Записник од форум на СКТМ

ЗАПИСНИК
ФОРУМ НА СКТМ
НА ТЕМА
 
,,Меѓусебна соработка на чинителите во туризмот за рецептивен и иницијативен туризам марќирајки ги проблемите и барaјќи решенија и предлози за нив
 
22 ноември 2014 година
ХОТЕЛ МОЛИКА – Нацинален парк Пелистер-Битола
 
На 22 ноември 2014 година во Хотел Молика – Национален парк Пелистер –Битола се оддржа ФОРУМ на СКТМ на Тема Меѓусебна соработка на чинителите во туризмот за рецептивен и иницијативен туризам маркирајќи ги проблемите и барајќи решенија и предлози за нив,,
Форумот го отвори Претседателот на СКТМ г-ѓа Лела Крстевска која во своето поздравно обраќање се заблагодари на коорганизаторот на Собранието и Форумот г-дин Никола Каровски од Елем турс, подружница Хотел Молика за гостопримството осврнувајќи се на успешното одржување на 11-то Собрание и заклучоците кои се донесени за Развој на СКТМ во наредниот период.
 На почетокот на Форумот како и беше предвидено според Агендата Свечано доделување на Сертификатитите за тренери од AHLEI (Американски  едукативен Институт за Хотелската индустрија)
Г-дин Ангел Иванов свечено им ги предаде Сертификатите на присутните тренери
  1. Никола Каровски
  2. Драгица Костоска
  3. Гордана Јанаќијевиќ- доделен предходно поради не можноста да присуствува на свеченото доделување
  4. Билјана Тодороска - доделен предходно поради не можноста да присуствува на свеченото доделување
Во името на сите кои се стекнаа со Сертификат за тренери се заблагодари
г-дин Никола Каровски кој ја објасни во кратки црти постапката за аплицирање на кандидати од секторот хотелиери при СКТМ, изборот на AHLEI од вкупно 9 апликации избрани 5 апликанти за Обука на тренери во Белград –Србија која беше спроведена од 29 мај -10 јуни 2014. Тој посебно се осврна на начинот и постапката на полагањето на испитите во Белгарад и успехот кој го постигнаа нашите кандидати потенцирајќи дека од група од 18 кандидати (составена од преставници од Македонија, Србија и Босна и Херцеговина ) се стекнаа со Серификати вкупно 9 кандидати од кои 4 кандидати од Македонија. Посебно се заблагодари на логистиката која им ја пружија Преседателот на СКТМ и Извршниот Директор низ целиот процес. Г-ѓа Драгица Костоска исто така се заблагодари во свое име за можноста што се стекнала со сретификат кој и помогнал во работењето во Хотел Милениум Палас во Охрид и своето стекнато знаење го споделила со вработените во својата  компанија.
          Г-дин Никола Кароски го искористи моментот на свеченоста за доделување на Благодарница на Комората за поддршка на Хотел Молика по повод јубилејот на 20 години постоење на Хотел Молика. Претседателот на СКТМ ја прими Благодарницата и се заблагодари во името на членките на СКТМ за укажаното внимание посакувајќи да и во наредните јубилеи на Хотел Молика сме заедно како членки на СКТМ
  •  Сесија Иницијатива за категоризација на aвтобуси за  Меѓународен линиски превоз и слободен превоз
Модератор и воведничар на оваа сесија беше г-дин Ѓорги Вчков, кој се осврна на потребата за подигање на квалитетот на услугата кај превозот во патниот сообраќај да се воведе категоризација на автобусите со 4* и 5* слично онака како во соседните земји кои го имаат воведено и пред десет и повеќе години. Оваа категоризација не е законска обврска, ниту  и во Земјите членки на ЕУ, тоа е повеќе на асоцијациите на превозници за потребите на туристичкото стопанство. Од категоризацијата ќе произлегува и квалитетот на услугата на високо туристички автобуси какви што и бараат странските туроператори. Категоризацијата подразбира удобност во седиштата и растојанието помеѓу редовите во автобусите, како и дополнителни елементи - содржини (поголем простор за багаж). Категоризацијата не подразбира Еко стандарди и обврски кои произлегуваат од Законите на Р.М. и директивите на ЕУ за безбедност во патниот сообраќај. Анализата и искуството кое го има во земјите во регионот, укажуваат на потребата да се воведе категоризација и во Република Македонија, односно да се започне Иницијатива за воведување на критериуми и стандаради  за категоризирање на туристички автобуси. СКТМ може да ја отпочне  Иницијативата за категоризација на туристички автобуси имајќи во предвид дека Туристичките Агенции кои имаат свои програми за рецептивен и иницијативен туризам по принципот на информирање на своите клиенти за категоризацијата на сместување ќе ги информираат и за категоризацијата на автобусите со кои ќе се превезуваат туристите.
Г-дин Вчков понатаму појасни околу поскапување на цената за превоз во понудата на аранжманите за некаде околу (15-20%), но на тој начин ќе се воспостави услов на понуда на цена по километар. На тој начин ќе се зголеми ннтересот на превозници на слободен превоз и меѓународен линиски превоз за членување во нашата Комора, бидејќи ќе имаат можност за директна соработка со туристичките агенции во Македонија кој се членки на СКТМ.
Во дискусијата се вклучија повеќе дискутанти кои имаат искуство од земјите во регионот, начинот на кој поедини асоцијации  го решиле проблемот, како домашните автобуси да имаат приоритет во превоз на туристи низ земјата. Г-дин Балојани посочи дека е добро да се анализаира на кој начин ТУРСАБ се изборил да секој Автобус кој е со странска регистрација во Истамбул има налепница дека е одобрено од ТУРСАБ за превоз. Г-ѓа Роза Сирачевска потенцираше дека со ваквата  иницијатива и реализација на воведување на категоризација на туристичките автобуси ќе се придонесе за  Активност на СКТМ која ќе донесе поголема видливост на Комората а со тоа и јавна презентација и зголемен број на заинтересирани компании од туристичкото стопанство  за СКТМ.
Од отворената дискусија произлегоа и Заклучоци:
  1. Формирање на Работна група во состав
  • Ѓорги Вчков – Македонија Сообраќај во својство на координатор
  • Славко Ѓоршевски  – Ана турс Интернатионал
  • Божана Ордева – Пан промет
  • Браноко Карески – Бран
  • Горки Балојани – Балојани травел сервис
Која се задолжува во рок од три месеци да изготви Документ за Категоризација на Туристички автобуси поткрепено со  споредбени анализи и Правилник за Категоризација, врз основа на Стандарди кои би биле на СКТМ.
  1. Начинот на продажба на автобуски билети согласно најновата Измена и дополнување на ЗССП член 33 сатв1 единствен електронски систем на продажба на билети, предлог како BSP – систем да се прилагоди за автобуски билети
  •  Сесија Иницијативи на секторот Туристички Агенции при СКТМ  за подобрување на работењето
На сесијата на Иницијативи на Туристички агенции Модератор и  воведничар беше г-дин Стеван Пешевски, кој ги елаборираше отворените прашања кои произлегоа од Седница на Секторот Туристички агенции од 7 август 2014год. за кои прашања треба да се покренат соодветни Иницијативи за регулирање на работењето на Туристичките Агенции во Република Македонија. Воочен е проблемот со членот 36 од Законот за Туристичка дејност каде е задолжително осигурување на пакет аранжмани цитирам ,,осигурување на туристичкиот аранжман со гаранција кај осигурително друштво или банкарска гаранција поради надомест на трошоците на корисникот на услуги во следниве случаи ако изостанат услугите, а туристичката агенција се наоѓа во платежна немоќ или стечај и ако корисникот на услуги не може да се врати поради причините наведени во овој став,, За жал и покрај оддржани неколку состаноци во 2013година со Осигурителните компании  за да воведат ваков тип на осигурување кое го има во скоро сите земји во регионот не најдовме заеднички јазик, и покрај тоа што ваков тип на осигурување е задолжително да го имаме. Последниот состанок кој се оддржа во септември оваа година со Претставник на Агенција за супер визија на осигурувањето на Р.М. укажува на фактот дека  се потреби измени и во Законот за осигурување за што ние сме подготвени да поднесеме Иницијатива.
Прашањата и предлозите кои произлегоа во дискусии и на Собранието од типот како да се регулираат подружниците на Т.А. со лиценца А надвор од матичната Агенција, е регулирано со Закон за трговски друштва. Законодавецот не го предвидел ова кај компании кои се лиценцираат за својата работа. Ние би можеле да предложиме како да се третираат подружниците, дали би требало да се регистрираат како подружница со Б лиценца, но во Законот за туристичка дејност приоритет е да се интервенира во разграничување што е Туроператор (работа на големо) и агенција (работа на мало продажни места) согласно и Класификацијата на дејности на Р.М. која е и усогласена со Европската класификација, по тип на дејности.
Мораме да констатираме дека Законот за Туристичка дејност е од 2004година и досега има 8 измени и дополнувања, а одредени одредби се веќе надминати за регулирање на работењето. Условите за  добивање на лиценци се стожерот на проблемите во функционирањето и работењето Туристичките Агенции и голем број на лиценцирани агенции, според Регистерот на Министерството за Економија. Заклучно со септември 2014год. во Р.М. со лиценца А има 204 агенции, а со лиценца Б 210 агенции. За македонскиот пазар ова е голем број на агенции, особено што не се контролира бројот на вработени по добивање на лиценца А, каде услов е 4 вработени.
Во дискусијата  се впуштија повеќе дискутанти во давање предлози и сугестии за дополнителни отворени прашања; едно од нив се и Општите услови за патување кои не се подзаконски акт, во случај на спор со клент, Судот во многу случаеви не ги зема во предвид. Од овие причини се отвори дилемата дали Договорите за патување со странките- клиентите треба да претрпат измени и да бидат вградени сите елементи од Општите услови за патување, со ова би се добиле права и обврски кои се осигурани во случај на спор.
Во дискусијата околу стандаради на услугите на водичите, се отвори прашањето како поедини водичи ја превземаат улогата на агенции. Водичи кои се ангажирани директно од странски агенции согласно и одредбите од законот во моментот на ангажман се во улога на вработен кај конкретен работодавач, тој ја обавува улогата за име и за сметка на работодавочаот странски или домашен, единствено во целата активност отсуствува контролата на законодавецот за ангажманот на водичот. Во Р.М. има преку 500 лиценцирани водичи но за жал според искуството од туристичките агенции само мал дел од нив ги ангажираат затоа што не се сигурни во нивната стручност. Добро е да ЗТВПМ се ангажира и го преиспита потенцијалот и стручноста на лиценцираните водичи кои ќе можат да бидат ангажирани. Г-дин Босилков смета дека досега многу мал број на Туристички агенции ангажираат водичи преку ЗТВПМ и покрај обврската како услов за добивање на Лиценца А е токму  Договор со Здружението за користење на водичи и придружници. Ако ова се почне со примена на ангажирање на водичиреализира во тој случај Здружението ќе има можност да го спроведе Правилникот за издавање и одземање на лиценците.
Г-ѓа Лела Крстевска се осврна на соработката помеѓу хотелите и туристичките агенции која сметаше доколку постигнеме да направиме квалитетни измени во Законот за туристичка дејност; наметнеме стандард во Институтот "категоризација", било да е на Агеции (дали е Биро,Агенција или Туроператор) Хотели, Водичи или Автобуси, по автоматизам ќе се урамнотежат и пазарните односи меѓу претходните, а со самото тоа и ќе се добие квалитетно букирање на македонските сместувачки капацитети, од страна на македонски туропаратори.
Заклучоци од Сесијата Иницијативи на секторот Туристички Агенции при СКТМ  за подобрување на работењето
Се формира работна група за покренување на Иницијатива за Измени на Законот за Туристичка Дејнос, Иницијатива за измени на закон за осигурување, Разгледување на Договори со клиенти и Општи услови за Патување.
  • Стеван Пешевски – Савана во својство на координатор
  • Лела Крстевска
  • Емил Димитровски
  • Сашо Дамчевски
  • Славе Сирачевски
  • Бранко Босилков
  • Бранко Карески
Работната група да се состане во рок од две недели како би можела да отпочне со иницијативте; споредбени анализи кои треа да бидат презентирани на членството во форма на јавна расправа за предлозите на имените на Законот за туристичка дејност
  • Како дополнителна сесија на инсистирање на Г-дин Ангел Иванов иако не предвидена во Дневниот ред - презентирање на начинот, постапката и примената на Правилниците за организирање на училишни екскурзии во средните и основните училишта.
На оваа сесија  Воведничар беше г-дин Ангел Иванов кој ја образложи потребата за отварање на ова прашање за кое по иницијатива на колеги кои учествуваат на јавни повици и ги пратат огласите имавме состанок на 17 септември 2014год. од кој произлезе писмо до Министерот за образование и наука, каде баравме доследна примена на правилниците и измени на Правилниците во неколку члена каде ќе се има поголема транспарентнос во одлучувањето. Тој понатаму го образложи последниот допис од  Т.А. Патник Гевгелија адресирано на Судот на честа при СКТМ доставено на 21.11.2014год. на тема ,,Да го заштитиме туристичкиот еснаф  од рекететирањето на Туристишките Агенции од страна на Школите во цела Македонија,, Ова е вистина горливо прашање кое трае со години и никако не можеме да се избориме за правата на туристичките агенции во работењето на овој тип на програма. Сето ова започна многу одамна ког ние самите како агенции за да ја добиеме екскурзијата им ветувавме нешто дополнително, да на крајот сега се сведува да добијат и биде вкалкулирано дневница како на наствниците така и на директорите на училиштата. Претсавник од Патник Гевгелија ја образложи целата постапка во која Патнк Гевгелија ја добива екскурзијата; за да потоа по нивното не прифаќање на наствниците им дадат дневници односно вреднос по ученик, Донесеното решение го поништуваат со образложение дека недостасувал некаков документ во доставување на понудата при конкурирањето.
Во дискусијата се впуштија голем број учесници токму од причини што голем број од агенциите имале слични искустава и кои сметаат дека е крајно време да се воспостави некој критерим и да се достави до надлежното министерсво.
Се предложи да Судот на честа при СКТМ ги охрабри сите оние агенции кои се нашле во ваква или слична ситуација да доставт документи и да се организира еден подготвителен состанок од кој можно е да произлезе информација –Иницијатива за измени на начинот и постапката на конкурирање. Особено е важно да се нагласи постапката за приговор, која нај веројатно не се применува.
Заклучок Претседателот на Судот на честа при СКТМ да формира работна група од заинтересирани членики и членовите на Судот на честа при СКТМ соглано членовите 6,7 и 8 од Правилникот за Работа на Судот на Честа.
 
ЗАПИСНИЧАР:                                                            МОДЕРАТОРИ:
 
Татјана Перовиќ-Митрова                                           Ѓорги Вчков
                                                                                 Стеван Пешевски
                                                                                 Ангел Иванов
 




<< Назад

 

Top