на предлагање на стратешки документ кој е како резултат на  шест годишно опстојување и развој на Комората и направените анализи за развој на Комората во наредните три години; од исклучителна важност е одредбата во Стратегијата дека раководството на СКТМ во наредните три години ќе се залага за:
  • Почитување на законите, јавната работа, добрите деловни обичаи и според начелата на деловниот морал;
  • Продолжување, развивање и негување на деловното партнерство заради остварување на заедничка корист и за доброто на членовите на Комората;
  • Создавање на деловна култура во која сите вработени во секторот туризам, а особено вработените кај членките на СКТМ, ќе се залагаат за постигнување на деловната цел, со што ќе бидат мотивирани и наградени за својот допринос во компанијата;
  • Зголемување на ефикасноста и ефективноста на работата на Комората, со постојано анализирање на политиките на СКТМ, со унапредување на ефикасноста на ресурисите и квалитетот на услугите кои ги нуди Комората.
Паралелните процеси за развој на Комората ќе се одвиваат во три сегменти
  1. Финасиска консолидација за период од 1 година;
  2. Кампања за привлекување на нови членки во СКТМ;
  3. Превземање на јавни овластувања од институции на Република Македонија.
Претседателот на СКТМ г-ѓа Лела Крстевска се осврна на Стратегијата за развој на Комората појаснувајќи го значењето на овој документ со лично резиме и можност за промена на работењето во Комората; развојот на комората е задоволителен и новата Стратегија ќе придонесе Комората да направи повеќе активности од досегашните со зголемување на бројот на вработени. Таа понатаму додаде „Специфика на нашата Комора е  што опфаќа повеќе гранки во туризмот, промените на државно ниво се очигледни. За да можеме како Комора да го фатиме чекорот  во развојот на туризмот на  Балканот вклучени сме во експертскиот тим на OECD. Не можам а да не ја истакнам средбата со генералниот секретар од Светска Туристичка Асоцијација (UNWTO), која за нас е од битно значење бидејќи станавме битен фактор во носење на одлуки за развој на туризмот во Република Македонија.“ Таа на крајот на своето излагање додаде „Комората ќе постои и без оваа Стратегија, но со оваа стратегија ќе можеме да се развиеме повеќе.“
Во дискусијата се вклучи и г-дин Славе Сирачевки кој смета дека мора да се изнајде начин за  придружно членство во (UNWTO), бидејќи од тоа членство ќе имаме корист како членки на СКТМ. Г-ѓа Роза Сирачевска смета дека досегашните активности како и активностите предвидени во Стратегијата треба да се презентираат на што поголем број потенцијални наши членки да се презентира до целото туристичко стопансво во Република Македонија.
Претседавачот на Собрание ја стави Стратегијата за развој на СКТМ 2015-2018 на  усвојување.
Едногласно е усвоена  Стратегијата за развој
Точка6 
Подносител на  начинот на делумно финасирање на СКТМ г-дин Ѓорги Вчков го образложи предлогот кој произлезе од анализата на платената чланарина за 2014 година и собраните средства; тоа е  појдовна основа за покривање на трошоците за одржување на канцеларијата на Комората. Тој нагласи дека начинот на финансирање и висината на членарина предвидена во предлогот со воведување скалеста чланарина е за да може да се консолидираат досегашните средства и да се вработи уште едно лице во Комората. Со ваквиот начин на финасирање  би се постигнало  да се извршат зададените задачи и планови. Предлогот опфаќа три типа на членство и тоа:
  • Придружно членство;
  • Основно членство;
  • Премиум членство.
Предлог износите за членарина, а со тоа и предлог буџетот на Комората се одредени врз основа на потенцијалниот број на компании кои би биле членки на Комората и нашите предвидувања за бројот на компании кои би имале интерес за еден од видовите на членство.
Износот за придружниот тип на членство би бил 6.000 денари;
Износот за основниот тип на членство би бил 12.000 денари;
Износот за премиум типот на членство би бил 25.000 денари годишно.
Понатаму тој појасни, за да ги привлечеме компаниите да членуваат токму во нашата Комора мораме да им понудиме задоволително ниво на услуги со што ќе ги исполниме нивните очекувања. Затоа е подготвена табела на услуги кои се распределени по типот на членство.
По  предлог начин на финасирање се отвори дискусија во насока на поделбата на одредени предвидени услуги за конкретен тип на членство. Така г-дин Бранко Карески смета услугата предвидена за премиум членство „Предлагање на кандидати за органи на СКТМ  не е во ред, па предлага да се стави во  основниот тип на членство. Г-дин Горки Балојани има забелешка на  предвидена услуга ,,Креирање на политики,, во премиум членство со вакво воведување се создаваат  услови за елитизам, понатаму тој елаборира дека се согласува дека премиум членките треба да имаат поголеми привилегии но да не задира во креирање на политиката на Комората.
Предлогот текстот е сепак добро обмислен и се очекува да биде основа за финасиска стабилност на Комората.
Претседавачот на Собрание  Предлогот за делумно финасирање го стави на  усвојување. Со утврдените Забелешки и предложени измени во Табелата на услуги по тип на членство
Предлогот на делумно финасирање на СКТМ  усвоен со 27 гласа за 1(еден) против и 1(еден) воздржан
Одлуката за Висината на членарина според тип на членство за 2015 година ставена на усвојување и едногласно усвоена
Точка 7
Буџетот за 2015 година го елаборираше г-дин Ѓорѓи Вчков кој ги потенцираше  расходната страна на функционирање на СКТМ, за финасиска одржливост на канцеларијата со вработување на уште едно лице,  планиран буџет за 2015 година изразен во Евра е 22.430,00. Овој буџет е главно во функција на одржување, а делумно и развој на СКТМ. Во буџетот за 2015 е предвидено и плаќање на околу 50% од заостанатите долгови од претходните 3 до 4 години.
 Дефинираниот буџет подразбира 100% наплата на членарината за 2015 година за што се склучува Договор со секоја членка на СКТМ.
Ставките каде е планирано бруто плата за вкупно двајца вработени во Комората, ставка за  правни услуги, и предвидена ставка за опрема се потребни ставка за воспоставување на услови за ново работно место
Претседавачот на Собрание го  стави Буџетот за 2015 на СКТМ на    усвојување.
Едногласно е усвоен Буџетот за 2015 на СКТМ
Точка 8
Оперативниот план за 2015-2018 година на СКТМ го образложи Татјана Перовиќ-Митрова која смета дека одредени активности кои се предвидени ќе се изреализираат доколу за тоа се има финасиска конструкција, односно да се изнајде донатор кој ќе поддржи одредена планирана активност како што се настани кои ќе треба да се подготват во вид на Проекти и за кои ќе може да се аплицира на јавни повици кои ги објавуват ресорните министерства или Владата, но и други меѓународни фондации, како на пример да се аплицира во Светска Банка за делумно финасирање на спроведување на Обуките за сертификација според AHLEI програмата, за што веќе и Претседателот на СКТМ има постигнато договор.
Претседавачот на Собрание го  стави Акцискиот План за 2015-2018 на усвојување.
Едногласно е усвоен  Акцискиот План  за 2015 -2018
Точка 9
Предлог Одлуката за Измени и дополнување на Статутот на СКТМ од април 2013 година ја поднесе Татјана Перовиќ-Митрова која објасни дека измените се во насока на давање на еднакви шанси на сите членови кои се во органите на СКТМ,  да имаат право на надомест на трошоци направени за службени цели за Комората, како и  допрецизирање на условите „На член на Управниот одбор му престанува мандатот“ - ако не присуствува на седниците на Управниот одбор 3 пати 
Предлог Одлуката за измена и дополнување на Статутот на СКТМ едногласно усвоена
Точка 10
Татјана Перовиќ-Митрова ги презентираше резултатите од Електронската Номинација за претседавач на Собранието која не може да се земе како основа за предлози бидејќи вкупно 7 членки на СКТМ номинирале Кандидати за Претседавач. Таа појасни дека мандатот на г-дин Ангел Иванов завршува на 27. 11.2014 год. но по сила на Статутот не може да биде повторно кандидиран. Се пристапи кон предлагање на кандидати за претседавач на Собрание на СКТМ.
Беа предложени два кандидати кои ја прифатија кандидатурата.
  1. Славко Ѓоршевски- Анатурс интернатионал - Битола
  2. Горки Балојани – Балојани травел сервис-Битола
Со тајно гласање е избран г-дин Горки Балојани за Претседавач на Собрание на СКТМ со мандат од две години, врз основа на Одлука за избор на Претседавач на Собрание на СКТМ која е на сила од 27.11.2014 година
11-та Седницата на Собранието на СКТМ започна во 18,00 часот  а заврши во 22,00 часот
 
ЗАПИСНИЧАР                                                 ПРЕТСЕДАВАЧ НА СОБРАНИЕ
Мартин Петковски                                           Ангел Иванов
 
                                                                       ЗАВЕРУВАЧИ НА ЗАПИСНИК
                                                                       Татјана Перовиќ-Митрова
                                                                       Ѓорѓи Вчков
                             
 




<< Назад

 

Top