Записник дванаесетто собрание

ЗАПИСНИК ЗА ДВАНАЕСЕТТОТО СОБРАНИЕ НА

СТОПАНСКА КОМОРА ЗА ТУРИЗАМ НА

МАКЕДОНИЈА

 

07 октомври 2015 година

ХОТЕЛ ВИП, Скопје

 

Работното претседателство на дванаесеттото (12) Собрание на СКТМ во состав:

  • г-дин Горки Балојани – Претседавач на Собрание
  • г-ѓа Лела Крстевска – член
  • г-дин Пенчо Кимов -  член
  • г-дин Мартин Петковски - записничар

Верификациона комисија за дванаесеттото(12.) Собрание на СКТМ во состав:

  • г-дин Касам Шаќири - претседател
  • г-дин Александар Чоневски  - член
  • г-дин Никола Каровски – член
  • г-дин Зибер Бислими-член 

На седницата првично имаше обраќање на претседателот на комората Лела Крстевска која се заблагодари за досегашната соработка. Беа доделени благодарници на повеќе членови: Ангел иванов, Панче трјковски, Ѓорѓи вчков, Никола Каровски, Дтурс Елем Турс и Пенчо Кимов.

Претседавачот на Собранието Г-дин Горки Балојани го повика претседателот на верификационата комисија г-дин Касам Шаќири да поднесе извештај за присуството на делегати на 12-то Собрание на СКТМ.

Верификационата комисија констатира дека на Седницата присуствуваат вкупно 22 (дваесет и двајца) основачи/претставници на Собранието од кои 17 лично и 5 со овластено полномошно. Тој му препорача на претседавачот на  Собранието, да се отпочне со работа бидејќи се создадени услови за работа и одлучување согласно  Статутот и Деловникот за работа на Собранието на СКТМ.

Претседавачот на Собранието г-дин Горки Балојани отварајќи ја седницата на Собранието се обрати пред присутните делегати и во своето уводно излагање ги презентираше постапките за работа на Собранието согласно  член 6 и 7 од Деловникот за работа на Собранието на СКТМ, посакувајќи успешна работа го достави Предлог –Дневниот Ред на усвојување.

Едногласно усвоен  Предлог Дневниот Ред:

Дневен Ред за дванаесеттото Собрание на СКТМ

  1. Усвојување на Записник од Собранието оддржано на 21.11.2014
  2. Извештај за работата на СКТМ во период меѓу Собранија (ноември 2014 - октомври2015)
  3. Извештај за работата на Надзорниот Одбор (ноември2014 - октомври2015)
  4. Избор на органи на СКТМ

-Претседател на комората

-Заменик на претседател на комората

-Членови на УО(управен одбор)

-Членови на НО(надзорен одбор)

        5.1.   Избор на раководители на сектори

                  -сектор Т.А.(туристички агенции)

                  -сектор превозници

                  -сектор хотелиери

                  -сектор тристички здруженија и образовни институции

 



<< Назад

Top