Записник трето собрание

ЗАПИСНИК
Трето СОБРАНИЕ
СТОПАНСКА КОМОРА ЗА ТУРИЗАМ НА
МАКЕДОНИЈА
27 Ноември 2010 година
Хотел ПОРТА -Скопје
 
Работното претседателство на 3-то Собрание на СКТМ во состав:
  • Г-дин   Касам Шаќири -  претседател на работното претседателство
  • Г-дин   Стеван Пешевски - член
  • Г-дин   Зоран Ѓоршевски -член
  • Г-ѓа     Татјана Перовиќ-Митрова член
  • Г-дин Мартин Петковски- записничар
Претседателот на Работното претседателство Г-дин Касам Шаќири го повика претседателот на Верификационата комисија г-дин Александар Чоневски да поднесе извештај за присуството на делегати на 3-то Собрание на СКТМ.
Верификационата комисија констатира присуство на 50 Делегати –основачи на СКТМ и му препорача на претседавачот на работното претседателство да отпочне со работа бидејќи се создадени услови за отпочнување со работа согласио  Статутот и Деловникот за работа на Собранието на СКТМ.
Г-дин Шаќири предложи да се прошити Верификационата комисија со уште два члена од присутните бидејки според Дневниот ред имаме избори на Органи на Комората
Верификационата комисија  во сосотав:
  • Г-дин Александар Чоневски –претседател
  • Г-дин Зибер Бислими
  • Г-дин Бранко Босилков
  • Г-дин Асим Меѓедовиќ
  • Г-дин Горан Јаневски
Задолжени за пребројување на гласачките листи
Усвојување на предлог Дневниот Ред:
Дневен Ред за Трето Собрание на СКТМ
 
  1. Избор на:
    • Претседавач на СКТМ
    • Претседател на СКТМ
  2. Извештај од работата на СКТМ за 2010 година
  3. Финансиски извештај за 2010 година
  4. Избор на:
    • Управен Одбор на СКТМ
    • Надзорен Одбор на СКТМ
  5. План и програма за работа за 2011 и 2012 година  и начин на финансирање за 2011 година
  6. Измени и дополнувања на Стаутот на СКТМ
  7. Измени и дополнувања на Општите услови за патување
  8. Одлука за висината на чланарината за 2011 год.
 
Дневниот Ред беше едногласно усвоен
 
Точка 1          Претседавачот на Раб. претседателство Г-дин Шаќири даде воведно излагање  и го повика членот на Комисијата за подготовка на 3-то Собрание г-дин Стеван Пешевски да поднесе извештај за начинот, изборот и подготовка на Листи за гласање на Претседател и Претседавач на Собранитето.
Г-дин Пешевски ги информираше присутнитре за постапките и фазите за номинација подготовка на ранг листи и изготвување на листи за гласање.
Беа поделени листи за гласање за Претседател на СКТМ и за Претседавач на Собранитео на СКТМ.
 
Точка 2     Извештај за Работата на СКТМ за 2010 год. Го поднесе генералниот секретар на СКТМ г-ѓа Татјана Перовиќ-Митрова која во своето излагање потенцираше дека активностите на Комората со оглед на исклучителната година биле на завидно ниво, но поради извори на финансирање на Комората дел од активностите особено околу претставување на Комората и нјезините цели и задачи пред туристичките работници на територија  на Република Мкаедонија не беа докрај реализирани. Таа потенцираше дека секоја членка треба да ја чуствува Комората како дел од својата компанија како би можела Комората да решава заеднички и  поедини проблеми на туристичките работници членки на СКТМ.
По извештајот за работата на Комората во 2010год. Се отвори дискусија од повеќе делегати.
Извештајот за работата на Комората едногласно беше усвоен
                      Се пристапи кон прогласување на резултатите од тајното гласање за Претседател на СКТМ. Г-дин Александар Чоневкси ги соопшти резултатите . За Претседател на СКТМ со мнозинство гласови е избран Г-дин Емил Димитровски како Претседател на СКТМ, тој  им се обрати на присутните делегати забалгодарувајќи им се за довербата што му ја укжале за уште еден мандат да ја претствува Комората.
 
Се пристапи кон прогласување на резултатите од тајното гласање за Претседавач на Собранието на Комората. Г-дин Александар Чоневкси ги соопшти резултатите. Со мнозинство гласови за Претседавач на Собранието на СКТМ е избран г-дин Ангел Иванов. Со пригодно обраќање им се обрати на присутните делегати, обврзувајќи се дека мнадатот на Престседавач на СКТМ, активно ќе се вклучи во работата на Комората.
Г-дин Ангел Иванов го завзеде местото на претседавач на 3-то Собрание и продолжи со работата по дневниот ред на седницата.
 
Точка 3     Финансискиот Извештај за 2010 год. го поднесе генералниот секретар на СКТМ г-ѓа Татјана Перовиќ-Митрова. Таа нагласи дека во оваа година по основ на чланарина за 2010год.од членките е уплатено 60%, па затоа во септември месец 2010год. Управниот Одбор на СКТМ донесе одлука за аконтативна чланарина за 2011год. 30 членки на СКТМ ја уплатија аконтативната чланарина за 2011год. Со што се овозможи намалување на обврските по основ на закупнина и режиски трошоци. Поради не плаќање на чланарина од страна на сите членки на СКТМ во 2009 и 2010 год. и доспеаните обврски во јуни 2010 год. Канцеларијата на СКТМ е преселена во просториите на Атлас Корпорејшен. Користење на просторот овие месеци е безплатен како и сите режиски трошоци. По оваа точка голем број на делегати дискутираа давајќи предлози за покривање на обврските кои се отворени, и за кои сите членки завзедоа став да се изнајде решение околу покривање на овие обврски.
Извештајот за рботата на Комората едногласно беше усвоен со забелешка -Предлогот на г-дин Кашиков од Феријал Кашиков –Штип, Вредноста која е отворена да се подели на сите членки на СКТМ, да вредноста се плати до крај на 2010 год. како би можело во  2011год. да се тргне со чисти сметки.
Се пристапи кон гласање – Предлогот на  г-дин Кашиков беше прифатен и се задолжи У.О. на СКТМ да ја прецизира сумата за доплата по членка за 2010год.
 
Точка 4          Се пристапи кон гласање за членови на Управниот Одбор:
Гласачките листи беа поделени до секој делегат и во меѓувреме им беше објаснето на делегатитите како се изготвени. На листата за членови на У.О. имаше 32 предлога и тоа 14 од Сектор Туристички агенции од нив се гласаше за 8 члена, од Секторот Хотели и Угостители имаше 10 предлога а се гласаше за 7 члена, од Секторот превозници 3 предлога –се гласаше за 2 кандидата и од секторот институции од 5 предлога се гласаше за 3 кандидати.
 
Г-дин Александар Чонески ги објави резултатите од пребројаните гласови.
 
  За членови на Управен одбор  се избран:
  1. Александар Чоневски – ТА Игуана - Скопје
  2. Стеван Пешевски        - ТА Савана – Скопје
  3. Мартин Петковски       - ТА Пет - Скопје
  4.  Зибер Бислими           - ТА Еуротурист – Тетово
  5.  Сашо Дончовски        - ТА Атлантис –Струмица
  6. Горан Јаневски           - ТА Компас –Скопје
  7. Касам Шаќири             - ТА Је-та Аир –Тетово
  8. Славчо Сирачевски      - ТА Аурора
  9. Лела Крстевска            - Хотел Радика – Маврово
  10. Панче Трајковски         - Хотел Вип – Скопје
  11. Билјана Тодороска       - Хотел Инекс Дрим –Струга
  12. Горан Петковски          - Хотел Мрамор – Скопје
  13. Тоше Чочороски           -Хотел Силекс  - Охрид
  14. Александра Марковиќ-Цветановска – Хотел Континентал – Скопје
  15. Пере Кутановски          - Хотел Гранит – Охрид
  16. Мунир Колашинац        - Вардар експрес – Скопје
  17. Ѓорги Вчков                  - Македонија сообраќај –Скопје
  18. Бранко Босилков          - ЗТВМ
  19.  Аце Миленковски     - Универзитет за менаџмент и туризам Скопје
  20. Сашо Коруноски        - Факултет за туризам и угостителство – Охрид
 
Се пристапи и кон гласање за членови на Надзорен Одбор. И во Овој случај листите на кандидати беа поделени по сектори имаше вкупно 10 кандидати од кој 4 кандидати од сектор агенции се гласаше за двајца, од сектор хотели имаше два кандидата се гласаше за 1, од сектор превозници од 2 кандидата се гласаше за 1 и од сектор институции од 2 кандидата се гласаше за 1 член.
 
Г-дин Александар Чоневски ги објави резултатите од пребројаните гласови.
 
За членови на Надзорен Одбор се избрани:
  1. Зорак Ковачевиќ      - ТА Магелан - Скопје
  2. Зоран Богатиновски  - ТА Амбасадор - Скопје
  3. Миодраг Лега            – Травел -Нет - Скопје
  4. Сузана  стојковска     - Ресторан Ореов Лад – Скопје
  5. Викторија Стевкова  - асоцијација ,,Деница,, - Скопе
 
Заклучок: Судот на честа при СКТМ,  на предлог на У.О. може да разреши член од У.О. и Н.О. заради нередовност на седници. Гласачките листи се основ за ротирање на избраните членови на У.О. и Н.О. во мандат од 2 год. Верификационата Комисија се задолжува изборниот материјал да го потпише односно верификува. Изборниот материјал се чува до истекот на мандатот на избраниот У.О. и Н.О.
 
Точка 5          Планот и програмата за работа на СКТМ за 2011годго елаборираше г-дин Мартин Петковски. Тој нагласи дека овој план и програма е изготвен како основа за дискусија и дополнување од страна на присутните и патоказ на Управниот Одбор кој се приоритетите за делување во 2011 год. Во распаравата се вклучија повеќе дискутанти со конструктивни предлози за делување во 2011 год. Дел од предлозите за дополнување на планот и програмата 1. Анализа на пазарот и подготовка на анкети за потребите на членките на СКТМ, 2. Формирање на  Центар за обука. 3. соорганизација на Коференција,, Римскиот пат,, 4. Преиспитување на правилникот за Субвенционирање на странски организирани   туристички групи5. Правилник за Училишни екскурзии за средно и високо образование.
                        Планот и програмата за работа во 2011 год. едногласно усвоен со препорака до новиот Управен Одбор да изготви акционен план за рбаота.
Точка 6          Измените и дополнувањата на Статутот на СКТМ ги образложи Претседателот на Законодавно правната комисија на СКТМ г-дин Касам Шаќири, кој ги дискутираше сите промени во Статутот. По прдлогот измени на Статутот свој предлог имаше г-дин Панче трајковски кој сметаше дека категоријата Потпретседатели треба да остане како и да се воведе Заменик Претседател на Комората.
                         Одлуката за измени и дополнување на Статутот се усвои со предлозите дадени од г-дин Панче Трајковски и се препорача на стручните служни да изготват пречистен текст на Статутот.
Точка 7          Измените и дополнувањата на Општите услови за патување ги образложи Татјана Перовиќ-Митрова објаснувајки ја потребата од допрецизирање на пооделни точки кои во овој момент на Туристичките Агенции им прават проблеми околу толкување на истите. Законодавно правната комисија на СКТМ ги усвои предлозите за измена и им препорача на делегатите на Собранието да ги прифати.
Одлуката за измени и дополнување на ,,Општите услови за патување,, се усвоија едногласно и се задолжи стручната служба  да изготват пречистен текст на Општите услови за патување.
 
Точка 8          Одлуката за Висината на чланарина за 2011 год. ја образложи г-дин Стеван Пешевски укажувајки ја потребата од поделба на висината на чланарината по број на вработени во компаниите. Одредени компании се во неможност да си ја измират чланарината, а имаат интерес да членуваат во комората, дадената можност во Статутот да со посебно барање до Управниот Одбор на СКТМ да се намали износот на чланарината за поедини компании е уште една можност да бројот на членки во СКТМ не се намалува поради условот неплаќање на чланарина.
Одлуката за висината на чланарина не беше прифатена од мнозинството делегати. Делегатитите на СКТМ предложија неколку варјанти за висината на чланарината за 2011год. и сите предлози односно варјанти беа ставени на гласање.
Одлуката за висината на чланарината се усвои со мнозинство гласови и тоа:
 – I категорија до два вработени 4.000,00 денари на годишно ниво,
 – II категорија  за сите останати членки 12.000,00 денари на годишно ниво.
На крајот на работата на 3-то  Собрание Претседавачот на Собранието на СКТМ г-дин Ангел Иванов им го честиташе изборот за членовите на Управниот и Надзорниот Одбор и ги повика новоизбраните членови на У.О. да одржат прва седница – конститутивна, на која ќе утврдат редовни седници за 2011 год.
 
ЗАПИСНИЧАР                                                  ПРЕТСЕДАВАЧ НА СОБРАНИЕ
Мартин Пешевски                                               Ангел Иванов
 
                                                                   Заверувач на Записник
                                                                   Татјана Перовиќ-Митрова

 





<< Назад

 

Top