Записник четврто собрание

ЗАПИСНИК
ЧЕТВРТО СОБРАНИЕ
СТОПАНСКА КОМОРА ЗА ТУРИЗАМ НА
МАКЕДОНИЈА
27 јули 2011 година
Хотел Радика - Маврово
Работното претседателство на 4-то Собрание на СКТМ во состав:
  • Г-дин Ангел Иванов – Претседавач на Собранието
  • Г-дин Касам Шаќири - Член 
  • Г-ѓа Татјана Перовиќ-Митрова - член
  • Г-дин Мартин Петковски - записничар
Претседавачот на Собранието Г-дин Ангел Иванов го повика претседателот на верификационата комисија г-дин Александар Чоневски да поднесе извештај за присуството на делегати на 4-то Собрание на СКТМ.
Верификационата комисија констатира присуство на 40 Делегати – основачи на СКТМ и му препорача на претседавачот на работното претседателство да отпочне со работа бидејќи се создадени услови за отпочнување со работа согласио  Статутот и Деловникот за работа на Собранието на СКТМ.
Верификационата комисија  во сосотав:
  • Г-дин Александар Чоневски – претседател
  • Г-дин Зибер Бислими
  • Г-ѓица Весна Бождарова
Усвојување на предлог Дневниот Ред:
Дневен Ред за четврто Собрание на СКТМ
  1. Усвојување на Записник од третото Собрание
  2. Разгледување и усвојување на Предлог Статут на СКТМ
  3. Усвојување на промена на седиште – работни простории на СКТМ
  4. Разно
Дневниот Ред беше едногласно усвоен
Точка 1          Претседавачот на Собранието г-дин Ангел Иванов даде воведно излагање, во врска со записникот од третото собрание, констатирајќи дека Записнкот од декември месец 2010 год. со поставување на веб - страната на СКТМ, сите членки можеа да се запознаат со заклучоците и изборот на органи на Комората. И Г-дин Ангел Иванов ги повика присутните да гласаат за усвојување на Записникот од третото собрание на СКТМ
Записникот од седницата на третото собрание беше едногласно усвоен.
Точка 2       Предлог на Стаутутот го образлагаше г-ѓа Татјана Перовиќ-Митрова. Во своето излагање по Статутот таа потенцираше дека комисијата која го изготви нацрт–статутот на СКТМ, се раководеше од усогласување со Законот за стопански комори (Сл.Весник на Р.м. 17/11), како и за подобрување на одредени членови и допрецизирање на правта, обврските на членка на Комора, основач на комора и права и обврски на органите на Комората. Комисијата одлучи да изготви нов Статут и да го стави на јавна расправа електронска до 19 јули 2011 год. Сите сугестии за подобрување на текстот на нацрт – статутот се инкорпорирани во предложениот Предлог – Статут на СКТМ.
По презентирање на Предлог-Статутот се расправаше по одредени членови од Статутот.
Амандман за членот 31 од Статутот даде г-дин Дејан Бишлиев со кој Управниот Одбор на СКТМ да брои 10 члена + претседател вкупно 11 члена по постапка која е утврдена во деловникот за работа на Комората. По одредаена дискусија амандманот се стави на гласање и беше едногласно усвоен.
Предложените амандмани на членовите 35, 39, 40 и 57 кои се однесуваа на допрецизирање на правата и обврските кои се регулирани во овие членови од Статутот, беа прифатени едногласно од присутните.
Статутот на СКТМ беше ставен на гласање и едногласно усвоен, и се препорача да се изготви текст, со сите измени и да согласно преодните и завршните одредби се објави  на веб-страната на СКТМ.
Точка 3       Претседателот на Комората г-дин Емил Димитрв, им пренесе на присутните дека офлука на У.О.за промена на седиште е реализирана, односно Комората ќе се пресели во Просториите на Македонија Собраќај, бидејќи е потребен поголем деловен простор за стручната служба на Комората, а Македонија Сообраќај ќе ни овозможи користење на дополнителни простории, како сала за состаноци. Така секторите на Комората при нивните средби не ќе мораат да користат простории од своите колеги членки на комората.
Предлогот беше едногласно усвоен, бидејќи подобро е да се плаќа закупнина на наша членка, а со ова се задоволуваат потребите на Комората.
Точка 4          Под точка разно се дискутираше
  • Г-дин Миле Спировски презентираше софтвер за туристичките агенции, начин на кој меѓусебно ќе соработуваат односно резервациски систем со кој при продажба на аранжмани од секоја агенција која ќе се вклучи во овој сиситем ќе може да продаваат едни за други. Грешките од вработените се минимизираат односно овој сиситем недозволува грешки. Секоја агенција која е заинтересирана може да го проба овој резервациски сиситем и во рок од две недели да се изјасни дали го прифаќа и да тестира за негово подобрување.
  • Согласно усвоениот Статут, потребно е да се изготват и акти на Комората кои на наредната седница на собрание да се усвојат. Предлог е да во септември 2011 год. се закаже наредна седница на Комората на која покрај изборот на органи да се дискутира за финасирањето на Комората.
  • Предлозите на финасирање на Комората кои беа презентирани пред присутните, како основа за изнаоѓање на решение како во иднина да се надминат финасиските потешкотии, со давање на услуги кои се и со Законот за стопански комори дозволени, да се изготви проекција на средства кои можат да инкасираат од услуги кои би ги давала Комората на своите членки. Услугите кои со одлука на Собрание се усвоени како и ценовникот на тие услуги да се препрати до сите членки на СКТМ со информација и презентирање на користење на услугите од Комората.
Седницата на Собранието започна во 11 часот, а заврши во 16 часот
ЗАПИСНИЧАР                                                 ПРЕТСЕДАВАЧ НА СОБРАНИЕ
Мартин Пешевски                                          Ангел Иванов
                            ЗАВЕРУВАЧ НА ЗАПИСНИК
                               Татјана Перовиќ-Митрова
 

 





<< Назад

 

 

Top